Доживување суптилен мирис без било каков надворешен извор

MKD_Experiencing-fragrance-without-any-external-source_Dr-Avinash-Kashid

Едно попладне во април 2000-та година, додека пеев, одеднаш осетив мирис на сандаловина. Помислив дека некој запалил миризливо стапче од сандалово дрво или тоа би можело да биде парфем. Само за да го потврдам ова, ги прашав сите во куќата дали тие осетиле некаков мирис и дали тие употребиле некаков парфем или запалиле миризливо стапче. Но, сите одговорија негативно. Конечно, отидов дури и во тоалетот и да, го осеќав истиот мирис и во тоалетот. Мирисот траеше околу 5 минути. Никогаш немав доживеано вакво нешто во мојот живот претходно.

– Др. Аниваш Кашид, Бид, Индија

Духовната наука зад ова искуство

Према духовната наука се нарекува отелетворена душа бидејќи ја изгубила свеста за себе како 'Душа' наместо тоа се доживува себе преку петте сетила, умот и интелектот. Душата во суптилното тело (минус физичкото тело после смртта) е уште позната како отелеворена душа или Ѓива

Суптилен (без очигледен надворешен мирис на потекло) се доживува на духовно ниво од 45% до 50%. Иако едно лице може да биде на духовно ниво пониско од 45%, доколку активно обавува духовна пракса со посветеност и концентрација, понекогаш духовното ниво привремено се зголемува, како во овој случај додека Др. Кашид пеел. Ова духовно искуство се достигнува во состојба на ‘отелетворена душа која обавува духовна пракса’, т.е. ѓиватма состојба. Во оваа состојба се буди духовната емоција кон Бога. Како резултат на тоа, умот се фокусира на манифестираните фреквенции на божествена свесност кои се емитуваат од душата. Овие фреквенции се поврзани со Апсолутниот елемент Земја (Прутви-татва). Суптилното доживување (искуство) на Апсолутниот елемент Земја е мирис.

Духовните искуства служат како стимул (поттик) на нашиот духовен пат. Тоа е начинот на кој Бог ни кажува дека сме на вистинскиот пат.