Вовед во отстранување на недостатоците на карактерот

1. Сценарија од целиот свет

1-Lost-Keys

Вашингтон, Сад: 08:00 часот

Кога Џон заборавил каде ги оставал своите клучеви поради отсуството на ниво на умот, тој не само што потрошил еден час од своето време во паника да ги најде, но исто така ја вознемирил и својата сопруга поради тоа што ја превртел целата куќа наопаку во обид да ги пронајде.

2-Burnt-Stew

Даблин, Ирска: 10:00 часот

Ашлинг заборава дека треба да биде склона кон надгледување на јадењето кое таа го има на шпоретот, бидејќи таа е целосно занесена во нејзината омилена сапуница на телевизија. Како резултат на нејзината неодговорност и негрижа тавата загорува и ручекот ќе треба повторно, уште еднаш да се подготви.

3-Irresponsibility-sinks-ferry

Некаде во близина на брегот на Јужна Кореа 09:00 – 11:30 часот

Сега, истата грешка во многу поголем обем…

Екипажот и менаџментот на фериботот МВ Севол, го претовариле бродот со карго за повеќе од 3 пати. Поради неодговорноста и непочитување на процедурата, бродот се превртел при вртење, при што загинаа 304 патници и членови на екипажот и уништувајќи стока во вредност од 1.7 милиони американски долари.

4-Reckless-driving

Бразилија, Бразил 12:00 часот

Роберто брзајќи преминал на црвено светло поради неговата нетрпеливост и несовесна природа, предизвикувајќи тежок инцидент и сериозно повредувајќи го семејството Оливеира.

 

5-Jealousy

Окленд, Нов Зеланд 02:00 часот

Кога пријателката на Елен, Моник наоѓа вистинска љубов, Елен наместо да биде среќна за неа, таа е обземена од својата љубомора. Ова предизвикува конфликт во нивното пријателство и на крај конечно ја уништува врската за добро.

 

6-violence-against-womenРим, Италија 04:00 часот

Слушајќи дека неговата жена излегла во текот на денот и покрај тоа што тој и рекол дека неможе, гордоста на Џовани е повредена и тој бива совладан од лутина и го соблекува својот ремен да ја удри својата сопруга. Семејното насилство кое се должи на неговиот гнев имаше катастрофален ефект врз неговата сопруга и децата.

7-insecurity-leads-to-depressionЛисабон, Португалија 06:00 часот

Антониот никогаш не бил во можност да застане цврсто зад својот став на работа, бидејќи му недостасува храброст и е несигурен и затоа секогаш е во состојба на депресија.

 

8Стокхлом, Шведска 07:00 часот

Џулија продолжува да се сеќава на минатите болни инциденти, поради нејзината високо емоционална природа, и истата често и носи солзи.

 

9-greedДубаи, ОАЕ 11:00 часот

Додворувачкиот Имран, поради неговата алчност го убедува својот брат Асиф кој има доверба во него, да се вклучи со својот дел од имотот на семејството да му помогне да финансира нелегален бизнис потфат. На крајот бизнис потфатот пропаѓа и Асиф го зафаќаат големи финансиски загуби.

10-greed-and-corruptionЊу Делхи, Индија 09:30 часот

Сега една варијација на истата грешка во многу поголем обем.

Обземен од алчноста, еден корумпиран политичар само што ги заврши последните аранжмани за трансфер на милиони долари заработени од мито на сметка во приватна Швајцарска банка. Ако истите пари останеа во Индија, милиони гладни луѓе би можеле да се хранат за еден месец.

Ова се само примери на грешки кои често може да се сретнат низ целит свет; некои со последици кои можат да бидат доста трагични и опасни. Сите ние ќе бидеме во можност да препознаеме или да се пронајдеме во грешките што ги наведовме погоре. Додека интензитетот може да се разликува, грешките како што се овие се воглавном предизвикани поради присутните недостатоци на карактерот кај некоја личност. Недостатоци на карактерот се оние импресии во умот како што се гордост, гнев, лакомост и мрзеливост кои се предизвикувачки на несакани мисли, емоции и активности кои носат несреќа на самата личност и другите.

2. Влијание на грешките на индивидуално ниво

Дали се сеќавате кога последен пат сте биле лути? Сте биле Среќни? Повеќето најверојатно не и на секоја една од нашите работилници сите одговараат со големо “не”.

Луѓето кои имаат посериозни недостатоци на карактерот како лутина, мрзеливост, осудување и неодговорност, генерално се многу несреќни поединци и нивниот ум е секогаш немирен. Секоја нивна акција и мисла е обележана со такви дефекти, што резултира во задавање болка на себе и на другите.

3. Влијание на блиските односи

Грешки направени од наша страна поради недостаци на карактерот имаат потенцијал да влијаат на нас не само со несреќа, туку да влијаат и на луѓето околу нас како на пример нашето семејство, колеги и пријатели.

Понекогаш се чувствуваме како да имаме право да им се лутиме на другите. Фактот е всушност дека, дури и ако ние чувствуваме дека нашата несреќа е поради тоа што некој ни згрешил, гневот кон тоа лице и нас не први несреќни.

4. Влијание врз општеството

Колку е повисока нашата позиција во општеството или влијание врз другите толку повеќе можат луѓето да бидат негативно погодени поради нашите недостатоци на карактерот. Нашите недостатоци на карактерот навремено не подготвуваат да правиме грешки и грешки во осуда, и ако со тие грешки бидат повредени луѓе, ние натрупуваме врз себе негативна карма и последици кои мораме да ги поднесеме во наредниот живот, и во животот после смртта.

5. Како процесот на отстранување на недостатоците на карактерот ќе ви помогне

Отстранување недостатоци на карактерот од нашиот ум е важен начин да се постигне посреќен живот и смирен ум. Во оваа серија на водичи, ќе ве тренираме во “Процесот на отстранување на недостатоците на карактерот” исто така познат под кратенката “PDR” (ПДР). Кога процесот на отстранување на карактерот се обавува редовно и искрено во комбинација со други форми на духовна пракса, преминуваме преку процес на само-актуелизација, што значи дека има потенцијал да го подигне едно лице до повисок и поквалитетен живот, и исто така на лицето му помага побрзо да напредува духовно. Кога недостатоците на карактерот како што се лутина и алчност ќе се намалат во нас, не придобиваме само ние од тоа што стануваме посреќни поединци, туку и другите што доаѓаат во контакт со нас, исто така придобиваат. Широко отворени, ви посакуваме топло добредојде да учестувате во нашето SURF’s возење кое му помага на поединецот и сите во отстранување на недостатоците на карактерот и отстранување на егото.