01-MKD-M_Basic-Principle-behind-Spiritual-Healing

1. Вовед

Понекогаш, можеби сте наишле на ТВ програми и публикации, кои покажуваат како луѓе лечат други луѓе, или каде што луѓе тврдат дека се излечени преку неконвенционални средства. Како духовното исцелување функционира, и кој е основниот принцип зад неговото функционирање? Во овој напис, го истражуваме основниот принцип зад било кој тип на духовно исцелување.

2. Принципи зад поставувањето дијагноза во духовното исцелување

Точна дијагноза на проблем чија вистинска причина лежи во духовната димензија, може да биде поставена само со шесто сетило или екстра сензорна перцепција (ЕСП), те. духовно восприемање. Точноста на дијагнозата може значајно да варира и се заснова на три основни фактори:

Негативни енергии: Во фондацијата за истражување засновано на духовната наука, го користиме поимот "негативни енергии" како заедничко име за сите видови ентитети од духовната димензија, кои имаат намера непосредно да им нанесуваат штета на луѓето, од "обичниот дух", па се до "мантрикот" од највисоко ниво. Ако духовната сила на обичниот дух е помеѓу 1 и 10 единици, силата на "мантрикот" се движи од милион па се до бесконечно многу единци.

1. Способност на шестото сетило: Способноста на шестото сетило (ЕСП) на лицето заедно со неговото духовно ниво во однос на силата на ентитетот или духот (демон, ѓавол, негативна енергија) кој влијае.

По правило, просечното видовито лице може да го согледа само обичниот дух од суптилниот регион на Чистилиштето (Бувалока).  Негативните енергии од вишите нивоа како што е моќната негативна енергија мантрик, од подлабоките суптилни региони на Пеколот (Патал) е далеку посуптилен, и просечно видовито лице неможе да го забележи.

Ве молиме погледнете го написот – Способност за перципирање на духовната димензија.

2. Судбина: Судбината која поединецот мора да ја помине во својот сегашен живот (парабда-карма)  е моќен фактор во одлучувањето колку долго лицето ќе пати поради некој проблем и колкав ќе биден интензитетот на патењето. Во случај лицето да не обавува никаква духовна пракса и има тешка судбина, тоа само по себе е гаранција дека лицето нема да може да добие исправна духовна помош да би ја надминало својата судбина.

3. Одлука на Светецот кој го води духовниот исцелител: Ако духовниот исцелител делува во согласност со упатствата од страна на Светецот (лице кое е на духовно ниво над 70%) кој го води, тогаш духовниот исцелител може да исцелува проблеми предизвикани од духовите кои потекнуваат од вишите нивоа, дури и кога духовното ниво на исцелителот е пониско од она што би се очекувало, да го исцели дадениот проблем. Ова е затоа што исцелувањето во голема мера се должи на моќта на одлуката  на Светецот којшто го води.

Позитивни суптилни ентитети од вишите нивоа првенствено обезбедуваат исцелувачка енергија за исцелителот така да би можел да им помага на другите да растат духовно, а не само за доброто на исцелувањето. Спротивно на тоа, негативните енергии од вишите ниво им даваат енергија на исцелителите за да обавуваат исцелување, за да на крај би ги ставиле под своја контрола и исцелителите и оние поврзани со нив.

Ако самиот исцелител е опседнат од негативна енергија од вишите нивоа, тогаш неговата моќ да постави дијагноза и духовно да исцелува може да биде значајно зголемена. Просечното лице кое има потреба од такво лице да го исцелува, нема да може да свати дека тие всушност доаѓаат во директен контакт со негативна енергија од вишите нивоа.

Овој тип на исцелување е “мајави” или илузорно/измамувачко. Негативната енергија ја користи енергија на одлуката  за да влијае на таквото исцелување. Негативните енергии од вишите нивоа кој делуваат преку исцелител, можат значително да ја подобрат способноста на исцелителот. Ова наизглед прави да исцелителот има способност да спроведе чудесно исцелување. Ваквиот исцелител може да биде доживеан како многу моќен. Чудотворните исцелувања обично привлекуваат голем број следбеници. Сепак, моќната негативна енергија која делува преку исцелителот, потоа може лесно да ги наведе луѓето на погрешен духовен пат.

Нивната стратегија е:

1. Да изведуваат чуда за да ги намамат луѓето да развијат вера во исцелителот кој тие го опседнале, да би се враќале кај исцелителот.

2. Негативните енергии, исто така, можат да ги држат луѓето во стапица постојано да бараат помош од исцелителот. На тој начин, преку исцелителот постојано ги полнат со негативна енергија да создадат некој проблем на себе или на другите во нивните животи.

3. На крајот, негативната енергија успева да го контролира не само исцелителот, туку индиректно и луѓето коишто доаѓаат кај него на духовен третман.

3. Механизмот за било кој тип на вистинско духовно исцелување

Според духовната наука, целиот Универзум е составен од три основни суптилни компоненти – Сатва, Раѓа и Тама. Сатва е компонента која претставува духовна чистота и знаење; Раѓа претставува акција и страст; и Тама компонентата претставува незнаење и инерција. Суптилните вибрации коишто се емитуваат од се и сешто, зависат всушност од доминантната компонента на составот. Целокупниот концепт го објаснивме подетално во написот – Сатва раѓа и тама – Основни компоненти на креацијата.

Имајќи го претходно наведеното на ум, она што следи е основниот принцип зад било кој тип на духовно исцелувачки третман практикуван секаде во светот, без оглед на типот на исцелување.

02-MKD-M_Basic-Principle-behind-Spiritual-Healing

Кога едно лице е попречувано од негативни енергии или ентитети од духовната димензија, тоа може да има многу проблеми во животот. Кога негативниот ентитет попречува лице создавајќи му медицински или ментален или било каков сличен проблем, тој (односно духот) всушност ја зголемува основната суптилна раѓа-тама компонента и ја намалува сатва компонентата во и околу лицето или го полни со негативна енергија. Црната енергија е духовна енергија која се користи со цел да се направи штета на некого.

Во суштина, со вклучување на мерки за духовно исцелување (заедно со физички третман) лицето кое се исцелува се здобива со следниве придобивки:

  • Намалување на основната суптилна раѓа-тама компонента предизвикана од духовите
  • Зголемување на основната суптилна сатва компонента.
  • Презема потфат на отстранување или барем намалување на црната енергија којашто е својствено раѓа-тама

Ве молиме погледнете го написот – Како духовите ги опседнуваат луѓето (т.е. механизмот зад чинот на опседнување)?