1. Вовед
Во ова истражување на случајот, ги претставуваме причините за депресијата на Раул (не е негово вистинско име). Раул беше од недоверлива природа предизвикана од параноично растројство на личноста. Следува сведоштвото за подобрување на квалитетот на животот со примена на духовна пракса.
2. Живот пред бракот
Пред околу десет години, излегував со девојката којашто многу ја сакав. Додека бевме заедно, забележав дека се однесувам посесивно и недоверливо. Порано не се однесував така. Секој ден тоа беше се поизразено, па дојде до тоа да се сомневам во нејзините морални квалитети. Иако не ми даваше повод за сомневање, мојот ум постојано ме мачеше со разни сомнежи; што таа работи зад мојот грб. Имав мисли како: „Со кои машки се сретнува?“, „Дали се облекува провокативно?“, „Дали има врска уште со некој друг?“, „Дали ми е верна?“. Вакви негативни мисли постојано ме опседнуваа и замислував најлоши сценарија, коишто постојано ме мачеа. Живеевме во различни градови и физичката оддалеченост ја влоши ситуацијата, затоа што не можев да ја проверувам. Количината на негативни мисли, коишто ја доведоа во прашање верноста и моралноста на мојата партнерка, ме направија беспомошен и не знаев како да излезам со нив на крај.
Постојано се сомневав, кога зборувавме или се видуваме, ја испрашував што правеше и каде беше. Поради тоа често и постојано се каравме. Јасно беше дека со тоа не исцрпував и двајцата и сфатив дека тонам во депресија. Заробен во вител од сомнежи и посесивност, правев работи со коишто не се гордеев. Ја шпионирав, и праќав писма од лажни и-мејл адреси, со цел да дознам каква е таа во суштина. Се обидував да пристапам до нејзините лични мејлови и така натаму. Животот ми беше исполнет со стресови и непотребни мисли и повеќето време поминував во ментална агонија поради својата беспомошна состојба. Оваа состојба траеше со години, се додека еден ден не ја прекинавме врската.
Ниту после прекинувењето на врската, животот не ми се поправи. Се сомневав во секоја девојка којашто ќе ја сретнев, на работа или на некоја забава. Всушност се сомневав во секоја личност од спротивниот пол. Ја изгубив верата во бракот и мислев дека секоја девојка се преправа, кога се во прашање нејзините чувства. Мојата недоверлива природа неверојатно порасна и животот ми стана многу мизерен.
3. Во потрага по решенија за совладување на паранојата и депресијата
Знаев дека ми треба помош, но не знаев како да ја добијам. Кај психијатар не сакав да одам, затоа што мислев дека ќе ме убедува дека сите девојки не се лоши. (Генерално е забележано дека, параноичените луѓе ретко бараат помош од лекар, бидејќи во нивната природа не е да бараат помош). Конечно, еден ден се поверив на еден близок пријател, којшто беше изненаден од мојата приказна. Неговиот коментар беше дека, тој нема такви мисли. Ми даде неколку предлози, но ниту еден не успеа да ја разбие мојата недоверливост во спротивниот пол, во која што бев навлечен. Тонев во се подлабока депресија. Со редовно гледање на филмови и повремено консумирање алкохол, се обидував да ги свртам мислите и најдам малку одмор од канџите на негативните мисли на недоверба. Одморот секогаш беше привремен бидејќи траеше само неколку часа и никаква интелектуална рационализација не помагаше да се ослободам од негативните мисли.
4. Влошување на проблемите пред и после бракот
После некое време, ја сретнав мојата идна сопруга. Иако навистина ја сакав, и таа не ми даваше поводи да се сомневам во неа, негативните мисли пак се јавуваа и го нарушуваа нашиот однос. Станав екстремно посесивен и сомничав во неа. Ми сметаше кога ќе излезеше од дома и ќе зборуваше со некој. Сознанието, да не знам каде е или што прави и пет минути, ме убиваше. Дојде дури до тоа, да се сомневам и во нејзините машки роднини и продолжив да ја малтретирам секој ден со многу незгодни прашања. Повеќе пати доаѓавме до точка на раскинување на врската, но без оглед на се, се венчавме, но проблемите не исчезнаа ниту после венчавањето. Ми се смачи од животот и од моите недостатоци на карактерот, недоверливоста и посесивноста. Покрај сите овие проблеми коишто растеа, а другите коишто се јавуваа помеѓу нас, сфатив дека повеќе не сакам да живеам.
5. Појава на депресија предизвикана од недостатоците на карактерот по започнувањето на духовна пракса
Бев на крајот на силите и тогаш се појави идеја како да излезам од оваа, наизглед безизлезна ситуација. Одлучив да се свртам кон Духовноста. Почнав да читам Свети книги и да посетувам храмови. Читав за животите на Светците, за да од друг агол ги согледам своите проблеми. Еден ден, мејлот на еден пријател ме упати на сајтот на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Поминував многу часови читајќи ги написите на сајтот и бев уверен дека духовната пракса може во суштина да го подобри мојот живот. Сретнувајќи неколку трагачи во SSRF, започнав полека со духовна пракса. Мојата духовна пракса во тоа време беше ’Третман со солена вода’ (мерка за духовно исцелување), присуство на сатсанзи (Престој во друштво на Божјиот принцип) и пеење на пеаниците ’Шри Гурудев Дата‘ и ’Ом Намо Багавате Васудеваја’. После некое време, исто така, почнав до го пеам Името на семејното Божество.
Неколку месеци после почетокот на духовната пракса со пеење на Божјото Име, почнав да чувствувам дека сум во се поголем мир со самиот себе. Сфатив дека и малите недоверби и посесивности почнаа да се намалуваат. Завесата на депресијата почна полека да се подига и јас имав се повеќе животен ентузијазам. Веќе неколку години постојано вршам духовна пракса, а чувствата на трауми, недоверба и посесивност кон мојата жена, сега се изгледа како далечен, лош сон. Сега животот ми е подобар во секој поглед. Понекогаш чувствувам Блаженство додека вршам сатсева и додека присуствувам на сатсанзите.
Чувствувам неизмерна благодарност кон Бога за овој позитивен пресврт во мојот живот и за ослободувањето од ’канџите’ на негативните мисли и депресијата. Мојата молитва е моето искуство да им помогне на другите луѓе, коишто имаат слични проблеми со моите. Моето скромно мислење за оние коишто сакаат подобар квалитет на животот е, „вложете го сиот свој труд во духовната пракса, а Бог ќе го направи сето останато“. И како што вели Н.С. Др. Атавле, “Ако направиме еден чекор кон Бога, Тој ќе направи десет чекори кон нас“.
Коментар на SSRF
- Маката којашто ја имаше Раул, примарно беше од психолошка природа и произлегуваше од неговите недостатоци на карактерот. Негативните енергии минимално влијаеа на зголемување на проблемите.
- Кога Раул започна со духовна пракса, духовната енергија што се формираше ги поништи импресиите на недоверба и посесивност во неговиот ум. Духовната пракса со пеење на Божјото Име, помогна да се намалат неговите недостатоци на карактерот. Повеќе за ова прочитајте во написот ’Како делува пеењето на Божјото Име?’