Содржина
Борба доброто против злото – накратко
Суптилната битка помеѓу доброто и злото повремено се води уште од најраните времиња. Повторно се води во суптилниот свет од 1999. – 2025. година. Битката ќе се рефлектира на физичко ниво т.е. на Земјата од 2015. до 2018. година. Потоа светот ќе помине преку период на обновување од битката на Земјата и подготовка за новото доба. Ова нова ера е позната како Божествено Кралство и во него човештвото ќе има илјада години мир и правда. Времето во кое живееме е многу важно, затоа што последиците од таа битка ги чувствува целиот Универзум. Меѓутоа, денешното време е и многу поволно за духовна пракса и за постигнување на Богоспознание (нај возвишената духовна состојба).
Забелешка: За подобро да го разберете овој напис потребно е да да го прочитате написот за трите основни суптилни компоненти Сатва, Раѓа и Тама, од кои се состои целокупната Креација. Во овој напис за придавки кои се однесуваат на овие компоненти ќе ги користиме изразите сатвик, раѓасик и тамасик. На пример кога спомнуваме дека некој е сатвик лице, мислиме на лице кај кое преовладува сатa компонентата и духовно е прочистено.
1. Дефиниција за доброто и злото
Духовната наука ’добрите’ луѓе ги дефинира како:
- Луѓе кои се живи, или оние кои се преминати (суптилни тела).
- Оние кои имаат силна желба да вршат духовна пракса.
- Лица кои имаат за цел да предадат се вклучувајќи го и егото на Бога.
- И оние кои го насочуваат својот живот кон целта на достигнување на Бога.
Најчесто тоа се луѓе чие духовно ниво е преку 30%, кај кои преовладува раѓа-сатва или сатва компонентата и кои се праведни. Луѓето кои ги немаат спомнатите карактеристики, но прават некои добри дела како што е давање прилози на сиромашните итн., и покрај тоа што заслужуваат, нема нужно да припаѓаат во категоријата која духовната наука ја дефинира како ’добри’ луѓе, посебно прилогот ако го даваат со голема гордост. Добрите луѓе и добрите суптилни тела заедно спаѓаат во ’силите на доброто’.
Од друга страна, злите луѓе (живи или суптилни тела) се оние кај кои преовладува раѓа-тама или тама компонентата, неправедни се и имаат големо его. Тие дури можат и да вршат духовна пракса, но ја вршат со цел за стекнување на духовна моќ поради исполнувањето на личните амбиции. Зборот ’Его’ овде се користи во духовен контекст. Освен неговата секојдневна употреба кој подразбира прекумерна самодоверба или ароганција, тој вклучува и духовно значење – чувство на одвоеност од Бога. Злите луѓе и злите суптилни тела заедно спаѓаат во ’силите на злото’.
Попрецизната дефиниција на духовната наука вели дека оние луѓе кои вршат духовна пракса со цел за спознавање на Бога и кои се во состојба се повеќе да го предаваат своето тело, ум, интелект, богатство и его на Бога, спаѓаат во групата на ’добрите’. Според таа дефиниција ’добри’ луѓе во денешно време на Земјата се многу малку. Повеќето луѓе спаѓаат во ’зли’. Во таа група има и 30% (од вкупната светска популација) оние кои се обидуваат да му наштетат на општеството и ја намалат сатва компонентата во светот. Огромното мнозинство од останатите луѓе, поради тоа што не вршат духовна пракса и се концентрирани само на материјалното, негативните енергиии лесно ги користат да праваат она што го тражат злите сили.
2. Од каде потекнуваат доброто и злото?
2.1 Кога постанало злото?
Во Универзумот се е потекнато од Едниот Бог. Божјиот Принцип се протега во Целиот Универзум, а постои и надвор од него. Од таа перспектива и доброто и злото потекнале од Божјоит Принцип. И доброто и злото постојат од постанокот на Универзумот. Меѓутоа, во тоа време злото постоело во форма на семе те. притаено.
Според духовниот закон на создавањето, ’се што постои е создадено од Божјиот принцип, се одржува и потоа уништува те. се враќа во Божјиот принцип’. Универзумот е створен, се одржува во тек во однапред одреден период на времето и потоа се уништува. Како дел од овој Божји план, злото кое било во форма на семе на почетокот на постоењето на Универзумот, постојано расте. Тоа се манифестира во форма на суптилните сили на злото и луѓето. Како поминува времето, елементите на злото продолжуваат да растат додека не достигнат 100% и во тој момент Универзумот ќе биде уништен.
2.2 Од каде добрите и злите сили добиваат енергија?
Како што и доброто и злото потекнуваат од Врховниот Божји Принцип, тие добиваат духовна енергија од Бога. Тоа може да изгледа како парадокс, меѓутоа тоа може да се разбере од следната аналогија. Двајаца работници во иста компанија исто работат и подеднакво заработуваат. Бидејќи ги имаат парите во раце, од нив зависи како ќе ги употребат. Едниот човек може да ги употреби да се нахрани себеси и семејството, а остатокот да го употреби да му помогне на општеството. Другиот човек може да ги употреби да му наштети на општеството. Заработуваењето на парите е слично со стекнувањето на духовна енергија која ја добиваме кога вршиме духовна пракса. Намерата која го следи вршењето на духовна пракса е многу различна кај добрите и злите луѓе. За првите намерата е да се соединат со Бога, додека за другите пред се е за добивање на духовна моќ поради само потврдување. Кога ќе го наполниме својот резервоар со духовна енергија, Бог ни дава слобода да ја користиме како ни е волја. Духовната енергија која луѓето ја користат за Праведност позната е како добра енергија, а кога се користи за неправедност позната е како зла или црна енергија.
Важно е да забележиме дека кога духовната енергија се користи за исправни цели, човекот доживува единство со тој аспект на Бога. Така му е достапна количина на Божествена енергија која одговара на степенот на тоа единство. Така лицето не губи ниту малку од стекнатата духовна енергија. Меѓутоа, кога духовната енергија се користи за цели кои не се праведни, со оглед дека тоа е спротивно од Божјата природа, лицето или суптилното тело ја користи само енергијата добиена од духовната пракса и така ја исцрпува.
3. Која е мисијата на силите на доброто и злото?
Мисијата на силите на доброто е воспоставување поредок заснован на сатва компонентата во сите региони на Универзумот. Накратко, да го прочистат Универзумот и го направат полн со чистота. Од другата страна, силите на злото тежнеат да воспостават демонско кралство засновано на раѓа и тама компонентите. Ова демонско кралство највеќе одговара на демонските сили за исполнување на нивните желби. Овие желби се разнолики, од прекумерно препуштање на сетилните задоволства и несоодветна употреба на моќите, до правење проблеми на трагачите по Бога создавајќи им препреки при вршењето на духовната пракса чија цел е спознавање на Бога.
4. Равнотежа помеѓу доброто и злото
Факт е дека мисиите на силите на доброто и злото се во потполност спротивни една на друга, и секогаш постои постојан конфликт помеѓу нив. Равнотежата со време варира и никогаш не е постојана. Нејзините последици се чувствуваат во сите региони во Универзумот. На пример, кога дојде до пораст на моќта на демонските сили и негативните енергии ситуацијата во сите позитивни региони на постоење на Зенјата (Булока), во Рајот (Сварагалока) итн. почнува да се влошува. На Земјата тоа влијае врз нас негативно на физички, ментален и духовен план. Меѓутоа, негативните енергии, односно тие во сите региони на Пеколот (Патал) доживуваат позитивно влијание во рамката на својот систем. Кога дојде до промена во рамнотежата во правец на доброто, доаѓа до пораст во основната суптилна сатва компонентата и Блаженството (Ананда) се доживува секаде во Универзумот. Мир и напредок владеат на Земјата. Меѓутоа, демонските сили се многу вознемирени од тој позитивен тренд. Вид на вознемиреноста која ја чувствуваат е слична на криминалецот кој е приморан да живее по строго пропишани правила.
4.1 Кои се причините за нарушување на рамнотежата во правец на злите сили?
Злите сили во Универзумот ја користат секоја прилика и постојано настојуваат неповолно да влијаат на рамнотежата на силите на моќта. И покрај постојаните обиди на демонските сили да ја намалат суптилната сатва компонента и ги спречат трагачите по Бога во вршењето на духовната пракса и ширењето на духовноста, добрите сили имаат врховна власт се додека Светците и трагачите вршат духовна пракса. Тоа е затоа што Бог им помага на Светците и трагачите поради нивната посветеност да ги надвладеат силите на злото.
Главниот резервоар на моќта на доброто и злото лежи во суптилните региони. Силите на доброто и злото на Земјата се како марионети, затоа што и едните и другите добиваат сила од суптилниот свет од силите на доброто и злото.
4.2 Духовното ниво и попречувањата од негативните енергии
Демонските сили во принцип ги напаѓаат добрите сили кои се во опсег од +/- 10% на духовна моќ во однос на нивната лична духовна моќ. Причината за тоа е што духот не може да влијае на лице кога разликата е 10% во духовното ниво во корист на лицето. Тоа е затоа што лицето може да добие 10 – 20% Божја заштита, повеќе од нивото на попречувањата на духовите и тоа го штити од нападите на духовите кои имаат помала духовна моќ.
Духовите кои се на духовно ниво поголемо од 10% од духовното ниво на лицето, не се заинтересирани да го попречуваат, затоа што нивната моќ е премногу мала да се борат со него и затоа не им одговара на таквите духови. Така на пример, лице на 30% духовно ниво ќе го попречува негативна енергија чие духовно ниво е во опсег од 20 – 40%.
На демонските сили на злото им е лесно да ја манифестираат својата моќ над човештвото кога луѓето се материјалисти и немаат желба да практикуваат Духовност. Кога ќе дојде до пораст на тама компонентата кај човештвото, демонските сили во кои преовладува тама, лесно ја користат таа ситуација и се обидуваат да воспостават контрола над човештвото.
Прочитајте го написот: ’Во која мерка духовното ниво осигурува заштита од духовите?’
5. Кога е водена првата битка помеѓу доброто и злото?
Животниот век на Униврзумот е поделен во четири ери: Сатјајуга, Третајуга, Двапарјуга и Калијуга. Сатјајуга била духовно најчиста ера. Меѓутоа, после оваа ера просечното духовно ниво на луѓето почнало да опаѓа со секоја наредна ера се додека не го достигнало најниско ниво во Калијуга или Ера на раздорот во која денес живееме. Оваа ера ќе трае 432.000 години. Сега сме преку 5.100 години во оваа ера.
Во секоја ера постојат помали циклуси на Сатјајуга, Третајуга, Двапарјуга и Калијуга и духовната свесност кај луѓето варира во секоја од овие мини ери. Секоја ера на малиот циклус понатаму е поделена на уште помали четири ери. Таа поделба на мини циклуси на уште помали циклуси се повторува до шест нивоа во длабочина. Најмалиот мини циклус трае околу 1000 години. Цифрата од 1000 години е според денешното сметање на времето. На пример, соодветниот мини циклус во Сатјајуга е многу подолг. Тоа е затоа што Сатјајуга била ера која имала многу висока суптилна сатва компонента. Една од карактеристиките на сатва е раширеноста, а тама е збиеност. Затоа една година во Калијуга, претставува многу повеќе години во Сатјајуга.
Во почетокот на Креацијата односот бил 100% во корист на силите на доброто, затоа што силите на злото биле само во притаена или семенска форма. Тоа е затоа што во првата ера те. Сатјајуга, целото човештво вршело духовна пракса и просечното духовно ниво на луѓето било 70%. Всушност, го живееле целиот живот на тој начин да секој негов аспект бил духовна пракса и можност за служење на Бога. Кога почнала мини ерата Калијуга во последните мини циклуси од Сатјајуга, вкупниот број на зли луѓе на Земјат бил повеќе од 2% од целокупното население. Суптилната тама компонента била доволно висока да злите сили, односно негативните енергии ја нападнат и посегнат по врховната власт. Ова била првата битка помеѓу силите на доброто и злото и е водена на крајот на мини ерата Калијуга во последниот мини циклус во ерата Сатјајуга.
Продожение во делот 2: Сегашната борба помеѓу доброто и злото