Духовни ефекти од безалкохолните газирани пијалаци

Духовни ефекти од безалкохолните газирани пијалоци

Во овој напис преку цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија, ги опишуваме суптилните вибрации кои што популарните “кола“ пијалаци ги привлекуваат и емитуваат. Цртежот го нацрта г-ѓа Јоја Вале, трагач по Вистината со развиено шесто сетило. Цртежот го провери и поправи Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле. Кога го проверувал со помош на високото развиено шесто сетило, утврдил дека цртежот е точен 80%.

2-mkd-subtle-cola

Следната табела дава објаснување за претходниот цртеж.

Бр. Објаснување
1 Поради тамасик природата на овој пијалак, се создаваат прстени од попречувачки енергии
Затоа се создава прстен од активни попречувачки енергии, кои што зрачат надвор
Над тоа се создаваат и активираат разорувачки (марак) честички од попречувачки енергии
Постојано активирање на бодликави суптилни честички од попречувачки енергии
Емитување на активирани честички од црна енергија
Емитување бранови од попречувачки енергии во висина
2 Создавање и активирање илузорен (мајави) прстен
Ширење илузорни (мајави) бранови во околината
Емитување илузорни (мајави) бранови на горе
3 Создавање вибрирачки прстен од енергија на привлекување (акаршан-шакти)
3A Зрачење проток на енергија на привлекување во околината
Привлекување на попречувачки енергии од околината

Следуваат некои дополнителни забелешки (добиени по пат на истражувањето засновано на духовната наука) за суптилните влијаниа од консумирањето на газираните пијалаци:

  • Газираните пијалаци како што се “кола“ пијалаците, се од тамасик природа и со тоа се штетни за нашиот духовен раст.
  • Додека се консумира “кола“ пијалак, суптилната тама компонента се пренесува преку телото и создава центри на црна енергија во клетките (на разни места) со користење на Апсолутниот космички елемент на Земјата.
  • Вишокот на тама доминантните суптилни вибрации предизвикуваат исцрпеност на телото и намалување на виталната енергија или Пран-шакти, што доведува до попречување од негативните енергии.
  • Негативната енергија што е присутна во пијалакот ги привлекува луѓето, но после некое време тоа чувство исчезнува, и после внесување поголема количина се чувствува непријатност.
  • Резултатот од претходно наведеното, е дека лицето под влијание на негативните енергии е во поголема мерка во пократок временски период.