Резиме:
Омпракаш, жител на Дубаи, ОАЕ, беше цели единаесет години зависник од пушење цигари и покрај безбројните обиди да се откаже од пушењето. Учествувајќи во работилница која ја организираше Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), тој дојде до сознание што е основната духовна причина за зависноста и се запозна со мерките за духовно исцелување. Тој веднаш почна со пеење на Божјото Име како мерка за духовно исцелување и ја надмина својата зависност во рок од седум дена. Овој напис се заснова на телефонското интервју со него, направено на 2-ри октомври 2006-та година.
Вовед
Омпракаш (34) е по потекло од Индија. Тој е менаџер за развој на бизниси во Дубаи. Иако тој не е претерано религиозна личност, верува во постоењето на Божествената сила од повисоко ниво. Тој не обавувал никакво пеење или било какви обреди до моментот кога учествувал во работилница организирана од SSRF. Неговата сопруга буквално го принудувала да присуствува на било каква форма на Богослужение. Неговиот татко, исто така, бил зависник од пушење.
Интервју со г-дин Омпракаш
Интервјуерот: Здраво Омпракаш, ви благодариме за пружената можност за ова интервју. Пред да започнеме со интервјуто, честитки за успешното откажување од пушењето.
Омпракаш: (се насмевнува) Благодарам.
Интервјуерот: Дали може накратко да ни ја раскажете кратка историја за вашата зависност од пушење цигари?
Омпракаш: Почнав да пушам во 1995-та година, кога имав дваесет и три години. По доаѓањето во Дубаи, видов како девојки пушат на забави, што е доста необично гледано од традиционална индиска перспектива. Помислив, ако девојките можат да пушат слободно, тогаш зошто јас би се двоумел. Првично тоа беше само заради забава, за да покасно прерасне во навика. Заминаа речиси единаесет години откако почнав да пушам. Во почетокот, пушев само по две до три цигари дневно. Подоцна зголемив на десет до петнаесет цигари дневно.
Интервјуерот: Дали некогаш се обидовте да се откажете од пушењето?
Омпракаш: Неколку пати. Ќе преземев некои мерки да престанам, како на пример некое време носев само ситно (железни парички), наместо банкноти, така да не би можел да купам цела кутија цигари, туку само на рефус, но на овој начин најмногу можев да намалам на шест до осум цигари дневно. Сепак, овој феномен ќе траеше околу една недела, и веднаш после тоа ќе се вратев на старата рутина од десет до петнаесет цигари дневно.
Дури и кога потполно ќе прекинев со пушењето, максимално што можев да издржам беше седум дена, и потоа ќе продолжев.
Порано, додека пушев се осеќав исцрпено, вознемирено и уморно, но кога ќе престанев да пушам, се чувствував уште полошо, бидејќи се јавуваше силна кашлица и настинка. Потоа повторно ќе почнев и тогаш се осеќав подобро. Понекогаш, дури пиев и алкохол секој викенд, но со силата на волјата некако успеав да ја надминам оваа навика.
Интервјуерот: Па, како конечно го надминавте пушењето?
Омпракаш: Се започна после присуствувањето на едно SSRF предавање. За предавањето на темата “Духовно истражување за духовите” одржано на 15-ти септември 2006-та година во Дубаи, дознав од еден семеен пријател кој во храмот видел рекламен видео постер со најава за предавањето. Тој и ме убедуваше да одиме и да присуствуваме на предавањето. Почуствував дека тоа е Божја интервенција да личност како јас, воопшто се заинтересира за таа работилница. За време на предавањето, дојдов до сознание дека зад повеќето зависности стојат духови и дека една од мерките за духовно исцелување е пеење на Божјото Име според религијата на раѓање. Одлучив веднаш да пробам.
Интервјуерот: Што ве натера да ги послушате советите кои ги даде SSRF?
Омпракаш: Едноставно осетив дека моето присуство на тоа предавање е Божја интервенција. Исто така, ми се допаднаа научните објаснувања кои таму ги слушнав. Кога сфатив дека причината за мојот проблем е од духовна природа (т.е. опседнатост), одлучив да му дадам шанса на духовниот лек.
Од тој ден па натаму, почнав да пеам две бројаници (т.е. 2 x 108 пати) пеаницата “Ом Намаха Шиваја” која е и пеаница на нашето семејно Божество. Со помош на прстите се обидував да го задржам бројот на моето пеење. Од тој ден, секогаш кога ќе добиев порив да пушам и да земам цигара во рака, осеќам дека тоа е зло и веднаш ја фрлам. Овој феномен продолжи да се повторува. Сега, поминаа речиси петнаесет дена откако престанав да пушам. Дури немам ниту желба да пушам.
Духовната наука зад исцелувањето: Само ако причината за зависноста е чисто поради духовен фактор, што значи да бидеме под влијание или опседнати од дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.)можеме вака брзо да се ослободиме од зависноста. Пеењето на Божјото Име ја зголемува основната суптилна сатва компонента на два начина.
- Со создавање на заштитна обвивка околу лицето
- Со отстранување на обвивката од црна енергија создадена од страна на духовите околу личноста.
Кај духовите е доминантна основната суптилна тама компонента и кога во лицето кое тие го опседнале ќе се зголеми основната суптилна сатва компонента, тие осеќаат гушење, стрес и страв.
Ве молиме прочитајте го написот “Сатва раѓа и тама – Основни компоненти на креацијата”.
На 22-ри септември 2006-та година, ги обавуваме годишните обреди (шрада обреди) за преминати предци. Мојот покоен татко, исто така, беше пушач. Ми беше речено дека заради тоа треба да испушам една цигара после обредот, како би била задоволена неговата желба. Но не бев во можност ниту да држам цигара во раката, и чувствував како врел жар да паѓа од мојата рака. Мојота сопруга беше изненадена кога го виде тоа, бидејќи беше свесна за мојата зависност од пушењето.
Интервјуерот: Но, зошто чекавте да го споделите сето ова толку доцна со нас, односно по петнаесет дена?
Омпракаш: Затоа што сакав да бидам сигурен дека нема да биде како моите претходни обиди, каде ќе започнам со пушењето повторно во рок од седум дена. Овој пат, сакав да сочекам и да го споделам ова духовно искуство со вас во текот на следното SSRF предавање на тема “Судбина”.
Интервјуерот: Дали продолживте со пеењето, сега кога веќе не пушите?
Омпракаш: Сега пеам уште повеќе. Повеќе не бројам, но пеам додека возам, пешачам и работам. Заради тоа не сум сигурен околу бројот на повторувања.
Интервјуерот: Дали забележавте некоја друга промена кај себе или во други аспекти на животот?
Омпракаш: Да се биде бизнис менаџер за развој е стресна работа. Но веќе не ја доживувам така. Само обавувам пеење и тоа ми го смалува стресот. Дури понекогаш доживувам и мир.
Интервјуерот: Дали членовите на семејството забележаа било какви промени кај вас?
Омпракаш: Да, забележаа промени кај мене, но едноставно не можат да поверуваат во нив, па едноставно ги отфрлаат.
Интервјуерот: Дали ова искуство на ослободување од зависноста го споделивте со други членови на семејството (не од потесното семејство), пријатели, колеги, итн.?
Омпракаш: Да го споделив моето искуство со неколку. Сите тие велат дека им е чудно кога јас го изговарам Божјото Име и потоа се забавуваат на моја сметка.
Интервјуерот: Дали на некој друг пушач или зависник од алкохол му раскажа во врска со ова? Какво беше вашето искуство?
Омпракаш: Да, се обидов да го споделам ова со пријателите кои имаат слични навики, но сите тие ме исмеваат. Ќе сочекам да се случи целосна промена кај мене, за да увидат дека е трајна и тогаш ќе поверуваат.
Интервјуерот: Ќе ви пречи ли да го објавиме вашето искуство на нашиот веб-сајт?
Омпракаш: Се разбира дека не. Зошто би ми пречело? Се молам само дека овој мој случај ќе им помогне и на другите кои патат од зависности.
Забелешка на уредникот: После ова интервју, продолживме да го следиме Омпракаш и неговата зависност. До денот 2-ри мај 2007 година, Омпракаш веќе немаше запалено цигара седум месци и целосно се ослободи од зависноста. Тој дури не чувствуваше потреба да се врати на пушењето. Во текот на тој период, тој упорно обавуваше пеење на Името на неговото семејно Божество.