Вовед
Г-ѓа Шилпа Дешмук студираше дизајн, а специјализираше за текстил и облека. Таа исто така, е и школувана танчeрка за индиски класични видови на танцови Катак. Моментално целото свое време го посветува обавувајќи сатсева (Служење на Апсолутната Вистина), според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Нејзиниот татко, г-дин Дадаџи Дешмук, е на висока позиција во IBP нафтена компанија во Насик, Индија, а нејзината мајка г-ѓа Шамала Дешмук е домаќинка и трагачка во SSRF. И покрај тоа што Шилпа е сосема млада (24 години), таа потроши една третина од целиот свој живот обавувајќи духовна пракса под водство на SSRF. Поради оваа посветеност, Бог ја благослови со милоста да биде медиум и да прима Божествено знаење.
Забелешка: За да прочитате пример на Божественото Знање примено од оваа трагачка, ве молиме кликнете на линкот кој се наоѓа на крајот од овој напис.
П: Кои се вашите најрани сеќавања на Бога
О: Во моето детство, кога и да се чувствував исплашено во ситуации, како што се да останам сама дома или да имам лош сон, во истиот момент имав силно чувство дека Шри Ганеш е со мене. Ова чувство не само што беше доволно силно да го победи стравот, туку беше присутно се додека ситуацијата не се вратеше во нормала. Не се сеќавам ниту на една ситуација во која Бог не ми помогнал да го надминам стравот. Тоа беше однос како оној “пријател по потреба”, бидејќи тогаш се уште не бев трагачка.
П: Како тогаш вие дефинирате еден трагач?
О: Во моето детство беше како Бог да ме следеше каде и да одев, и што и да правев. Тој ќе ми укажеше на Своето присуство во ситуации во кои имав потреба за тоа. Трагач е некој кој, независно од своите потреби, се обидува да го види Бога каде и да оди, и што да прави.
П: Кога и како станавте трагателка?
О: Не се сеќавам на точниот датум, но мислам дека тоа беше во Јули 1997-ма година, кога потребата да го барам Бога беше толку силна што ме натера да донесам одлука која ми го промени животот – “Јас сакам да го спознам Бога во овој живот”.
Оваа реализација е и ден денес се уште многу жива во мојот ум. Тој 19-ти мај 1997-ма година, Н.С. Др. Атавле, требаше вечерта да говори на јавна средба во мојот роден град Насик во Махараштра, Индија. Отидов со моите родители да обавувам сатсева (Служење на Апсолутната Вистина) така што ќе помогам околу подготовките за средбата. Салата беше преполна. Едвај успеваме да најдеме место да седнеме во последниот ред. Сепак, моето место беше такво што можев добро да го гледам Н.С. Др. Атавле. Повеќе од Неговите зборови, е искуството на кое се уште толку јасно се сеќавам (подоцна дознав дека тоа е духовно искуство). Додека им се обраќаше на присутните, добив чувство дека сум врзана за Него, со некои невидливи, не кршливи јазли. Бев толку импресионирана од Неговата Божествена свесност (Чаитанија), што тогаш решив да обавувам духовна пракса според советите на SSRF. Семето на мојата одлука да станам трагателка беше посеано баш на таа средба.
П: Меѓутоа, да се биде трагач е една работа, а сосема друга работа е да се биде целосно посветен трагач кој се одрекол од комфорот на животот во својата куќа, да би живеел во ашрам. Колку лесна или тешка беше таа одлука?
О: Не се работи за тоа дали одлуката била лесна или тешка, бидејќи таа не беше наметната. Меѓутоа, околностите не беа баш погодни за да одлуката биде лесна. Имав искрена поддршка од мајка ми во се она што го работев како трагателка. Сепак, татко ми имаше цврст став дека треба да се вработам или да започнам некој бизнис. Тој сакаше само остатокот од моето време да го посветам на активностите поврзани со SSRF.
П: Како успеавте да го убедите вашиот татко?
О: Татко ми се противеше на тоа да се посветам само на духовната пракса. Сетете се дека и тој самиот е трагач и посветува многу од своето време за обавување сатсева (Служење на Апсолутната Вистина). Затоа на почетокот ја барав неговата дозвола да бидам отсутна два месеци. После тоа уште еднаш ми се повтори. Кога ги осети моите намери, ми се спротивстави кога отидов да ја барам неговата дозвола по трет пат. Тогаш јасно му ставив до знаење дека мојата единствена намера во овој живот е – “Да го спознам Бога под водство на SSRF, и тоа значи дека треба да бидам трагателка која целото свое време го посветува обавувајќи духовна пракса.
П: Дали е се уште лут на вас?
О: Беше лут некое време, но тоа некако исчезна откако почнав да добивам Божествено Знаење. Кога тој, заедно со мојата мајка, брат и сестра дојдоа и останаа во ашрамот една недела со мене тој октомври, преостанатата лутина потполно исчезна.
П: Кога започна процесот на добивање Божествено Знаење?
О: На 22-ри јануари 2004-та година.
П: Како започна сето тоа?
A: Еден ден откако почнав да престојувам во SSRF ашрамот, или попрецизно на 17-ти декември 2003-та година, Н.С. Др. Атавле ми рече дека индискиот класичен танц ќе биде мој начин за спознавање Бога. Тој ден ме замоли да спроведам различни експерименти на разни положби на телото (мудри) и да направам суптилно отчитување. Пред да започнам со експериментите, се што правев е се молев од дното на моето срце. Иако имав слушнато за суптилни експерименти, никогаш претходно немав спроведувано. Веднаш по молитвите, почнав да добивам мисли за танцот. Инфорамциите што ги добивав од овие мисли беа свежо нови. Најдобро од се беше тоа што, додека ги запишував информациите на компјутерот, се чувствував освежено и блажено. Подоцна во текот на денот, откако му го раскажав тоа на Н.С. Др. Атавле, тој рече: “Протокот на Божественото Знаење започна”.
П: Г-ѓо Шилпа, првиот пат е секогаш посебен и долго се памети, дури и откако тој новитет ќе престане да постои. Но исто така, со себе носи и притисок да и понатаму бидеме способни да примаме Знаење. Како се носевте со тоа?
О: Кога започнав да обавувам суптилно отчитување на мудрите во индискиот класичен танц, осеќав почетничка нервоза. Бев и под притисок да ги исполнам очекувањата на Н.С. Др. Атавле. На неколку моменти притисокот ме стресе. Меѓутоа, откако се помолив, се смирив и протокот на Божествено знаење започна.
П: Како осетивте дека протокот на Божествено знаење започна?
О: Од тогаш, па наваму протокот на Божествено Знаење беше во форма на мисли и визии. Кога ќе се поврзам со Бога, има пријатни вибрации на духовна емоција (Бав) во мојот ум. Не само мојот ум, туку и целото мое тело станува лесно. Брановите од Божествени мисли кои ги дофаќам, се исто така, лесни по природа. Тоа чувство на леснотија трае долго по завршувањето на процесот за тој ден.
П: Дали бевте љубопитна да го дознаете идентитетот на изворот за тоа Знаење?
О: Да, бев. Кога прашав, енергијата се идентификуваше како “Божеството Шива” (една од функциите на Божеството Шива во Универзумот е принципот на Божествениот танц). Всушност, за време на пренесувањето на Божественото Знаење за индискиот класичен танц, неколку пати бев благословена со визија на Самиот Шива, во различни положби на телото (мудри).
П: Дали ве интересира класичниот танц?
О: Да, многу. Ја студирав Катската форма на индиски класичен танц девет години. Положив шест испити по Катак, што е еквивалентно на стекнување диплома.
П: На кој начин ги запишувате примените информации?
О: Било какво Знаење да добијам, го пишувам директно во компјутерот. Настанува проблем тогаш кога немам пристап до компјутер; бидејќи протокот на Знаење може да започне било кога и било каде. Порано, во многу прилики морав да се молам и да преземам вина пред Бога што не Го замолував да го стопира преносот на Знаење да не би го заборавила. Подоцна, усвоив навика секогаш со себе да носам тетратка и пенкало.
П: Претпоставувам дека примањето Божествено Знаење не значи дека вашиот сопствен мисловен процес престанува. Ако е така, како правите разлика помеѓу вашите и Божествените мисли.
О: Во почетните фази, кога почнав да ги добивам овие мисли било кога и било каде, и јас почнав да се прашувам дали тие се мои или Божествени. Поради тоа, почнав да му се молам на Бога да ми помогне да ги разликувам. Како и секогаш, Тој има Свои начини на кои ми говори дека тоа е Божествено Знаење. Секогаш кога мислите се мои, главата ми станува тешка, додека кога мислите се Божествени, не само што и главата ми е лесна, туку сум и полна ентузијазам.
П: Дали протокот на Знаењето тече лесно или има некои препреки?
О: Како што пред малце кажав, протокот на Знаење е секогаш поврзан со чувство на леснотија и ентузијазам. Само понекогаш осеќам тежина во главата или недостаток на ентузијазам, или одбивност да го прифатам Знаењето. Сепак, тоа е само на почетокот и интензитетот се намалува со текот на времето.
П: Дали можете да ни кажете нешто што посебно памтите во оваа фаза на примање Божествено Знаење.
О: Тоа беше фаза во која доживував интензивни духовни попречувања. На 28-ми април 2005-та година, се манифестираше силната негативна енергија (мантрик) која ме попречуваше. Трагачите од одделението на SSRF за знаење за духовната димензија, спроведоа терапија над мене. Јас длабоко заспав. Во сонот имав визија на Н.С. Др. Атавле како седи до мене и ме лечи со цвеќе преку кое се пренесуваше Божествена Енергија. После тоа, неколку дена имав визии на цвеќиња од различни суптилни светови, и за нив добивав Божествено Знаење. Тие денови бев во состојба на постојано Блаженство (Ананд).
П: Какви се тие цвеќиња од суптилниот свет? Како изгледаат? Како мирисаат?
О: Тоа се цветови од различни суптилни светови, кои припаѓаат на различни Божества. Такви цвеќиња не можеме да видиме во овој свет. Нивниот мирис, боја, изглед не можат да се опишат. Ќе наведам неколку примери. Еднаш видов плав цвет од кој зрачеше плава светлина. Во моментот кога имав визија на овој цвет, мојата духовна емоција кон Шри Кришна се пробуди, и на Него му изразував благодарност. Во една друга прилика, имав визија на златен лотосов цвет на Божицата Лакшми. Овој цвет емитуваше духовна емоција и енергија. Духовната емоција беше сина боја, а енергијата бела. Неможам да ви кажам повеќе за овие цвеќиња, бидејќи знаењето за Нив не е потполно и што и да се прими, Н.С. Др. Атавле го проверува за веродостојност.
П: Значи поминаа две години откако примивте Божествено Знаење, зар не?
О: Не баш. По околу осум месеци од денот кога за прв пат примив Божествено Знаење, интензитетот на попречувањето од силната негативна енергија, повеќекратно се зголеми. Ова е една од препреките кога обавуваме духовна пракса, бидејќи духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) се обидуваат да не спречат духовно да напредуваме. Секојдневниот живот станува неподнослив. Тогаш, Н.С. Др. Атавле, ме замоли да престанам да добивам Божествено Знаење. Од тогаш, процесот е повремен.
П: Дали се осеќавте лошо кога ви беше речено така?
О: Не, ни најмалку
П: Г-ѓо Шилпа, што мислите зошто Бог ве избрал вас да пренесувате Божествено Знаење?
О: Прво, поради желбата да учам, и друго, бидејќи сум љубопитна во врска со Духовното Знаење?
П: Дали се осеќате важно или посебно поради ова?
О: Би рекла дека сум благословена да го препознам и најмалото зголемување на егото, и тоа штом ќе се јави. Се молам на Бога, и изразувам благодарност до Н.С. Др. Атавле, што на време ми укажува за зголемување на егото.
П: Дали се променивте откако почнавте да примате Божествно Знаење?
О: Јас и понатаму сум онаа истата Шилпа, можеби малку повеќе понизна.
П: Освен тоа што сте понизни, дали приметивте некоја друга промена кај себе?
О: Да. Концентрацијата е подобра. Мојот ум брзо влегува во состојбата без мисли, и често ги препознавам личните недостатоци на карактерот. Осеќам дека стално сакам да бидам во служба на Апослутната Вистина. Осеќам дека се што правам е Служење на Вистината.
П: Примањето Божествено знаење само по себе е духовно искуство за кое можеме да речеме дека “не е од овој свет”. Дали би сакале со нашите читатели да споделите уште некое интересно искуство?
О: Еден ден, пред да дојдам на испит во средно училиште се помолив “О Боже, дај ми Богољубие, знаење и ослободување од врзаноста” наместо да барам успех на испитот како и обично. Не ми беше јасно зошто ги користев овие зборови. Од тогаш, оваа молитва стана моја навика. Подоцна дознав дека Свами Вивекананда (Светец од Индија), исто така, ги користел овие зборови да му се помоли на Бога. Кога почнав да ги посетувам неделните духовни состаноци (сатсанзи) кои ги организираше SSRF, полека почнав да го сфаќам и значењето на оваа молитва.
П: Дали можете да ни кажете дали вложивте некој посебен труд за да стигнете толку далеку во духовна пракса?
О: Навистина, тоа не беше како да имав поставено високи цели, па потоа истрајно да се трудам да ги исполнам. Иако бев цврсто решена во врска со една работа во животот – да практикувам Духовност и само Духовност. Се што правев е му се молев на Бога за успех.