MKD-Categorisation-of-mistakes

1. Широка категоризација на грешки

Во овој напис, ќе дискутираме за тоа како ние пошироко ги класифицираме грешките. Тие можат да се класифицираат во неправилни акции и неправилни реакции, и комбинација на неправилни акции и рекации. Да погледнеме неколку примери во секоја категорија на грешки.

1.1 Неправилна акција

Ова е кога поради личен недостаток на карактерот, правиме погрешна/неправилна акција. Следниве се некои од примерите на погрешни/неправилни акции:

  • Горан не се грижи за тоа да ги стави своите работи на свое место и со тоа документите ги става на погрешно место.
  • Ана мами за време на испити.
  • Бојан ја удира својата жена откако се врати дома пијан од пабот.
  • Марко пие и вози, а потоа удира во пешак.
  • Спасе го троши своето време играјќи видео игри, додека тој треба да учи за претстојниот испит.
  • Јане го исмева Андреј за да го спушти и да изгледа добро помеѓу своите пријатели.
  • Никола се осеќа мрзилво да ги измие садовите во мијалникот.
  • 1.2 Неправилна реакција

1.2 Неправилна реакција

Ова е кога негативно реагираме на одреден настан, ситуација или лице.

  • Кога редот на чекање за филмските билети се движеше многу бавно, Билјана постана нетрпелива и немирна.
  • Кога нејзиниот сопруг беше груб кон неа, Ивана постана многу емоционална и очите и се насолзија.
  • Кога Ристе не доби екстра џепарлак од својот татко, тој многу се налути.
  • Кога Симона требаше да изведува сценски настап цел ден пред настапот, ја фати пролив и таа многу стравуваше.
  • Кога Ангел падна на интервјуто за работа, тој почна да паничи за иднината.
  • Кога Весна слушна дека синот на нејзината блиска со максимални бодови го положил својот испит, таа стана љубоморна бидејќи нејзиниот син само го поминал испитот.

1.3 Неправилна акција и реакција (комбинација)

Овде можеме да видиме комбинација на неправилни акции и реакции во дадена ситуација.

  • Кога на автопатот возач му го пресекува патот на Рајко, тој во бес извикува кон него.
  • Кога Антониј беше одбиен од страна на својата девојка, тој стана депресивен и отиде во барот да се опијани.
  • Кога Владимир откри дека бил измамен од страна на таксистот, тој стана насилен и го удри таксистот.
  • При работењето како слугинка во богата куќа, Марија видела некои расфрлани пари наоколу. Опседната со алчност, и откако се осигура дека никој не ја гледа, таа си ги присвои парите.
  • Кога на Христијан му беше кажано дека ресторантот нема да може да го послужи со неговото омилено јадење, тој се налути и направи сцена.
  • Кога Ангела беше искарана од својот татко, таа имаше реакција и цел ден остана заклучена во својата соба.

2. Заклучок

  • Важно е да се внимава кога ќе настане грешка и да се има свесност ако тоа било акција, реакција или комбинација од двете.
  • Со бележење на направените грешки, се помага во процесот на самосвесност.