Основни информации
Ве охрабруваме да се запознаете со нашиот напис – Поздравување од духовна перспектива. Написот обезбедува основни информации со цел да се разбере овој напис.
Содржина
1. Вовед во значењето на поздравот намасте или намаскар
Намаскар исто така познат како намасте е форма на поздрав практикуван повеќето во Индискиот потконтинент. Се користи во двете форми, додека се поздравуваме и при разделба. Кога лице поздравува друго лице со намаскар, поздравот е придружен со мал лак направен со раце притиснати заедно, дланките се допираат, прстите насочени кон нагоре и тесно поставени во предниот дел на градите. Заедно со ова, зборовите “намасте” или “намаскар” се искажуваат на лицето кое е поздравувано. Позицијата во која се поставени рацете е уште позната како Намаскар Мудра (Мудра значи посебен рачен гест или положба на рацете).
И покрај тоа што е популарна без контакт форма на поздравот заедно со јапонскиот наклон и мавтањето со рацете, неговата духовна основа е она што го издвојува од сите други поздрави кои ги истражувавме. Во овој напис, ние ќе го истражуваме неговото духовно значење заедно со неговите придобивки за нас на духовно ниво.
2. Значење на поздравот Намасте или Намаскар
“Намаскар” e санскрит збор кој е добиен од друг санскрит збор “Намаха” што значи поклонување. Во нашиот напис “Од што сме составени” објаснивме дека во секој од нас постои Бог (Божествен принцип) познат како душа (атма). Поздравот намаскар е кога душата во една личност ја признава и се поклонува на Душата во друга личност.
Иако поздравите намасте и намаскар се синоними, помеѓу нив постои духовна разлика. Намаскар е повеќе сатвик отколку намасте.
3. Духовно истражување на поздравот намаскар (намасте)
3.1 Духовни придобивки од поздравот намаскар (намасте)
Откако спроведовме духовно истражување за значењето на поздравот намасте (намаскар) заклучивме дека од него имаме најголема духовна придобивка и дека тој начин на поздравување друго лице е највеќе сатвик. Причините за ова се:
- Намерата зад поздравот:
- Со оглед дека овој поздрав е за признавање на Божественто во друго лице, ја зголемува духовната сила и ја привлекува Божествена свесност (Чаитанија). Кога се изведува со духовна емоција (Бав) каде едно лице вистински се поклонува на душата во друго лице, означува чувство на предавање и благодарност. Ова ни помага духовно да растеме.
- Додека изведуваме намаскар, кога некој мисли “Вие сте мој претпоставен јас сум ваш подреден јас не знам ништо вие знаете се“ таквото размислување помага да се намали егото а да се зголеми понизноста.
- Самата положба на рацете:
- Кога се изведува намаскар мудрата, телото впива поголема количина на Божествена свесност (Чаитанија). Додека се изговараат зборовите намасте или намаскар, се активира апсолутниот елемент Етер (Акаш-татва). Сепак кога зборовите се кажуваат придружени со мудра, апсолутниот елемент Земја (Прути-татва) се активира бидејќи самата мудра е врзана со апсолутниот елемент Земја (Прути-татва). Кога поголем број од петте апсолутни космички елементи се активирани се привлекува поголема духовна придобивка.
- Недостаток на физички контакт:
- Физичкиот контакт го подобрува протокот на суптилните енергии помеѓу две лица. Со овој поздрав бидејќи не постои физички контакт, способноста на едно лице да влијае негативно на друго е минимизиран.
- Влијанието на негативните вибрации коишто влијаат на луѓето кои се поздравуваат еден со друг, дополнително е намален поради порастот на Сатва компонентата поради духовниот контекст на поздравот.
- Се заедно, дури и овој поздрав може да емитува негативни вибрации, особено во случај кога опседнато лице поздравува друго лице со намаскар. Опседнатото лице може преку врвовите на прстите да исфрли негативни вибрации кон лицето кое го поздравува и во неговата околина. Сепак, во споредба со поздравот што вклучува физички контакт, влијанието на негативното лице е значително ограничено. Доколку поздравот е изведен со Духовна емоција дополнително го минимизира и потенцијално ги елиминира негативните вибрации заедно.
3.2 Духовни фреквенции предизвикани од поздравот намаскар (намасте)
Цртежот заснован на суптилното знаење подолу, ги покажува духовните фреквенции кои се создаваат кога двајца луѓе се поздравуваат меѓусебно со намаскар. Во овој пример лицето кое поздравува е на 30% духовно ниво, додека лицето кое е поздравувано е на 50% духовно ниво.
Цртежот заснован на суптилното знаење го нацрта г-ѓа Пријанка Лотликар преку развиеното шесто сетило на видовитоста. Цртежот го потврди и провери Неговата Светост Др. Атавле. Откако проверен преку развиено шесто сетило на видовитоста, цртежот заснован на суптилното знаење е утврден со 80% точност. (Да се биде во можност за постигнување на 80% точност во цртеж заснован на суптилното знаење е голем успех. Доколку не се врши интензивна духовна пракса, суптилните уметници ни приближно не можат да се доближат до тој процент на точност на Апсолутна вистина во цртеж заснован на суптилното знаење.)
Во табелата подолу се дадени детали за секој од аспектите во горенаведениот цртеж заснован на суптилното знаење. Ве молиме видете го написот – Што се чакри за подобро разбирање на табелата подолу.
Р.бр | Објаснување |
---|---|
1 | Кога едно лице поздравува друго со чвуство “Се поклонувам на душата во другoто” тогаш се создава прстен на духовна емоција во него. |
1A | Таму каде што има духовна емоција или Бав постои заедница со Бога тогаш полесно може некој да пристапи до Божјите мисли |
1Б | Како резултат на тоа прстен на духовна емоција се создава околу лицето кое е поздравувано |
2 | Ова, за возврат привлекува проток на Божествен принцип или Божјата сила |
2A | Прстен на Божествен принцип се создава и активира |
3 | Секаде каде што постои Божествен принцип, се привлекува проток на Блаженство (Ананда) . Блаженство е тип на суптилна енергија која доведува до радост и среќа и не е зависен од било каков стимул. |
3A | Ова создава и активира прстен на Блаженство околу лицето кое поздравува |
3Б | Лицето кое е поздравувано, исто така впива од овој проток на Блаженство |
3Ц | Како резултат на тоа се создава и активира прстен на Блаженство околу лицето кое е поздравувано |
3Д | Постои активирање и емисија на честички од Блаженство во човековата околина |
4 | Проток на Божествена свест исто така се привлекува кон лицето кое го започнува поздравувањето |
4A | А со тоа се создава и активира прстен на Божествена свесност околу него |
4Б | Божествената свесност се емитува во човековата околина |
4Б2 | Лицето кое е поздравувано, исто така го привлекува протокот на Божествена свесност од лицето кое го поздравува |
4Ц | Проток на Божествена свесност директно се привлекува кон лицето кое е поздравувано |
4Д | Постои создавање и активирање на прстен од Божествена свесност околу лицето кое е поздравувано |
4E | Доаѓа до активирање и емисија на честички од Божествена свесност, поради што и околината има духовни придобивки |
3.3 Упатства кои треба да ги имаме на ум додека се поздравуваме со намаскар (намасте)
- Очите треба да бидат затворени додека се поздравуваме со намаскар: Со држењето на очите затворени додека се поздравуваме со намаскар упатен кон Бога или било кое лице, го олеснува процесот за лицето да “види” во себе и има визија на Бога во нас или се фокусира на душата (Бог) во рамките на една личност.
- Не држете никаков предмет додека се поздравувате со намаскар: Додека изведуваме намаскар, ако било каков објект е држан во рацете, вообичано прстите и врвовите на прстите не се прави. Како резултат на тоа, протокот на сатва компонентата е ограничен од влегувањето на врвовите на прстите. Сатва компонентата која се емитува кон лицето кое изведува намаскар, го погодува објектот кој се држи во рацете и се враќа назад. Покрај тоа, ако во предметот преовладува Раѓа-Тама компонентата и ако е допрен до челото или градите додека се изведува намаскар, тогаш Раѓа-Тама компонентата од предметот може да влезе во телото на оној што изведува намаскар.
4. Заклучок
- Од сите поздравувања, Фондацијата за истражување заснована на духовната наука го одобрува поздравот намаскар (намасте) како најдобра сатвик форма на поздравување и да се користи што е можно повеќе.
- Дури иако не постои таков начин на поздрав во одредена култура, сепак можеме ментално да го поздравиме другото лице со намаскар.
- За да изведувате намасте (намаскар) со духовна емоција (Бав), важно е да извршувате редовна духовна пракса. Тоа е затоа што само со редовна духовна пракса може во некој да се пробуди духовна емоција (Бав).