Истражување на вибрациите кои се емитуваат од кафето, чајот и млекото забележани со помош на биофидбек опрема

Резиме

Човештвото има огромна придобивка од духовната чистота која се создава кога луѓето водат духовно исправни животни стилови, и во тој случај влијанието на раѓа и тама основните суптилни компоненти (прекумерна активност и незнаење) врз човекот е намалена. Животните стилови вклучуваат дневна рутина, исхрана, облекување, итн. Вo Калијуга, бројот на луѓе кои се држат до духовно чист начин на живот е се помал. Исклучок не се ниту навиките во исхраната. Во овој напис ги наведуваме разликите помеѓу вибрациите кои се емитуваат од кафето, чајот и млекото. Врз основа на ова ќе ја сфатиме важноста да се изберат пијалаци кои ни донесуваат духовна придобивка.

1. Ефекти на кафето, чајот и млекото – духовна перспектива

Чај, кафе и млеко секојдневно се консумираат од страна на милиони луѓе ширум светот. Чајот и кафето се пијалoци кои очигледно се во мода, и може да се рече дека претставуваат највисоко ниво на префинетост во социјалниот живот. Да се послужи гостинот со чај или кафе, е општо прифатена социјална форма. Било едното или другото, и двете се често поврзани со релаксација и состојби на позитивно расположение како што е емпириски докажано во последните децении.

Пиеме чај или кафе според тоа што сакаме или тоа што не сакаме, како би го подигнале нивото на енергија или како пријатна навика, но ние не сме свесни дека тие имаат штетно влијание врз нас. Некои луѓе дури стануваат зависни од нив. Постојат неколку видови на отрови во чајот и кафето. Од друга страна, пиењето Индиско кравјо млеко нам ни обезбедува физичка, психичка и духовна придобиква.

2. Анализи направени со помош на биофидбек опрема

Доколку некој има натпросечно развиено шесто сетило, може лесно да ги согледа духовните вибрации, односно да согледа дали нешто е духовно корисно или не, и соодветно на тоа да донесе духовно исправна одлука во животот.

Некои видови на биофидбек опрема како што се RFI (Resonant Field Imaging) – (уред – сензори за скенирање на телото, објект или на околината) и PIP (Polycontrast Interference Photography: вид на опрема за био снимање) – (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аурата) на кој операторот може да дијагностицира и следи проблеми поврзани со био енергетското поле), можат да ги снимаат вибрациите околу еден предмет и да ги прикажат во визуелен формат. Ова на просечниот човек му дава можност визуелно да ја види аурата или енергетското поле околу предметот.

Клинкнете на овој линк за повеќе информации околу PIP-уредот и неговата употреба.

Во овој експеримент ги истраживме вибрациите кои се емитуваат од чајот, кафето и млекото, со користење на научна биофидбек опрема.

2.1 Резултати од кафето, чајот и млекото добиени од RFI-уредот

Кафе Чај Млеко
RFI отчитувања 534.49 MHz 558.92 MHz 710.23 MHz
Опис на RFI отчитувањата Жолта. Означува позитивност. Жолта. Означува позитивност. Виолетова. Означува вибрации на благосостојба.

2.2 Очитувања од кафето, чајот и млекото добиени од PIP-уредот

Пред: Прво направивме слика на празна чаша и на неа се гледа аурата во и околу чашата. Овде портокаловата боја претставува вибрации на напнатост, зелената означува позитивна енергија и жолтата боја со златни нијанси означува високо ниво на универзални вибрации.

01-MKD_PIP_blank_Coffi_Tea_Milk

Кафе: Потоа, ги фотографиравме вибрациите откако додадовме кафе во чашата. Бојата на кафето, се појавува како темно сина. Оваа боја означува благо-вознемирувачки вибрации. На краевите од чашата со кафе, бојата е црвеникава што означува енергија. Чашата којашто го содржи кафето е опкружена со негативна портокалова боја. Поради портокаловата аура, жолтата аура која означува висок духовен принцип е турната  нагоре. Пространството на оваа жолта аура е помало отколку во ПИП-фотографиите на чајот и млекото. Во средишниот дел од жолтата аура, до одреден степен е присутна и бела аура којашто означува чистота. Експанзивноста на оваа аура е релативно повеќе ограничена од онаа кај чајот и млекото. Зелената аура е поместена подалеку од чашата поради портокаловата аура.

02-MKD_PIP_Coffee

Чај: Следната слика ги покажува вибрациите на чај (црн индиски чај). Чајот емитува негативна портокалова боја, црвена боја којашто означува енергија, и нешто зелена боја којашто означува позитивност. Негативната портокалова боја доаѓа блиску до чашата со чај, но не го допира стаклото. Жолтата аура означува висок духовен принцип и се гледа по страните на чашата до одреден степен. Таа ја ограничува портокаловата аура. Жолтата аура е релативно повеќе присутна отколку во кафето и помалку присутна отколку во млекото. Експанзивноста на белата аура е релативно поголема од онаа присутна во кафето, а помала од онаа присутна во млекото. Зелената аура е поместена подалеку од чашата поради портокаловата аура.

03-MKD_PIP_Tea

Млеко: На крајот направивме слика на млеко. Бојата на млекото забележана од ПИП-уредот е зелена, којашто означува позитивност и духовна чистота. Негативната портокалова боја е потисната надолу од жолтата аура. Жолтата аура се проширува во животната средина. Експанзивноста на жолтата аура во млекото е поголема отколку кај другите слики. Експанзивноста на белата аура во млекото е поголема. Духовно чиста зелена аура до одреден степен се гледа во белата аура.

04-MKD_PIP_Milk

3. Заклучоци

  • Кафето содржи минимална или никаква духовна чистота (сатвикта)
  • Чајот е помалку сатвик во однос на млекото, но е малку повеќе сатвик во споредба со кафето.
  • Со оглед на тоа дека млекото има сатвик вибрации и е здраво, подобро е да се пие млеко отколку чај и кафе.

Горенаведените скенирања и анализи се направени со помош на г-дин Сантош Јоши (Универзален истражувач на енергија, Мумбаи, Индија.)

SSRF апелира до научниците и експертите во оваа област да ни се придружат во проучувањето на различните необјаснети феномени во духовно истражувачкиот центар во Гоа, Индија.