Основни принципи на духовната пракса
Вршење на духовна пракса во согласност со духовното ниво или духовниот капацитет
Би требало да обезбедиме духовната пракса која сме ја избрале да биде во согласност со нашиот духовен капацитет или духовното ниво. Студентот кој штотуку ја завршил трета година нема да може да ги положи испитите од четврта година ако го учел само градивото од трета година.
Исто така трагачите по Вистината не би требало да стагнираат на едно ниво на духовната пракса туку да се обидуваат да го зголемат вршењето на духовна пракса.
Да поминеме преку различни нивоа на духовен развој, од обредно Богослужење на физичко ниво кон суптилни форми на духовна пракса во зависност од духовното ниво на трагачот:
- На почетното ниво чувствуваме дека можеме да направиме контакт со Божественото само ако одиме на местото за Богослужење и ако таму се молиме на Божјата статуа или Божественото битие.
- После тоа чувствуваме спој со Божественото, не само за време на обредот туку и додека ги читаме духовните книги седејќи на местото за Богослужење.
- Тогаш чувствуваме дека и зборовите се премногу материјални, така да и самото доживување на вибрациите во црквата или храмот е доволен да не исполни духовно.
- После ова веќе не мора да одиме на места за Богослужење да би го доживеале Бога туку тоа можеме да го почувствуваме во убавините на природата, високо во планините, на мирно езеро, итн.
- На уште повисоко ниво, веќе не ни е потребна ниту природата туку Бога можеме да го доживееме преку дневните активности. Дури и ако сме на непријатно место како што е гнасна колиба, или сме во воени збиднувања, можеме да почувствуваме утеха која ни ја дава Божјото присуство и можеме да му служиме таму во тишината на своето срце.