Да се понуди на Бога во согласност со својот талент и капацитет

Да се понуди на Бога во согласност со својот талент и капацитет

Секој од нас има на располагање одредени ресурси. Сите тие сме ги добиле од Бога. Основниот принцип во духовната пракса е заправо да се користат овие ресурси како дел од нашата духовна пракса и за духовен раст како би служеле на Бога. Ресурсите што ги имаме генерално можат да се поделат во следните категории:

1. Нашето тело

2. Нашиот имот и световните врски

3. Нашиот ум и интелект

4. Нашето шесто сетило

Да ги погледнеме овие четири аспекти подетално:

1. Нашето тело

Да се служи со телото значи да се користи телото за служење на Бога. Ма пример:

  • Чистење и подготовка на некоја просторија за предавање за Духовноста
  • Превоз на други трагачи до таа просторија
  • Ставање на постери за огласување на предавањата за Духовноста

2. Нашиот имот и световните врски

Пример за служење на Бога со помош на користење на нашиот имот и световните врски би бил:

  • Плаќање за изнајмување на простории каде ќе се одржува некое предавање за Духовноста
  • Организирање на предавање за Духовноста во некоја институција со која сме поврзани на било кој начин

3. Нашиот ум и интелект

Користење на нашиот ум и интелект е користење на нашите креативни и интелектуални капацитети за служење на Бога. Примери за ова можат да бидат:

  • Користење на интелектот за проучување на Духовноста, за нејзино практикување и пренесување на тие искуства на другите.
  • Користење на нашите вештини за пишување за ширење на Духовноста по пат на пишување на написи за Духовноста
  • Давање помош во водење на евиденција и администрација на предавањата или други видови на духовни манифестации

4. Нашето шесто сетило

Некои од нас се надарени со шестото сетило од детство. За тоа можеме да им благодариме на духовната пракса од претходните животи, или од овој живот. На нас е да ја користиме таа способност како би го поттикнале духовниот раст во нас и во другите. Пожелно е шестото сетило да го користиме под водство на Духовниот учител.

Накратко:

  • Кога постојано нудиме она што го имаме да му служиме на Бога како дел од нашата духовна пракса, ние духовно растеме.
  • Дури и ако некој нема имот или развиен интелект, може да го понуди своето тело за служење на Бога и така духовно да расте.
  • Четирите спомнати видови на понуда не се исклучуваат меѓусебно. Ако лицето има развиен интелект и одлично разбирање на Духовноста тоа може да биде склоно да го понуди само интелектот. Меѓутоа, принципот се однесува на “нудење на се што има некој“. Кога лицето има и тело, а има и некој имот, треба да ги понуди заедно со интелектот.
  • Од се што можеме да понудиме, умот и интелектот се најсупериорни, оти преку нив можеме да им помогнеме на другите да ја разберат и спроведат Духовноста во пракса.