Дефиниција на ’Истражувањето’
Истражувањето е дефинирано како систем за проучување на материјалите и изворот, со намера да се докажат фактите и донесат важни заклучоци. (Оксфордски речник)
Истражувањето е дефинирано како човечка активност, врз основа на интелектуалната апликација во истражување на материјата. Примарната цел за применетото истражување е спознание, толкување и изградба на методи и системи за подобрување на човечкото знаење, во широкиот избор на научни материи на нашиот свет и Универзумот. Истражувањето може може да користи научна метода, но и не мора (Википедија, 2008)
1. Вовед во Истражувањето
Секојдневно се трошат милиони долари на истражувањата од разни области. Човештвото ја користи целата комфорност и материјалните достигнувања како разултат на тие истражувања. Модерното истражување нас не направи само посвесни за нашето опкружување и ни обезбеди чисто, суштинско знаење кое што за возврат доведе до некои клучни пронајдоци и откритија. Тие пронајдоци и откритија го променија нашиот начин на живот. На пример:
- Не мораме да ги гледаме нашите деца како умираат од маларија, затоа што медицината пронајде лек за тоа.
- Телефонот ни обезбедува комуникација со семејството, пријателите и колегите ширум светот.
- Со авион за многу кратко време поминуваме огромни растојаниа, додека на нашите дедовци и предци им требало многу месеци да ја поминат таа иста раздалеченост.
- Благодарејќи на напредните земјоделски техники, приносите на нивите се значително зголемени.
Но сепак, од духовна перспектива постои одредена бесцелност во претходно наведените истражувања. Во текстот кој што следува, ќе ги објасниме причините за оваа смела изјава.
2. Неколку поими
За почеток потребно е да сфатиме некои духовни поими:
1. Основната смисла на животот:
Ако ги погледнеме своите животи, сите наши активности во целина се во врска со стекнување некоја форма на среќа, или намалување на страдањето. Многу од нас се обидуваат да ја достигнат среќата, користејќи ги нашите пет сетила, умот и интелектот. Ова може да биде поради зголемување на приходите, остварување на љубовна врска, или вложување во работата.
На тој начин ние ги утврдуваме световните цели во нашите животи, во потрага за оваа недостижна среќа. Следува типична листа на ствари, кои што некој можеби би посакал да ги оствари во својот живот:
За жал без оглед на нашиот световен труд, дури и ако ги исполниме овие цели, трајната и највисоката среќа останува недопирлива како и досега.
Од духовна перспектива, единствената смисла на животот е:
- Да ја исполниме нашата судбина, те. да ја подмириме сметката на земање и давање, која што ја имаме со разни луѓе.
- Духовно да напредуваме со цел на Богоспознание и конечен излез од циклусот на раѓање и умирање. Кога духовно напредуваме и се соединуваме со Бога, достигнуваме искуство на Блаженство, кое што е квалитет на Бога. Блаженството е крајна форма на среќата. Тоа е среќа од највисок ред и не зависи од ниту една надворешна стимулација.
Духовно напредување значи да ги надминеме или разградиме петте сетила, умот и интелектот и да се идентификуваме со Божјиот принцип, или душата во нас. Ова е главната цел на нашето раѓање.
Ве молиме видете го написот – Смисла на животот
2. Маја (Голема Илузија)
Маја, или Големата Илузија се однесува на создадениот Универзум. Многумина од нас сметаат дека светот околу нас е реален. Но тоа е гршка, иако природното верување е дека Маја претставува фундаментална реалност или Вистина. Апсолутната Вистина е Бог, кој што е непроменлив и се наоѓа во се и во сите нас како душа. Големата Илузија Маја не залажува во верувањето дека се што чувствуваме со нашите пет сетила, умот и интелектот е Вистина.
Маја може да биде сфатена како феноменален Универзум на согледана двојност, објектив на нижата реалност, поставен преку единството на Брама кој што е Врховен Принцип на Бога.
Во Маја се е подложно на промени, те. во неа се, се одвива преку процесот на создавање, одржување и уништување. Во Маја се е без Блаженство, а оној кој што е без Блаженство, не може да биде вечен. Само Бог е вечен и Блаженството е искуство поврзано со Божјиот принцип. Ако ја бираме нашата среќа на било што во Големата Илузија, нашата среќа е секогаш краткотрајна, исто како што промената е реалната природа на Маја. Поради тоа нашата среќа ќе биде насочена на целта која што постојано се менува.
Од друга страна, душата или принципот на Бога во нас е вечна и не е подложна на промени. Еднаш кога ќе ги надминеме, или се издигнеме над нашите пет сетила, умот и интелектот и ја доживееме поврзаноста со душата, ние доживуваме Блаженство.
Ве молиме видете го написот – Зошто ја сакаме среќата?
3. Духовно Знаење
Вистинското Знаење или Духовното Знаење е знаење, кое што се однесува на искуството на Божјиот принцип. Тој има сопствен внатрешен сјај. Во себе има квалитет да ја отстрани темнината и незнаењето за Вистината. Вистината е кога доживуваме дека сите сме дел од Божјиот принцип, а не индивидуалци во Големата Илузија (Маја).
3. Зошто истражувањето е неуспешно?
Сега ќе видиме зошто модерното истражување е неуспешно.
- Не е во согласност со основната смисла на животот: Еднаш кога ќе сфатиме дека основната смисла на животот е спознавање на Бога, или настојување да ја доживееме душата во нас, тогаш целиот наш труд мора да биде во согласност со тоа. За жал сите денешни истражувања во денешно време, се тесно поврзани со Големата Илузија (Маја) и не се насочени кон искуството на Божјиот принцип, или душата во сите нас. Поради тоа тој вид на истражувања не не води до Апсолутната Вистина, која што е искуство на Божјиот принцип во сите нас. Тоа е штетно, затоа што не е во согласност со основната смисла на животот.
-
- Ја промовира Мајата: Сите истражувања спроведени во денешно време, само ја поддржуваат идејата дека Мајата (Големата Илузија) е реалност. Подради тоа не одвлекува од Вистината, дека Бог е единствената реалност.
- Ја зголемува зависноста од Маја: Истражувањата водат до сознанија кои што само ја зголемуваат зависноста од нашите пет сетила, умот и интелектот. Тоа уште повеќе нашето его (ахам) го прави посилно. Многу пронајдоци што ги одобрувавме, сега ни нанесуваат штета на глобално ниво – пластичниот отпад, генетски модифицираната храна, атомската бомба, итн.
- Не ја зема во предвид духовната димензија: Модерните истражува не ја земаат во предвид духовната димензија, која што е главната причина на нашите проблеми во животот. На пример, преку 90% од причините за зависностите како болест се во духовната димензија. Ве молиме видете го написот – Духовно истражување за зависноста.
- Духовната пракса може да го подобри истражувањето: Ако некој оствари единство со Бога преку духовна пракса (садна), тогаш може да добие одговори, брзо и лесно, на било кое прашање од Универзалниот Ум и Интелект. Ова ќе заштеди милијарди долари во ресурси и време за истражувањата.
Некој би можел да рече дека благодарејќи на модерната наука е пронајдена вакцината против големите сипаници и дека на многу луѓе им донела олеснување и среќа. Тоа е вистина, но среќата и состојбата на умот се привремени. По нашата судбина ние мораме да доживееме одредена количина на среќа, или страдање кои се единствени за секој од нас. Овие единици на среќа, или страдње се независни од било кое откритие, или пронајдок од модерната наука. Ако некој мора да помине преку одредена количина на несреќа поради судбината, тогаш сите откритија или пронајдоци нема да го спасат од болката. Болката предизвикана од судбината е духовен проблем. Единствено што ја ублажува судбината, или ни дава сила да издржиме, е духовната пракса.
4. Ограничување на ’Истражувањата’
- Овозможува само моментална среќа: Зборот ’Истражување’ е поврзано со модерната наука. Тоа на човекот му дава само моментална среќа. Причината за тоа е што тоа го опфаќа само она што може да се сфати со петте сетила, умот и интелектот. Бидејќи умот и интелектот се дел од привременото тело, поради тоа е и ’Истражувањето’ краткотрајно.
- Променливо: Секој аспект од Маја поминува преку три фази, создавање, одржување и разградување. Затоа секој резултат од модерното истражување ќе биде ограничен на одреден период.
5. Предност од практикување на Духовноста
- Повеќе во согласност со целта на животот: Со практикување на Духовноста лицето добива пристап до Знаењето на душата и доживува Блаженство и е во согласност со основната цел на животот.
- Стекнување на реално знаење: Според духовната наука, Вистинското Знаење го надминува зборот ’Истражување’, тоа е трагање по вечниот Божествен Универзум, кој што е надвор од умот и интелектот и кој е лишен од концептот и искуството на ’себе’, или егото. Тоа разбирање исполнето со Божественото, го прочистува интелектот. Кога ’јас’ ќе се разгради доживуваме внатрешно Блаженство. Кога ќе ја спознаеме Вистината за вечниот живот, тоа е познато како “Спознавање на Вистината”.
- Надминување на проблемите во животот: Со практикување на Духовноста, можеме да ги надминеме проблемите во животот, каде што причината е од дуоховна природа. До 80% од нашите животни проблеми имаат духовна причина. Ниту една количина на модерното истражување не може да не заштити од болката, преку која мораме да поминеме поради судбината. Единствено што може да ни помогне е духовната пракса. Ве молиме видете го написот – Вистински духовни причини за проблемите во животот
- Можност за спроведување на духовни истражувања: Кога некој обавува духовна пракса, неговото шесто сетило се развива. Кога некој стане духовно развиен, тогаш тој има непречен пристап до Универзалниот Ум и Интелкт. Поради тоа е способен да спроведува духовни истражувања. Духовното истражување за разлика од модерното, ги зема во предвид, физичките, психолошките и духовните факти.
- Духовен развој: Луѓето кои што се духовно развиени, живеат мошне едноставен живот, без придобивките и пронајдоците од модерното истражување, па сепак доживуваат Блаженство како резултат на нивната духовна пракса.
6. Споредба помеѓу Истражувањата и Духовноста
Следнава табела ни ја покажува споредбата помеѓу истражувањата и практикување на Духовноста.
Аспект | Истражување | Практикување Духовност |
---|---|---|
Искуство | Ограничено на петте сетила, умот и интелектот | Искуство на душата те. Божјиот Принцип во нас |
Вид на знаењето | Релативно знаење, врзано за времето, местото, итн. | Апсолутно знаење кое не води кон спознавање на Бога |
Ограничувања на знаењата | Лицето се заплеткува во мрежата од зборови | Ги надминува зборовите да се доживее Божественото |
Досада | Кога ќе го усвоиме знаењето се јавува досада | Досада не се јавува, затоа што се повеќе и повеќе се чувствува Блаженство |
Вид на среќа | Обезбедува привремена среќа | Обезбедува Блаженство |
Долговечност од придобивките | Помага само на Земјата (Булока) | Помага на Земјата и во животот после смртта |
Извор на знаењето | Генерално ограничено на сопствениот интелект | Лицето има пристап до Универзалниот Ум и Интелект |
Во согласност со основната цел на животот? | Не е во согласност. Се оддалечува од основната цел, те. спознание на Бога и ја поттикнува нашата зависност од Маја | Во согласност е со основната цел на животот |