1. Пречки во станувањето самосвесен
Следниве се некои вообичаени пречки кои едно лице ги среќава при учењето за себе:
- Не сака да се подобри како личност: На некои луѓе им недостасува основното, а тоа е волја да се подобрат. Ова може да биде поради недостатоци на карактерот како што се гордост или мрзеливост.
- Недостаток на став за учење: Лице кое нема љубопитност да научи за своите грешки и како треба да постапува за да ги корегира.
- Екстровертност: Во овој случај т.е да се биде екстровертен значи да се нема способност да се биде интроспективен во животни ситуации. Ајде да земеме три примери од претходното поглавје и да видиме што е интроспективен став во споредба со ектстровертен став.
Пример | Екстровертен | Интровертен или интроспективен |
---|---|---|
Анет | Зошто шефот не ме фали? Јас, исто така, работам напорно | Кои се квалитетите на мојот колега од кого можам да научам? |
Раул | Едноставно ја немам мојата слобода во оваа куќа. Треба да се иселам. | Татко ми имаше навистина долг ден. Што можам да направам за да се чувствува поудобоно? Зошто мора една иста работа да ми се кажува одново и одново – што ми недостасува? |
Марк | Рут е иста како мојата сопруга. Сите жени се исти. Џереми и јас треба да одиме на пиво. | Кога би се гледал себеси во Џереми, тогаш јас сум само обичен мрзливец, навистина треба да да се подобрам во оваа област. |
По гледањето на горенавадените примерни, едно лице може да сфати зошто се вели дека “Оние кои го трошат своето во потрага по грешки само во другите, обично не наоѓаат време да ги поправат своите“.
- Високо его: Лицата со високо его, генерално никогаш не сакаат да ги признаат грешките направени од нивна страна, а камоли самите да се подобрат.
- Духовни фактори: Постојат многу видови на духовни причини кои навистина се и вистинските причини за проблемите во нашите животи. Доста често луѓето треба да претрпат болка поради судбински предодредени настани, влијание од негативните енергии, проблеми створени од страна на преминати предци, блокирана витална енергија, итн. Понекогаш поради медиумот на тешка судбина, едно лице може нема да биде во можност да размислува јасно и со тоа ова станува пречка во правањето напори да стане повеќе самосвесно. Исто така, негативните енергии од духовната димензија би можеле да му го замаглат размислувањето на едно лице, и кај едно лице би можеле да ги зголемат недостатоците на карактерот. Од друга страна, дури и самото разбирање дека ваквите видови на проблеми постојат и можат да ни зададт болка, ни помага да земеме еден пофилозофски поглед кон животот. Всушност, сите поважни/поголеми настани во нечиј живот – добри или лоши – се воглавном поради судбината.
Еден трагач кој учествуваше во сообраќајна несреќа во која тој не беше виновен, интуитивно осетил дека еден дел од неговата судбина завршил. Му се чинело дека во претходниот живот, тој мора да го оштетил другото лице, а со тоа во овој живот другото лице го оштетил него. Со оваа мисла тој успеал да остане стабилен и смирено да продолжи со неговиот секојдневен живот.
2. Заклучок
- Треба да бидеме будни и да внимаваме на такви пречки кои ја успоруваат нашата способност да станеме свесни за нашите недостатоци на карактерот.
- Дури и мала трага на грешка укажана од страна на другите треба сериозно да се сфати, бидејќи може да доведе до откривање на подблакоте проблеми во нашата личност.
- Имањето реакции на други, е повратна информација за нас и е знак на високо его.