Содржина
1. Вовед
Зависно од културата и околностите, со бакнежот можат да се изразат разни чувства како што се: љубов, сочувственост, почитување, пријателство, желба за добра среќа, како и многу други. Исто така, во зависност од културата, меѓусебните односи и околностите, луѓето можат да се бакнуваат во устата, во образот, во главата, во рацете и секој од овие гестови може да има различно општествено значење. Во денешниот свет, посебно во западната култура, бакнежот во образот се смета вообичаен начин на поздравување.
Во овој дел од нашата серија написи за поздравувањето, ќе ги разгледаме последиците од бакнежот од духовна перспектива.
2. Потребни информации за поздравувањето
Веднаш на почетокот препорачуваме да се запознаете со нашиот напис – „Поздравување од духовна перспектива“. Тој напис дава неопходни основни информации потребни за разбирање на овој напис. Овој напис објаснува како постои можност за размена на суптилни енергии, кога поздравот вклучува допир. Преку духовните истражувања утврдивме дека повеќето луѓе се под разни влијаниа од негативните енергии. Како резултат на тоа, лесно е можно размената на суптилните енергии помеѓу две лица кои се допираат или гушкаат, да биде духовно штетна. Повеќето од нас не можат да го почувствуваат тоа штетно влијание, затоа што немаме развиено шесто сетило за да го забележиме.
3. Забелешка за поздравувањето кое што вклучува допир
Кога поздравот вклучува допир, треба да го имаме на ум следното. Со допирот се зголемува преносот на духовните или суптилните енергии до 100%, во споредба со поздравот кој не вклучува допир. (Гледањето во очите на друго лице, може да се поттикне пренос на суптилните енергии, во зависност од тоа за кои видови на негативни енергии се работи.)
Вид на контакт помеѓу две лица кои што се поздравуваат | Каков е преносот на енергијата помеѓу двете лица кои што се поздравуваат |
Примери на поздравување |
---|---|---|
Кожа и кожа | Лесно се пренесува енергијата | Ракување, прегратка |
Кожа и уста | Повеќе се пренесува енергија отколку кога преносот е само од кожа на кожа | Бакнување во рака или во образ |
Уста на уста | Енергијата највеќе се пренесува | Бакнување во уста |
4. Духовно истражување за бакнувањето
Како што е прикажано на претходната табела, бакнувањето во уста доведува до најголем пренос на суптилните енергии. Негативните енергии обично влегуваат преку еден од отворите како што се устата, носот, ушите, итн. Всушност, земањето на храна е еден од најлесните начини на кои негативните енергии можат да влијаат врз човекот.
Од духовна перспектива, устата се смета за нечиста празнина. За тоа постојат две причини:
-
Една од причините е тоа што во устата преовладува Апсолутниот космички елемент на Водата. Еден од квалитетите на Апсолутниот космички елемент на Водата е способноста да ја задржи и негативната и позитивната енергија. (Повеќето луѓе не вршат духовна пракса, и повеќе се под влијание на световните работи. Преокупираноста со световните работи, без никакво духовно насочување кон таквото лице привлекува негативни вибрации. Тоа ги прави луѓето повеќе подложни на влијанието од негативните енергии). Устата е отвор во кој што негативната енергија може да се акумулира, посебно поради присуството на Апсолутниот космички елемент на Водата, кој што преовладува во устата. Како резултат на тоа, кога устата на едно лице ќе дојде во контакт со кожата, или устата на друго лице неизбежно се случува размена на негативните енергии.
-
Другата причина поради која што устата се смета за нечиста празнина е фактот дека, устата е еден вид канал на респираторниот и дигестивниот систем. Поради ова размената на негативните енергии од овие телесни системи, се случува преку устата. Пред да се пренесат од едно на друго лице, негативните енергии од тие системи се акумулираат во устата.
Во споредба со ракувањето, кога луѓето се бакнуваат во уста, се создава многу подлабоко ниво на сексуална интимност. Таа ситуација обично буди емоции кон другото лице што за возврат може да го дестабилизира умот. Секоја дестабилизација на умот, можат да биде искористена од страна на негативните енергии, а тие имаат способност за поттикнување на претерани емоции, и така да направат лицето да стане уште повеќе емотивно и да му нанесат штета.
Суптилниот цртеж подолу ја прикажува размената на суптилните енергии, кога едно лице бакне во образ друго лице. Во овој пример едното лице е опседнато, додека другото е под влијание на негативните енергии. Според истражувањето на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), околу 30% од светската популација е опседната од негативните енергии. Во речиси сите случаи тие луѓе се во потполност несвесни за фактот дека се под контрола на негативните енергии.
Цртежот заснован на знаењето на суптилната димензија е на г-ѓа Јоја Вале. Цртежот го провери и го одобри Неговата Светост Др. Атавле. Во текот на проверката со помош на развиеното шесто сетило е утврдено дека точноста на цртежот е 80%.
Табелата подолу дава детали за секој аспект на сликата. Видете го написот за чакрите за полесно разбирање на табелата.
Бр. | Објаснување |
---|---|
1 | Поради фактот дека жената е опседната, постои дебела црна покривка од негативна енергија околу неа. Меѓутоа, лицето што ја бакнува не може да ги почувствува вибрациите од негативната енергија поради неразвиеното шесто сетило. |
1A | Прстен од негативна енергија се создава и активира во Анахата-чакра. |
1Б | Проток од густа негативна енергија од Анахата-чакра на жената се апсорбира преку Анахата-чакра во духовно просечното лице. |
1Ц | Тоа предизвикува создавање на прстен од густа негативна енергија во Анахата-чакра кај духовно просечното лице. |
1Д | Честички од негативна енергија течат од устата на жената кон лицето што ја бакнува во образот. |
1E | Сето тоа предизвикува создавање обвивка од негативна енергија околу телото на духовно просечното лице. |
1Ф | Кружен прстен од негативна енергија се создава околу умот на жената. |
2 | Дебела обвивка од негативна енергија се емитува во околината. |
2A | Бранови од црна енергија се емитуваат од телото на жената која што е опседната од негативните енергии. |
2Б | Обвивка од црна енергија се создава околу телото на духовно просечното лице. |
2Ц | Облак од црна енергија го обвива умот на духовно просечното лице. |
3 | Создавање и активирање на прстен од заводлива (мохини) енергија околу умот на жената која што е опседната. Тоа ја прави жената да изгледа многу привлечна отколку што навистина е привлечна. |
4 | Емитување и ширење на прстен од илузорна (мајави) енергија, која што ги обвива и двајцата. Илузорната (мајави) енергија ја создаваат негативните енергии, за да ги прикажат работите онакви какви што не се. Иако бакнувањето со жената која што е опседната, духовно е многу штетно за мажот, тој се чувствува добро после бакнежот. |
Бакнувањето други луѓе воглавно ги зголемува негативните вибрации кои што ги привлекуваат негативните енергии во околината. Од сите начини на поздравување, бакнувањето всушност највеќе овозможува пораст на Тама вибрациите. Негативните последици од бакнувањето лице кое што е опседнато можат да потраат повеќе денови. Да предизвикаат депресија, негативни мисли, многубројни мисли и така натаму. Лицето погодено од негативните влијаниа, поради недостаток на согледување на духовната димензија, не може да разбере дека тоа е поради неможноста на забележување на духовната димензија.
Постојат исклучоци од овие правила:
-
Во зависност од видот на љубовта: Некои позитивни вибрации можат да настанат кога ги бакнуваме членовите на семејството, својот брачен партнер или кога мајката го бакнува детето. Позитивноста зависи од видот на љубовта која што се покажува преку чинот на бакнувањето, дали љубовта е без очекувања или љубовта е со очекувања. Така, кога мајката го бакнува детето, веројатно ќе се создадат позитивни вибрации поради нејзината љубов и добрата волја кон детето. Наспроти тоа, ако односот на мајката и детето е затегнат, тогаш бакнежот нема да има позитивен ефект.
-
Во зависност од духовното ниво: Во однос на претходниот пример, ако лицето кое што е опседнато бакне некого кој е на духовно ниво од преку 60%, тогаш тоа ќе има исцелувачки ефект врз опседнатото лице. Тоа е затоа што лицето преку 60% духовно ниво зрачи позитивни сатва вибрации, кои што имаат духовно исцелувачки ефект.
Ако со добра намера ги бакнеме луѓето кои што ни се пријатели, или познаници, нашата добра намера нема да има некој поголем ефект, затоа што бакнувањето во овој случај воглавно е само чин на површно поздравување, нешто слично како ракувањето. Во тие ситуации, чувствата се премногу површни за да произведат позитивни вибрации и крајниот ефект најверојатно ќе биде негативен.
5. Избегнување на духовно штетните бакнежи
Смислата на овој напис е да станеме свесни за духовните последици од секојдневните активности, а не да не заплаши. Да се има знаење за нешто што влијае штетно врз нас, ни дава способност да преземеме одредени мерки за да го исправиме.
Треба да го имаме во предвид следното:
- Најсигурен духовен избор е да ги избегнуваме поздравувањата со луѓето со бакнување или било кој вид на допир, наместо тоа можеме да се поздравуваме со поздравот Намаскар.
- Кога не можеме да го избегнеме бакнувањето со некој, постојат неколку работи кои што можеме да ги направиме:
-
Постојано пеење на Божјото Име кое што создава суптилна заштитна обвивка и ги намалува ефектите од влијанието на негативните енергии.
-
Да се изговори молитва за заштита која што помага да се зајакне заштитната обвивка.
-
Да се помолиме да се спречи размената на црна енергија помеѓу сите присутни кои што се под влијание на негативните енергии.
-