Духовната наука зад појавата на мрсни дамки

1. Вовед во спонтана појава на мрсни дамки

Трагачите поврзани со мисијата на Неговата Светост Др. Атавле, доживеаа многу натприродни искуства во своите животи, а причините за ова ги објаснивме во воведниот напис за застрашувачки натприродни појави. Во тој напис, ја објаснивме спонтаната појава на мрсни дамки на разни предмети, како што се облека и слики на Божества и Светци. На прв поглед, појавата на овие мрсни дамки може и не изгледа толку страшно, но ако овие мрсни дамки се последица на напад од негативните енергии од повисоко ниво, тогаш тие можат да имаат долготраен штетен ефект врз непосредната околина.

2. Примери на спонтана појава на мрсни дамки

Следува презентација од слики на различни предмети на кои спонтано се појавиле мрсни дамки.

3. Клучни карактеристики на мрсните дамки створени од негативните енергии

  • Причина: Главната причина зошто негативните енергии преку суптилни средства ствараат мрсни дамки, е тоа што преку тие дамки тие се во можност да створат складишта на црна енергија за да остварат духовно штетен ефект врз животната средина. Еднаш откако во една мрсна дамка ќе се створи складиште на црна енергија, тоа исто така станува и центар за размена на црна енергија т.е. тоа прима и емитува црна енергија.
  • Како настануваат:
    • Со цел да створат мрсни дамки со помош на суптилните средства, негативните енергии преку своите натприродни моќи (сидис) ги користат Апсолутниот Космички Елемент Земја (Прутвитатва) и Апсолутниот Космички Елемент Вода (Апататва).
    • Преку истражување засновано на духовната наука, откривме дека повеќето мрсни дамки кои се појавиле на натприроден начин (во просториите на SSRF) воглавном се состојат од животински и човечки масти. Доста често, наместо да ствараат дамки само преку суптилни средства (за што би била потребна голема количина духовна енергија), негативните енергии од повисоко ниво, земаат животинска или човечка маст, или било какво друго масло, и го де-материјализираат, а потоа повторно го материјализираат на она место кое сакаат да го нападнат.
    • Потоа со користење на духовна енергија генерирана преку татрак (гледање во објектот како јога вежба) или мантри, или натприродни моќи, негативните енергии од повисоко ниво ја полнат мрсната дамка со црна енергија.
  • Духовна сила потребна за да се створат: Потребна е одредена количина духовна сила да се створат мрсни дамки само со помош на суптилни средства. Во продолжение е наведена минималната духовна сила која негативниот ентитет треба да ја поседува во зависност од типот на предметот кој го напаѓа и на кого му припаѓа тој предмет:
    • Стварање мрсни дамки на предмети кои припаѓаат на просечен човек: 3-от регион на Пеколот (Патал).
    • Стварање мрсни дамки на предмети кои припаѓаат на трагачи кои обавуваату редовна духовна пракса: 4-от регион на Пеколот.
    • Стварање мрсни дамки на предмети внатре во просториите на ашрамот: 4-от регион на Пеколот.
    • Стварање мрсни дамки на предмети поврзани со Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ и Неговата Светост Др. Атавле: 4-от регион на Пеколот.

Забелешка: Постојат седум региони на Пеколот и колку е повисок регионот на Пеколот, толку е помоќна негативната енергија. На пример, мантрик од 5-от регион на пеколот е многу помоќен од еден мантрик од 3-от регион на Пеколот. Колку еден објект е духовно почист, толку поголема духовна енергија ќе биде потребна за да се изврши напад на истиот.

  • Единстевни карактеристики:
    • Бидејќи во мрсните дамки преовладува Апсолутниот Елемент Вода, тие се најпогодни за впивање и складирање на големи количини црна енергија.
    • Понекогаш дамките имаат куклена форма. Дамките со ваква форма имаат поголема способност да емитуваат црна енергија, а сето тоа е придружено со ефект на црна магија.
  • Мирис: Дамките кои се створени со помош на суптилни средства имаат и суптилен мирис кој ги придружува. Ова е според духовниот принцип дека името (зборот), допирот, формата, вкусот, мирисот и нивната енергија, коегзистираат.
  • Ефектот: Ефектот на дамките се одвива на различни нивоа:
  • На физичко ниво: Единствената карактеристика на мрсните дамки е дека суптилните мантрици ја манифестираат својата натприродна моќ со помош на Апсолутниот Елемент Земја, користејќи ги овие дамки како медиум. Формите направени со помош на Апсолутниот Елемент Земја, го напаѓаат физичкото тело (стуладеха).
  • На обвивката од виталното тело (прана-деха): Мрсната дамка која е створена со помош на натприродни средства има посебна моќ, и тоа да влијае на виталната енергија (прана-шакти) на лицето, и да предизвика екстремна летаргија и инерција.
  • На менталното и интелектуално тело: Може да предизвикаат депресивни мисли, отежнато размислување, итн.
  • На духовно ниво: Препреки во духовната пракса како што се сомнежи за духовната пракса, итн.

4. Пример – истражување засновано на духовната наука на еден суптилен напад

Во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), имаме трагачи со развиено шесто сетило кои можат да видат настан во духовната димензија, онака како што просечен човек гледа еден настан во светот во кој живееме. Како што можете да видите на сликата која следува, мрсна дамка се појавила преку ламинацијата на фотографијата од Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ. Очевидец тврди дека тоа се случило спонтано и без било каква рационална причина.

Web
Во продолжение е прикажан цртеж заснован на знаењето за духовната димензија кој го нацрта г-ѓа Јоја Вале, и кој ни дава увид во тоа како се одвива еден таков напад.
Web

 

Забелешка: Околу цртежот е поставена посебна заштитна рамка со цел да се заштити читателот од негативноста која се емитува од формата на негативната енергија која е прикажана во цртежот.

Негативната енергија која конечно го предизвикала нападот бил дух (Пишач), кој постапувал по наредбите на суптилен мантрик од 5-от регион на Пеколот.

За да ја намали силата на суптилните Божествени фреквенции на мирис кои се емитувале од фотографијата во атмосферата, негативната енергија се обидела да ги прекрие со смрдливи фреквенции на масло. Духот се обидел да ги зароби Божествените фреквенции во самата фотографија, со тоа што ги нападнала со водени смрдливи фреквенции кои излегуваат од надворешната обвивка на неговото тело, поради што фотографијата изгледа замаглено. Меѓутоа, во текот на овој напад и духот бил погоден. Поради фреквенциите на Апсолутниот Елемент Оган (Теѓтатва) кои се ослободувале од фотографијата, на надворешната обвивка на духот се појавиле дупки и мрсна смрдлива течност почнала да тече од нив.

Поради смрдливите фреквенции на масло кои се емитуваат од фотографијата, луѓето во нејзината непосредна близина осеќале непријатности како гадење, повраќање и немир.

5. Поништување на ефектот на спонтаните мрсни дамки

Како што е опишано во претходно наведениот текст, мрсните дамки можат да имаат долгорочни штетни ефекти врз непосредната средина и на трагачите кои живеат во таа средина. Следната табела го прикажува разниот ефект од бришење на мрсните дамки, во однос на тоа само да оставиме како што е, или да ја третираме со некоја духовна мерка како што е ставање на Свет пепел (Вибути).

Ефектот на чистење на мрсната дамка наспроти ефектот кој настанува ако не ја исчистиме (Ова се однесува само на мрсните дамки кои спонтано се материјализирале и кои се створени од негативните енергии од повисоко ниво)
Аспект Eфектот на чистење Ефект ако не се исчисти Чистење со примена на духовни мерки
Ефект на атмосферата Намалување на притисокот во атмосферата Зголемување на притисокот во атмосферата Стварање на топла енергија во атмосферата
Ефект на лицето Во текот на чистењето поради енергијата на триење се ствара црна енергија во дамката и таа црна енергија потоа го напаѓа лицето кое ја чисти дамката. Ова ја погодува обвивката на виталното тело на лицето кое ја чисти дамката и тоа доведува до намалување на неговата витална енергија. Црна енергија се шири по телото на лицето и во атмосферата и се обидува да створи центар во телото на лицето и во животната средина. Негативната енергија во телото на лицето станува манифестирана и доаѓа до размена на црна енергија. Поради суптилниот пламен како резултат на Апсолутниот Елемент Оган во Светиот пепел, во дамките настанува суптилна битка. Како резултат на тоа, на кожата на лицето можат да се појават црвени ленти, црвен осип и огребатини.
Придобивка 30% 0% 50% 1
Губиток 0% 30% 0%
Ефект на мантрикот Бидејќи формата на црната енергија бива уништена, мантрикот кој го извршил нападот не може повеќе да складира црна енергија во дамките. Можна е размена на црна енергија, а можни се и вознемирувања на трагачите на индивидуално и колективно ниво, од црната енергија емитувана во атмосферата. Бидејќи црната енергија во дамката бива уништена, интензитетот на црната енергија која се емитува од дамката бива неутрализиран. Со ставање на Свет пепел на дамките, се напаѓа обвивката на самиот мантрик и се смалува силата на неговата одбрана.
Фусноти:
  1. Доколку духовните мерки не се повторуваат се додека не се отстранат ефектите на мрсната дамка, проблемите може да продолжат.

6. Повеќе информации за дамките створени преку суптилни средства

6.1 Видови на слики кои биле нападнати

Беше забележано дека сликите на Н.С. Др. Атавле, кои трагачите ги користеле за своја лична потреба не биле подложни на напади по пат на дамки. Меѓутоа, официјални слики кои биле отпечатени за самашати цели (за колективна духовна пракса), се оние кои биле напаѓани.

Следува одговорот кој го добивме преку Божествено знаење:

Во официјалните отпечатени слики од Неговата Светост Др. Атавле се наоѓа Божествена енергија (Шакти) во форма на одлука. Поради тоа негативните енергии ги нападнале овие слики створени врз основа на активна одлука. Меѓутоа, дамки не биле створени на фотографиите користени за лична употреба каде главната намера била будење на приватни спомени. Ова покажува дека мисијата во форма на самашти цел, е поважна од вјаши целта (т.е. за индивидуална духовна пракса).

6.2 Како дамките се зголемуваат со текот на времето?

Исто така, беше забележано дека дамките кои се појавиле на сликите од Неговата Светост Др. Атавле, со текот на времето се зголемиле или на истите слики се појавиле свежи дамки. Се јавиа следниве прашања:

  • Зошто дамките  на различните слики кои биле нападнати со текот на времето продолжуваат да се зголемуваат?
  • Дали тоа се должи на нови напади или поради негативната енергија која е привлечена кон дамките кои веќе се присутни.

Преку истражување засновано на духовната наука го добивме следниов одговор:

Дамките се зголемуваат како резултат на нови напади. Божествената свесност (Чаитанија) во атмосферата во форма на самашти мисија ја дезинтегрира црната енергија во дамките. Силните негативни енергии (мантрици) успеваат да истраат во своите напади со ист интензитет и пренесуваат црна енергија на различни начини за да го спречат напредокот на самашти мисијата.