Која е дефиницијата за зависност според Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF)?
Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), ја дефинира зависноста онака како што е дефинирана во Дијагностичкиот и статички прирачник за ментални нарушувања – IV (DSM-IV). Дијагностичкиот и статички прирачник за ментални нарушувања (DSM), кој е објавен од страна на Американската Психијатриска Асоцијација, е прирачник кој најчесто се користи за дијагностицирање на ментални нарушувања во Сооединетите Американски Држави. Ние, од хавајското Министерство за здравство (Hawaii Department of Health), добивме копија на дефиницијата.
Дијагностичкиот и статички прирачник – IV (DSM-IV) ја опишува зависноста како форма на неприлагодна употреба на некоја супстанца, која доведува до значајни медицински оштетувања или непријатности кои се манифестираат на три (или повеќе) од следниве наведени начини, и се случуваат во било кое време во текот на истиот период од 12 месеци.
- Супстанцата често се зема во поголеми количества, или за време подолго од планираното.
- Постојана желба или несупешни обиди да се прекине или контролира земањето на супстанцата.
- Голем дел од времето е потрошено во активности, кои се непотребни за да се набави супстанцата (на пример, посетување повеќе доктори, или возење на долги растојанија), земање на супстанцата (на пример, прекумерно пушење) или за заздравување од ефектите на супстанцата.
- Намалување или откажување од важни општествени, професинални, рекреативни активности, поради злоупотреба на супстанцата.
- Континуирана злоупотреба на супстанцата, и покрај знаењето за трајните и психолошки и физички проблеми, кои се предизвикани или влошени, поради злоупотреба на супстанцата.
Толеранцијата се дефинира како:
- Потребата за значително зголемување на количината на супстанцата, со цел да се постигне интоксикација или саканиот ефект, или
- Значително намален ефект со континуирана употреба на истата количина.
Одвикнувањето се манифестира како:
- Карактеристични симптоми на криза за супстанцата, или
- Земање иста (или супстанца со слично дејство) супстанца да се ублажат или избегнат сиптомите кои настануваат после одвикнувањето од супстанцата.
Важно е да се напомене дека зависностите не се однесуваат само на традиционалните супстанци, како што се конзумирање алкохол, пушење и дрога. Едно лице може да биде зависно од разни нешта, како што се храна, чоколада, секс, видео игри и коцкање. Во сите зависности е нарушена способноста на лицето да обавува духовна пракса.