1. Вовед
Госпоѓата Јоја Вале, по занимање манекенка која има работено ширум светот, е член на тимот за духовно истражување во SSRF. Јоја има оштетено сетило за слух и потешкотии во говорот, но е и уметничка којашто ја види духовната димензија. Тоа значи дека има способност да ја перципира, те. восприма или согледа духовната димензија, исто како што ние ја гледаме физичката димензија, а уметничкиот талент и овозможува да го прикаже тоа што го види. Духовната димензија врз нас влијае секојдневно, но не сме свесни за тоа, затоа што не ја видиме. Затоа цртежите на уметниците кои имаат способност да ја видат духовната димензија, како Јоја, даваат ретка можност да погледнеме во суптилната димензија. Единствениот духовно – уметнички талент на Јоја, ако ја споредиме со останатите уметници кои можат да ја видат духовната димензија, е цртање на духовната димензија како дело на нејзината духовна пракса под водство на нејзиниот духовен Учител, Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле.
Во овој напис ви го претставуваме единствениот пат на Јоја, од светот на високата мода до трагач по Вистината, посветен на духовниот раст.
2. Младешки години
Јоја е родена на 25. април 1980. година во Белград, главниот град на тогашна Југославија, а сега главен град на Србија. Поради болест, сетилото за слух и останало 80% оштетено кога Јоја имала само 10 месеци. Тоа влијаело и на нејзиниот говор. Кога имала само 12 месеци, почнала да користи слушни апарати. После пет години вежбање на говорот, Јоја можела да посетува редовно училиште. Тоа бил нејзиниот прв голем успех, бидејќи тогаш била голема реткост дете со оштетен слух, кое уште има и потешкотии со говорот, да посетува училиште наменето за деца без потешкотии со слухот.
Од мали нозе нејзините родители воделе грижа за тоа да има пристап до говорна терапија. Затоа Јоја морала да вежба да зборува речиси четири часа дневно, додека другите деца си играле. Сепак, и покрај оштетениот слух и потешкотиите во говорот, Јоја имала нормално детство.
Како дете, Јоја сакала да црта. Нејзината мајка се присетува дека дури од втората година покажувала необична дарба за ракување со моливот и можела да нацрта пеперутка речиси совршено. Неколку цртежи од раното детство личеле на ангели, иако немала можност да ги види во сликовниците или на телевизија. Кога имала пет години, го нацртала првиот совршен ангел.
Освен овие нејзини вештини, од пет години Јоја почнала да покажува знаци на способност за гледање на духовната димензија. Јоја се присетува: ’’Понекогаш, кога не сум размислувала за ништо, моментално визуелизирав слика. Во почетокот на тоа не обраќав внимание, затоа што гледав само дел од сликата, како на пример, моливи во раката или само половина слика која немаше смисла. Понекогаш имам видено цела слика која немаше никакво значење. Меѓутоа, две или три години подоцна можев да визуелизирам слика во одреден контекст. Кога имав седум години, имав визија очи на крила и животно со крила, кои ги нацртав. Неколку месеци подоцна со татко ми ја посетив црквата Света Петка во Белград. Таму на ѕидовите и плафонот на црквата ја видов истата слика која ја добив во визија. Бев шокирана! Возбудено му реков на татко ми за визијата што ја имав пред неколку месеци и како сите детали се поклопуваат со сликата во црквата.’’
3. Тинејџерските години и свртувањето кон Духовноста на Јоја Вале
Јоја почнала да посетува часови по цртање во Белград под водство на еден уметник, но повќе го сакала тоа од страст отколку како кариера. Кога имала дванаесет години нејзиното семејство се преселило во САД, во Вашинктон ДЦ. Таму продолжила со часовите по цртање. Две години по ред посетувала летно училиште со уметнички програми во престижното училиште ’Corcoran School of Art’. Меѓутоа, интересот на Јоја за стереотипната уметност почнал да опаѓа.
Јоја објаснува: ’’Го изгубив интересот за посетување на уметничкото училиште, затоа што требаше да цртаме само предмети, а јас сакав да цртам самостојно, користејќи ја својата имагинација или да ги скицирам визиите што ги добивав. Престанав да одам во уметничкото училиште, затоа што ми пречеше и почнав сама да цртам, што многу повеќе ме веселеше.’’
Сепак, на Јоја и биле судени сосема други работи, и во шеснаесет годишна возраст, почнала да се занимава со манекенство. Нејзината кариера како меѓународна манекенка го достигна врвот и во следните две години редовно патуваше на модните задачи придружена од нејзината мајка.
Понекогаш за време од овие патувања нејзината мајка Драгана страдаше од депресија. Иако немала вера во Бога во тоа време, Драгана имала силна желба да пронајде внатрешен мир и среќа. Јоја продолжила да црта, а цртежите кои имале духовна основа и помагаа на Драгана подобро да се чувствува. Исто така и помогнаа да ја развие малку повеќе верата во Бога.
Јоја се обидувала да ја расположи својата мајка, но Драгана и понатаму чувствувала дека нешто и недостасува. Јоја се присетува: ’’Кога се обидував да и помогнам зборувајќи и колку Бог сака таа да живее, мајка ми чувствуваше како да не зборувам јас, туку некој друг преку мене. Во тоа време не можев да сфатам дека сум била медиум за некои духовни енергии.’’
Еден ден за време на модната задача, Јоја и нејзината мајка ја запознале госпоѓа Шерон Кларк Секуеиру која држала предавања на тема за Духовноста во САД под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука. Драгана ги привлекле учењата и често ја посетувала Шерон и разговарале за духовните концепти и принципи. Сепак, Јојиниот интерес се јавил подоцна, кога ја гледала мајка и како разговара со Шерон.
Јоја се сеќава: ’’Во почетокот не бев заинтересирана за учењето за кое Шерон зборуваше, си седев на лулашката во паркот и ги гледав од далеку. Меѓутоа, додека разговараа, видов суптилна визија од жолта светлина кој ги обвиваше. Подоцна тоа им го покажав, што ја зацврсти нивната вера дека Божественото беше активно за време на нивниот разговор. Подоцна се појави мојата љубопитност за Духовноста. Тогаш ми рече мајка ми да го пеам Божјото Име според религијата на раѓање како што научила во SSRF. Започнав со пеење на Божјото Име кога имав осумнаесет години. Почнав да ја забележувам единственоста на духовната пракса и така се разви мојата желба за знаењето.’’
4. Трансформацијата на Јоја од медиум до трагач по Бога
Во поранешните години Јоја ги цртала суптилните цртежи како медиум. Да се црта како ’медиум’ значи да се црта под влијание на некој ентитет. Кога велиме дека некој е медиум, значи дека ентитетот на некој начин го опседне умот, интелектот и телото на уметникот. Она што уметникот го црта, не доаѓа од неговата фантазија или креативните способности, туку од добиените визии додека е под влијание на ентитетот.
Јоја го опишува чувството во времето додека била медиум: ’’Кога добивав визии како медиум, лицето ми се менуваше и стануваше бледо. Дишав на друг начин и потешко. Обично не бев свесна што цртам. Мајка ми мораше да ми поставува по неколку прашања за тоа што сакав да прикажам преку цртежот. Некако интуитивно знаеше дека ќе добијам визија неколку секунди пред да започнам да цртам. Визиите воглавно доаѓаа брзо, а понекогаш и бавно. Имаше големи како телевизиски екран и обично беа во Божествени бои, бои какви инаку никогаш не ги видиме. Можев да видам визии од минатото и иднината, а ми се јавуваа и во соништата. Кога гледав визија се чувствував добро, добивав многу енергија од внатре и се чувствував среќно. Сакав да гледам уште, затоа што бев љубопитна. Ја гледав само главната визија, другите работи во визијата изгледаа празно. Како медиум, можев да цртам и да зборувам. Иако имав потешкотии во говорот, гласот ми стануваше многу јасен за време на визијата, но имав потешкотии со дишењето. Зборував многу брзо, а подоцна не можев да се сетам што сум зборувала. Кога се ќе се завршеше, се чувствував многу исцрпено и чувствував дека паѓам. Лицето во потполност ми пребледуваше и немав енергија ниту да зборувам. Бев многу жедна. Такви искуства не се доживуваат за време на нормална визуелизација кај уметникот.’’
Кога останатите трагачи во SSRF виделе дека Јоја рботи како медиум, забележале промени кај нејзе. Одесувањето на Јоја било променливо. И покрај тешкотиите со говорот, нејзиниот глас станувал многу јасен во тоа време. Била доста авторитативна, а гласот звучел како машки. Присутните трагачи чувствувале силна енергија која била многу емотивна преку Јоја. Исто така забележале како нејзиниот израз на лицето станувал интензивен, како многу длабоко да се концентрира. Со тоа, и дишењето и било доста тешко.
Подоцна Јоја заминала за Индија за да се сретне со Неговата Светост, Др. Ѓајант Атавле. Тој и објаснил на Јоја дека единствен начин за стекнување на повисоко духовно знаење во земјите надвор од Индија, е начинот на делување како медиум и дека поради тоа е вредно затоа што ја зајакнува верата. Меѓутоа, во Индија, продолжил тој, има неколку Светци од највисоко духовно ниво. Тие имаат пристап до Апсолутното Знаење во Универзалниот Ум и Интелект. Затоа медиумите немаат никаква важност во Индија, затоа што луѓето имаат пристап до Знаењето и водство од Светците. Исто така рекол дека, кога еднаш се оствари духовен напредок, не постои потреба за добивање визии од минатото и иднината преку ентитет. Причината за тоа што тогаш се губи интересот за визиите добиени од ентитетот е тоа што тие даваат вера само во почетниот стадиум, но не помагаат во спознавањето на Бога.
Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле продолжил да и објаснува на Јоја како може да ја искористи својата способност за перципирање на духовната димензија за духовен раст. Користејќи го талентот и способноста дадени од Бога со цел за ширење на Духовноста може духовно да се напредува. Видете го написот: Шест основни принципи на духовната пракса. Исто така, за да ја развие сопствената способност за забележување на суптилното, и рекол да се воздржува од тоа да биде медиум, и наместо тоа да се концентрира на духовната пракса. Под водство на Неговата Светост Др, Ѓајант Атавле, Јоја престанала да црта една година и се концентрирала на духовната пракса пеење на Божјото Име. Овој совет и помогнал да прекине со нејзината пракса како медиум, затоа што тоа било штетно за нејзиниот духовен раст. Суптилниот свет е преполн со негативни енергии кои се обидуваат да ја преземат контролата над лицата со способност на шестото сетило. Многу често негативните енергии се претставуваат како позитивни за да можат да ги користат медиумите и оние што доаѓаат да ги прашаат медиумите за совет. Медиумите често немаат доволно способност на шестото сетило за разбирање со што всушност се занимаваат и така можат да бидат заведени дури и запоседнати. Доколку негативната енергија од повисоко ниво се претстави како позитивна енергија, дури ни искусен медиум нема да ја забележи разликата. Затоа SSRF и препорачувана на трагачите со таква вродена способност за перципирање на духовната димензија, овој свој талент да го користат само под водство на Светец кој може точно да ја одреди природата на ентитетот од суптилната димензија.
Прочитајте го написот како да се користи шестото сетило како духовен исцелител.
Јоја ја опишала ова поука во една прилика кога изјавила: ’’Неговата Светост Др. Атавле ми го објасни мојот начин за изразување на следниот начин. Додека останатите ги изразуваат своите духовни искуства преку зборови, јас ги изразувам со слики. Зборувам преку сликите, тоа е мој начин на комуникација. Служењето на Апсолутната Вистина (сатсева) преку уметноста е само еден аспект на духовната пракса.’’
Ве молиме да го проучите написот за духовната пракса што го препорачува SSRF.
5. Начин на кој Јоја во SSRF врши духовна пракса со суптилно согледување
- Избор на тема: Во фондацијата за истражување засновано на духовната наука, Јоја има листа за суптилно читање. Темите се различни и во следната секција прикажавме неколку примери на цртежи од суптилната димензија што ги има нацртано со помош на напредното шесто сетило за вид. Во некои случаи, кога е потребно, побарано е од неа да сведочи на експериментите за духовното истражување цртајќи ги суптилните енергии на дело. Пример за таков експеримент е влијанието на бојата на духот кој се манифестира преку трагачите. Во овој случај ги црташе интеракциите на суптилните вибрации на бојата и нејзиното влијание на манифестираниот дух. На овој начин Јоја ги има нацртано цртежите кои се однесуваат на разните аспекти на животот и како тие влијаат на духовното ниво. На пример, каква е духовната корист или духовната штета предизвикани од разните положби за спиење, гледање телевизија, носење на црна облека, кога се јаде со прсти и слушање на разни видови на музика.
- Подготовки пред почетокот на цртањето на суптилната димензија: Јоја секогаш почнува со молитва за јасна слика за она што се од неа бара и Бог да ја направи сатсевата преку неа. Се моли и за заштита за да негативните енергии не влијаат на нејзината способност за перципирање на духовната димензија. Јоја додава ’’Освен молитва, нема други подготовки. Го забележувам суптилното и кога одам, нема вложување на волјата во состојба на медитација. Сакам да кажам дека понекогаш добијам визија што треба да ја видам.’’
- Стил на цртањето: Кога Јоја почне да црта, црта многу брзо. Понекогаш ќе нацрта доста сложен цртеж од почетокот до крајот за помалку од половина час. Исто така ретко користи гума за бришење. Јоја вели: ’’Некои трагачи уметници кога забележуваат суптилни визии, ги видат на дел од секундата и не можат да ги нацртаат после. Благодарјќи на фотографското паметење, можам да ја нацртам визијата дури и кога ја снема..’’Со милоста на Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле и нејзината духовна пракса, Јоја може да ја согледува духовната димензија како ретко кој уметник кој е во состојба да ја види духовната димензија. Со цртањето на суптилната димензија, Јоја дава детални текстуални описи на настаните и редоследот по кои ги види разните духовни вибрации. Исто така ги означува вибрациите во абецедно – нумерички редослед на сликата како на пример 1А, 1Б и 1Ц за да читателот може јасно да го сфати редоследот на визијата.
- Проверка: Повеќето уметници кои се во состојба да ја видат суптилната димензија немаат среќа цртежите да им бидат проверени. Во случајот на Јоја, сите нејзини цртежи ги проверува Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле со помош на високото развиено шесто сетило. Во некои случаи, Тој дава сугестии како може да се зголеми вистинитоста на цртежот. Конечно, за сите цртежи дава оцена од 1 до 10 за да ја означи вистинитоста на цртежот. Цртежите за суптилната димензија кои се оценети со 4/10 (односно 40%) никогаш не се објавуваат, затоа што немаат доволно Вистина.
- Завршување на цртежите: После проверката, цртежот го презема трагачот кој го дигитализира суптилниот цртеж со помош на графичка програма како на пример Адобе Фотошоп. Цртежите од суптилната димензија објавени на SSRF веб сајтот воглавно го поминале овој чекор.
Следниот исечок е дел од видеото ’Застрашувачки натприродни средби’. Опишува како Јоја ја согледува суптилната димензија и ја става на хартија.
6. Примери од цртежите што ги нацртала Јоја кои ја отсликуваат суптилната димензија
Слајдот кој следува ја прикажува монтажната снимка која го прикажува широкиот дијапазон на суптилни слики кои Јоја ги согледала од духовната димензија како свое служење на Бога.
7. Промени во способностите на Јоја за согледување на суптилната димензија со тек на годините
- Напредокот во способностите на суптилното перципирање: Кога Јоја почна да црта под водство на Неговата светост Др. Ѓајант Атавле, добиваше оцени од 40%. Меѓутоа, бидејќи е упорна во духовната пракса веќе повеќе од 10 години под водство на Неговата Светост Др, Ѓајант Атавле, нејзината прецизност за суптилната перцепција почна да расте. Во текот на 2010. година повеќето нејзини цртежи добија оцена од 80% точност.На почетокот Јоја добиваше многу малку објаснување за цртежите. Меѓутоа, тоа со време се промени и почна во детали да ги опишува визиите. Неодамна го доби чешелот на Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле за да ги нацрта суптилните вибрации што чешелот ги емитува. Без да знае чиј е чешелот, видела дека чешелот припаѓа на високо развиено лице. Исто така видела дека чешелот е користен само еднаш од духовно возвишено лице, што всушност било точно.
- Напредок во говорот: Господинот Сиријак Вале, сопругот на Јоја, се сеќава на првата средба со Јоја во доцните деведесети години кога нејзиниот говор бил едвај разбирлив. Меѓутоа, 1999. година Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле и пратил порака на Јоја велејќи, дека доколку продолжи да практикува Духовност, нејзиниот говор ќе се подобри за 30%. Со години Јоја практикуваше духовна пракса. Секоја година нејзиниот сопруг и пријателите забележувале значаен напредок во говорот. Денаска зборува англиски, српски и доста француски. Тоа е голем успех за лице со оштетен слух и со тешкотии во говорот.
- Промена на личноста: Сиријак кој беше со Јоја преку целиот духовен пат вели дека нејзините квалитети процветале и дека недостатоците и се намалиле. Забележува значајно намалување на егото и голем пораст на нејзината духовна емоција.
8. Светост
Г-ѓа Јоја Вале на 13. јануари 2013. година е прогласена за Светица. Таа е трети Светец кој достигнал Светост под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука. Таа има квалитети како што се љубов кон другите, голема духовна љубопитност, мало его и постојан интерес да научи нешто ново. Нејзината Светост Јоја Вале достигна Светост многу млада, на возраст од 32 години. Нејзината духовна пракса за придобивки на заедницата продолжува.