Што е сатсанг
Престој во друштво на Вистината исто така се вика ’сатсанг’, каде ’сат’, значи Апсолутна Вистина, те. Бог, а ’санг’ се однесува на друштво на трагачи или Светци. Затоа накратко сатсанг означува окружување кое овозможува доживување да сме во друштво на Бога.
Ова е следниот чекор во духовната пракса после пеењето (повторување) на Божјото Име, но тоа не значи дека треба да се прекине со пеењето. На сатснгот треба да се присуствува со пеење на Божјото Име. Секогаш помага кога сме редовно во друштво на луѓе со слични погледи.
Можеме да добиеме многу корист со присуствувањето на сатсангот. Можеме да поставиме прашања за духовната наука и да разјасниме можни дилеми.
Ако имаме било какви дилеми за духовната пракса или за духовните принципи, потребно е да се разјаснат оти во спротивно нема да можеме да практикуваме Духовност со полно срце.
Можеме да ги поделиме своите духовни искуства и разбереме нивното духовно значење. Ова е мотив за секој да биде истраен на овој пат оти го инспирира нечија мотивација.
На суптилно ниво, добиваме корист од Божествената Свесност. Додатната Чистота на (Сатвик) во друштвото на Божјиот принцип (сатсанг) го олеснува духовниот раст. Поради духовната загаденост во облик на раѓа (акција и страст) и тама (инерција и незнаење) елементи околу нас, ни станува тешко дури и да мислиме на Бога и духовната пракса.
Меѓутоа кога сме во група на луѓе која го пеела Божјото Име, се случува спротивното! Лицето добива корист од чистотата на воздухот или Божествената Свесност која од нив зрачи. Понекогаш влегуваме во Сатсанг изморени од животните подеми и падови во текот на неделата, меѓутоа одвнатре се освежуваме и до крајот на Сатсангот се чувствуваме потполно како нови.
Следнава слика илустрира она што навистина се случува на Сатсангот.