Придобивки од пеењето

 

За да го разберете овој напис препорачуваме да ја погледнете презентацијата:

1. Придобивки од пеењето – вовед

Голем број на Светци го објасниле значењето на пеењето. Пеењето е повторување на Божјото Име. Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) истакнува дека пеењето е темел на духовната пракса. Тоа е најпогодна духовна пракса за времето во кое живееме. Ефектот е поголем ако се работи во себе а не на глас.

Важност на пеењето: Подсвесниот ум во себе носи милиони импресии. Да би се избришала барем една импресија потребно е да пројде многу време. Затоа е многу поважно да вложуваме постојан труд кон соединувањето со Бога, наместо да се губи многу време на зауздување и контрола на тенденцијата на нашата потсвест. Наместо да се обидуваме да ги избришеме импресиите од умот кои всушност произлегуваат од нашата основна природа, со пеењето на Божјото Име можеме заправо тоа да го постигнеме. Умот, интелектот, потсвеста, се дел на нашата основна природа и функционираат во согласност со нивните карактеристики. Наместо да ја трошиме својата духовна пракса да ги совладуваме, целта побргу ќе ја достигнеме ако таа иста духовна пракса ја користиме за напредување кон Божјиот принцип, постанувајќи едно со Божјото Име кое го пееме. – Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ

2. Суптилни придобивки од пеењето

Долниот цртеж заснован на духовното знаење го нацрта Гѓа. Јоја Вале, трагачка во SSRF, со користење на своето напредно шесто сетило. Јоја има способност да ја види суптилната димензија која на луѓето обично не им е видлива и тоа што го види го пренесе преку цртеж. Таа ги црта овие цртежи како дел на својата духовна пракса и служење на Апсолутната Вистина. Точноста на цртежите ги проверува Неговата Светост Др. Атавле.

Сликата подолу ги прикажува придобивките од пеењето на Божјото Име.

Набљудувајќи го овој цртеж можеме да го заклучиме следното:

  • Прстен на духовна емоција се активира околу Срцевата чакра, сместена во пределот на срцето
  • Проток на Божествениот Принцип го привлекува Челната чакра, или третото око
  • Проток на Божествена Свеснот привлекува лицето со пеење на Божјото Име
  • Прстен на Божествена Енергија (Шакти) се создава околу Челната чакра

Со пеењето добиваме корист од суптилните позитивни фреквенции кои пеењето ги привлекува и се емитираат од Божјото Име.

3. Здравствени, психолошки и духовни придобивки од пеењето

Пеењето ни овозможува  здравствени, психолошки и духовни придобивки. На почетокот на духовната пракса тешко е да ја препознаеме користа што ја добиваме  од пеењето.   Во подоцнежната фаза, спознавањето на придобивките од пеењето, ја зајакнува нашата верба.

Ако пееме со намера да ја постигнеме основната цел на човечкиот живот, а тоа е духовниот раст, тогаш можеме да ја постигнеме нашата цел и ги искусиме сите останати придобивки од пеењето.