Ова е анализа на случај каде што медицински тестови не ја прикажуваа вистинската медицинска слика, се додека не беа преземени духовни мерки. Случајот кој следи го раскажува г-дин Сандип Мадаван од Мелбурн, Австралија.
Во 2001-ва година, започнав да обавувам духовна пракса според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука во Мелбурн, Австралија. Истата година, се осеќав се послаб и дојде до прекумерно губење на телесната тежина. Состојбата постепено се влоши во текот на наредните пет месеци, а сите медицински тестови, вклучувајќи и рендгенска слика на градите, беа уредни. Рендген снимките на градите беа направени во вториот и четвртиот месец од мојата болест. Во петиот месец од мојата болест, во посета ми дојде трагач од SSRF. Се изненади кога виде колку сум слаб и колку сум изгубил на тежина, но дијагнозата се уште не беше потврдена, па така немав започнато ниту со терапија. Тој се посомнева дека вистинската причина за овој мој проблем, би можела да биде од духовна природа, па мојот случај го спомнал на SSRF одделението за знаење за духовната димензија. Тие рекле дека поради негативна енергија доаѓа до опструкции во дијагнозата, и дека би требало да пеам одредена пеаница “Шри Рам Ѓаи Рам Ѓаи Рам”.
Препорачаното веднаш го применив во пракса. Неколку дена подоцна отидов да направам друга рендген снимка на градите. Наодот овој пат јасно покажа дека јасно се работи за белодробна туберкулоза (офтика) и веднаш осетив олеснување што конечно имам сигурна дијагноза. Докторите коишто го надгледуваа мојот случај беа изненадени и се прашуваа зошто порано не се покажа на рендген снимките.
Коментари на SSRF:
- Белодробната туберкулоза е болест која може многу лесно да се дијагностицира со помош на рендген снимка на градите.
- Понекогаш негативните енергии можат да предизвикуваат пречки при дијагностицирањето на една болест, што го зголемува ризикот од напредување на болеста.
- Редовната духовна пракса и правилната и точна примена на мерките за духовно исцелување, помагаат лицето да се заштити од ваквите видови на пречки.