Од што се состојат човечките суштества

1. Вовед во темата од што се состојат човечките суштества

Во овој напис го објаснуваме составот на човечкото тело и неговите различни суптилни тела. Модерната наука навлезе подлабоко во разбирањето на човечкото физичко тело. Сепак нејзините разбирања на другите аспекти за човечкото постоење се уште е многу ограничено. На пример, разбирањето на човечката психа и интелект од физички аспект е повеќе или помалку ограничено. Од друга страна, духовната наука во детали ја проучила целата човечка егзистенција.

2. Од што се состојат човечките суштества според духовната наука

Жив човек е составен од следниве тела.

  1. Физичко тело (Стула-деха)

  2. Витално енергетско тело (Пран-деха)

  3. Ментално тело (Мано-деха)

  4. Интелект или каузално тело (Каран-деха)

  5. Суптилно его или над-каузално тело (Махакаран-деха)

  6. Душа или Бог во секој од нас (Атма)

2-mkd-comprised-of

Во следните поглавја подетално ќе ги објасниме овие различни тела:

3. Физичко тело

Ова е телото кое и е најпознато на модерната наука. Тоа се состои од скелет, мускули, ткива, органи, крв, 5 сетилни органи итн.

4. Витално енергетско тело

Ова тело е уште познато и како Пран-деха. Ова тело обезбедува витална, животно значајна енергија за сите функции на физичкото и ментално тело. Постојат пет вида на витални енергии или Прана​

  • Прана: Енергија за активноста дишење
  • Удана: Енергија за активноста издишување и говор
  • Самана: Енергија за активност на стомакот и цревата
  • Вјана: Енергија за свесните и несвесни движења на телото
  • Апана: Енергија за мокрење, излачување, ејакулација, породување, итн.

Кога ќе настапи смрт, виталната енергија се ослободува назад во Универзумот, и исто така го задвижува суптилното тело да го продолжи своето патување понатаму.

5. Ментално тело или Ум

Ментално тело или Умот е седиште на нашите чувства, емоции и желби. Носи во себе безброј импресии од сегашниот и претходните животи. Се состои од три дела.

  • Свесен ум: Тоа е делот од нашите мисли и чувства за кои сме свесни.
  • Потсвесен ум: Ги содржи сите импресии потребни за да се исполни нашата судбина во сегашниот живот. Мисли од потсвесниот ум се појавуваат во свесниот ум од време на време, или како одговор некој надворешен стимуланс, а понекогаш и без него. На пример, кога во текот на еден ден се појават случајни и неповрзани мисли за некој нејасен инцидент во детството.
  • Несвесен ум: Ова е аспект на нашиот ум за кој ние целосно сме несвесни. Ги содржи сите импресии поврзани со нашата акумулирана сметка на земање и давање.

Потсвесниот ум и несвесниот ум заедно се познати како Чита.

Понекогаш, исто така се повикуваме на аспектот на менталното тело како тело на желби или васандеха. Ова е аспект на умот кој ги содржи сите импресии на желби.

Ве молиме погледнете го написот “Зошто го правиме она што го правиме” и интернет презентацијата под ист назив за да се разбере функционалната структура на умот.

Физичкиот орган поврзан со менталното тело е мозокот.

6. Интелект

Каузалното тело (Каран-деха) или интелектот е тело, кое се занимава со процесот на донесување одлуки и способноста за расудување. Физичкиот орган поврзан со менталното тело е мозокот.

7. Суптилно его

Суптилно его или над-каузално тело (Махакаран-деха) е конечниот белег на нашето незнаење и е чувството дека сме одвоени од Бога.

8. Душа

Душата е Божјиот принцип во нас и е нашата вистинска природа. Тоа е главната компонента на суптилното тело кое е дел од Врховниот Божји Принцип со квалитетите на Апсолутната вистина (Сат), Апсолутната свесност (Чита) и Блаженство (Ананда). На душата не влијаат подеми и падови во животот, и е во постојана состојба на Блаженство. Таа гледа на животните подеми и падови во Големата илузија (Маја), со став набљудувач. Душата е далеку над трите основни суптилни компоненти, меѓутоа остатокот од нашата свесност како што се физичкото тело и менталното тело се составени од нив.

9. Суптилното тело

Суптилното тело се дефинира како дел од нашето битие или свест која го остава нашето физичко тело за време на физичка смрт. Тоа се состои од ментално тело, каузално тело или интелект, суптилно его или над-казузално тело и Душа. Она што е останато за време на физичка смрт, е нашето физичко тело, а виталната енергија се ослободува назад во Универзумот.

Следниве се некои други аспекти на суптилното тело:

  • Суптилни сетилни органи: Со суптилни сетилни органи ние мислиме на суптилниот аспект на нашите пет сетилни органи, со коишто ние сме во состојба да го согледаме суптилниот свет. На пример, можеме да го почувствуме суптилниот мирис на јасмин, без било какви стимуланси, кои би предизвикале да го почувствуваме. Исто така мирисот може да го доживее само едно лице, а не и другите во истата просторија. Ова е детално објаснето во написот – Што е шесто сетило?
  • Суптилни моторни органи: Со суптилни моторни органи ние мислиме на суптилниот аспект на нашите физички моторни органи како што се нашите раце, јазикот, носот, итн. Секоја активност најпрво е иницирана од суптилните моторни органи, а потоа  и реализирана во физичката димензија од моторните органи.

10. Незнаење

Сите други аспекти на нашето битие освен Душата се дел од Големата илузија. Тоа го нарекуваме Незнаење или Авидија која, кога буквално ќе се преведе значи отсуство на знаење. Зборот ’Незнаење’ произлегува од фактот дека ние самите се идентификуваме со нашето грубо тело, умот и интелектот, а не со нашата вистинска природа којашто е Душата или Божјиот Принцип во нас.

3-mkd-nescience

Незнаењето е извор за несреќата. Човекот се врзува за парите, својот дом, семејството, градот, земјата, итн. Колку е поголема приврзаноста кон било кое лице или објект, толку е поголема веројатноста за појава на незадоволство коешто произлегува од неа. Дури и идеалниот социјален работник или Светец можат да се приврзат кон општеството или кон неговите приврзаници соодветно. Најголемата приврзаност којашто ја има секој е приврзаноста за самиот себе, за сопствениот ум и тело. Дури и најмала непријатност или болест не прави несреќни, затоа би требало постепено да ја намалуваме приврзаноста за себе и да почнеме да ја прифаќаме болката или болеста како дел од животот. Ова се разбира, може да го направиме со подлабоко разбирање дека среќата и несреќата ја доживуваме во согласност со нашата судбина. Исто така, дека само со идентификување со душата можеме да доживееме трајно Блаженство.

Душата и незнаењето заедно ја сочинуваат отелотворената душа. Незнаењето за човечките суштества има дваесет компоненти – физичкото тело, пет сетилни органи, пет суптилни моторни органи, пет витални енергии, свесен ум,  потсвесен ум, интелект и егото. Па бидејќи сите функции на суптилното тело се одвиваат непрекинато, вниманието на отелотворената душа е насочена кон нив, наместо кон душата т.е. наместо кон Духовното знаење е насочена кон Незнаењето.