Компаративно истражување на комерцијална слика од Божеството Шива и слика направена од страна на трагачи со помош на ПИП-технологија

Главен истражувач: Др. Нандини Самант, МББС, ДПМ

Код на истражувачката студија: ПИП-01

За подобро да го разберете овој напис, ве молиме прочитајте го нашиот напис – Вовед во истражување засновано на духовната наука со користење на техниката поликонтрасна интерферентна фотографија

Содржина

1. Вовед

Религиозните симболи как што се сликите од Исус Христос, Божествата како Шива, Шри Кришна, Светци, Крстот, Ѕвезда, Полумесечина и симболот Ом, се широко користени од страна на Божјите трагатели, според нивната религија на раѓање, како важна алатка во нивното Богослужење. Многу трагачи искусиле дека гледањето во сликите им помага да воспостават концентрација.Тоа е посебно случај кај трагачите кој се во почетните фази на духовна пракса. Оваа придобивка е воглавном на психолошко ниво.

Меѓутоа, сликите играат на многу подлабока улога на духовно ниво т.е. во димензијата која е надвор од сетилата, умот и интелектот. Овие слики делуваат како антени кој го привлекуваат Божјиот Принцип од атмосферата во сликата, и го пренесуваат према поклоникот. Колку повеќе сликата се совпаѓа со оригиналната форма на Божјиот Принцип, толку повеќе може да го упие и пренесе Божјиот Принцип.

2. Основни каратеристики на цртежите на Божества засновани на знаењето за суптилната димензија направени од страна на трагачите под водство на Н.С. Др. Атавле.

2.1 Слики на Божества направени за комерцијална продажба

Повеќето комерцијално направени слики на Божества, се во состојба да дофатат само 1-2% од Божествената Енергија/Божествена свест на Божеството. Ова е затоа што:

Сликите се нацртани на основа на имагинацијата на уметникот без никаков ефективен напор во обидот да се согледа и потоа точно да се наслика оригиналната форма на Божеството. Под точноста мислиме на суптилната способност да се видат/приметат сите нијанси на Божеството. Кога се работи така, Божествената свест во Божеството автоматски се фаќа на сликата.

Главните пречки за ова се:

  • Недостаток на потребното високо духовно ниво на уметникот, да би можел да ги согледа/перцепира вибрациите на Божеството, и
  • Недостаток на водство од духовно возвишен Светец.

2.2 Цртежи засновани на знаењето за суптилната димензија нацртани од страна на трагачи под водство на Н.С. Др. Атавле.

Следниве се основните каратеристики на цртежите засновани на знаењето за суптилната димензија нацртани од страна на трагачи под водство на Н.С. Др. Атавле.

  • Трагачите уметнци се впуштија во целиот проект како дел од нивната духовна пракса која за цел има Богоспознавање.
  • Секоја линија и нијанса на боја во цртежите засновани на знаењето за суптилната димензија се завршуваат со помош на знаења за оригиналната форма на Божеството во медитативна состојба, и кој потоа го потврдува Н.С. Др. Атавле.
  • Друг активен фактор кој делуваше во овој проект е одлуката/намерата на Н.С. Др. Атавле.
  • Овој проект беше покренат од Н.С. Др. Атавле, за да на трагачите ширум светот им обезбеди цртежи засновани на знаењето за суптиланта димензија кој содржат до 30% од оригиналниот Принцип на Божеството. Во денешната ера (Калијуга), ова е максималната количина на Принципот од Божеството кој може да се добие во цртежите засновани на знаењето за суптилната димензија. Ова е и максималната количинa на Принципот од Божеството кој повеќето луѓе можат да го толерираат во општеството поради нивното просечно ниско духовно ниво.
  • Важноста на таквите сатвик цртежи засновани на знаењето за суптилната димензија е дека:
    • Цртежите засновани на знаењето за суптилната димензија кој одговараат на оригиналната форма на Божеството, го олеснуваат Богопоклонството на трагачите, бидејќи самите цртежи засновани на знаењето за суптилната димензија, многу допринесуваат за количината достапен Приницип од Божеството. Останатото зависи од желбата, верата и посветеноста на трагачите.
    • Овие цртежи засновани на знаењето за суптилната димензија, со самото тоа што во нив има високо ниво од Принципот на Божеството, делуваат како одлични средства за духовно исцелување.

Цртежите засновани на знаењето за суптилна дименизија беа направени во серија од напори на трагачите уметници. Така, како што духовното ниво и духовната емоција на трагачите уметници се зголемуваше, добивме серија на цртежи засновани на знаењето за духовната димензија со се поголема способност да го упиат и пренесат соодветниот Принцип од Божеството. На пример, цртежот на Божеството Шива заснован на знаењето за суптилната димензија, користен во овој експеримент, беше готов во 2008-ма година. Можеше да упие и пренесе 15% од Принципот на Божеството Шива. Цртежот на Божеството Шива заснован на знаењето за суптилната димензија кој го имаме денес во 2011-та година. Може да упие и пренесе 28.7% од Принципот на Божеството.Компаративно истражување на комерцијална слика од Божеството Шива и слика направена од страна на трагачи со помош на ПИП-технологија

3. Методологија

Во ова истражување го споредивме статусот на позитивноста на цртежот на Божеството Шива заснован на знаењето за суптилната димензија, нацртан од страна на трагачите под водство на Н.С. Др. Атавле, со комерцијална слика на Божеството Шива, користејќи ПИП-техинка.

3.1 Колекција на примери

Овој експеримент беше спроведен на 23-ти септември 2008-ма година. Цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија направен од трагачи беше по големина од 2-ва инчи (10.16 cm) x 3-ри инчи (15.24 cm). Комерцијалната слика беше слична по големина

Компаративно истражување на комерцијална слика од Божеството Шива и слика направена од страна на трагачи со помош на ПИП-технологија

3.2 Метод на правење фотографии со ПИП-опрема

Поставивме цртеж заснован на Божеството Шива заснован на знаењето за суптилната димензија кој е направен од трагачи, и комерцијална слика во два слчни мали бели коверти. Секој коверт е потоа ставен во бел поголем плик, еден по еден. Овој коверт е потоа ставен на ПИП платформа така да едната страна од пликот биде свртена према ПИП камерата. Поставеноста на овие поголеми коверти беше идентична и во двата случаи. Снимки на двата мали коверти се направени со ПИП камерата без да се променат почетните подесувања на камерата.

Ја проучувавме и сликата и цртежот на Божеството Шива заснован на знаењето за суптилната димензија, користејќи Црно/Бел, Монет, ПИП и Пејсажни филтери.

4. Опсервации

4.1 Црно/Бел филтер

Компаративно истражување на комерцијална слика од Божеството Шива и слика направена од страна на трагачи со помош на ПИП-технологија

Црно бел/Филтер Бои Комерцијална слика Цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија направен од
Енергетското поле на објектот Светло сина Средно Помалку
Темно сина Помалку Повеќе
Розова Помалку Повеќе
Енергетското поле околу објектот Црвена Повеќе Средно
Жолта Средно Средно
Зелена Помалку Средно

Споредено со комерцијалната слика од Божеството Шива, цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија покажа:

  1. Повеќе темно сина и розова боја кој укажуваат на позитивност во енергетското поле на објектот.
  2. Помалку црвена боја која укажува на негативност во енергетското поле кое го опкружува објектот.

Заклучок

Во енергетското поле на објектот има повеќе позитивност.

Во енергетското поле кое го опкружува објектот има помалку негативност.

4.2 Монет филтер

Компаративно истражување на комерцијална слика од Божеството Шива и слика направена од страна на трагачи со помош на ПИП-технологија

Монет филтер Бои Комерцијална слика Цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија направен од
Енергетското поле на објектот Жолта Повеќе Помалку
Зелена Помалку Средно
Розова Занемарливо Средно
Портокалова Средно Занемарливо
Енергетското поле околу објектот Црвена Средно Помалку
Зелена Повеќе Повеќе

Споредено со комерцијалната слика од Божеството Шива, цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија покажа:

  1. Повеќе зелена и розова боја, кој укажуваат на позитивност во енергетското поле.
  2. Повеќе зелена боја која укажува на позитивност во енергетскто поле кое го опкружува објектот.

Заклучок

Во енергетското поле на објектот има повеќе позитивност.

Во енергетското поле кое го опкружува објектот има повеќе позитивност.

4.3 ПИП филтер

Компаративно истражување на комерцијална слика од Божеството Шива и слика направена од страна на трагачи со помош на ПИП-технологија

ПИП филтер Бои Комерцијална слика Цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија направен од
Енергетското поле на објектот Жолта Повеќе Помалку
Зелена Занемарливо Средно
Розова Помалку Повеќе
Портокалова Помалку Занемарливо
Енергетското поле околу објектот Портокалова Средно Помалку
Зелена Средно Повеќе

Споредено со комерцијалната слика од Божеството Шива, цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија покажа:

  1. Повеќе розова и зелена боја, кој укажуваат на позитивност во енергетското поле на објектот.
  2. Повеќе зелена боја која укажува на позитивност во енергетското поле кое го опкружува објектот.

Заклучок

Во енергетското поле на објектот има повеќе позитивност.

Во енергетското поле кое го опкружува објектот има повеќе позитивност.

4.4 Пејсажен филтер

Компаративно истражување на комерцијална слика од Божеството Шива и слика направена од страна на трагачи со помош на ПИП-технологија

Пејсажен филтер Бои Комерцијална слика Цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија направен од
Енергетското поле на објектот Црни точки Средно Отсутни

Споредено со комерцијалната слика од Божеството Шива, цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија покажа:

  1. Отсуство на црните точки, што укажува на позитивност во енергетското поле на објектот.

Заклучок

Во енергетското поле на објектот има повеќе позитивност.

4.5 Заклучна опсервација за статусот на позитивноста/негативноста на цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија од Божеството Шива направен од трагачи во споредба со комерцијална слика

Филтер Енергетско поле Статус на Позитивноста/Негативноста
Црно/Бел На објектот Повеќе позитивност
Околу објектот Помалку негативност
Монет На објектот Повеќе позитивност
Околу објектот Повеќе позитивност
ПИП На објектот Повеќе позитивност
Околу објектот Повеќе позитивност
Пејсажен На објектот Повеќе позитивност

5. Заклучок од експериментот

  • Кај цртежот заснован на суптилното знаење од Божеството Шива кој е нацртан од трагачи, енергетското поле на објектот покажа повеќе позитивност во сите филтери
  • Енергетското поле кое го опкружува објектот покажа повеќе позитивност кога се употребуваа ПИП и Монети филтрите кај цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија од Божеството Шива кој го нацртале трагачи, споредено со комерцијалната слика. Кога се направени снимки со помош на Црно/Бел филтер, во енергетското поле околу објектот, имаше помала негативност кај цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија од Божеството Шива кој го нацртале трагачи, споредено со комерцијалната слика.

Од претходно наведеното можеме да заклучиме дека цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија од Божеството Шива кој го нацртале трагачи, е попозитивен од комерцијалната слика.

6. Допринос од одделението за знаење за духовната димензија

Обемот и обликот на функционирањето на секоја компонента се менува во зависност од околностите во секој поединичен момент.

Прашање: Во компаративното истражување на цртежот на Божеството Шива заснован на знаењето за суптилната димензија кој е нацртан од трагачи под водство на Н.С. Др. Атавле и комерцијална слика на Божеството Шива, енергијата која го опкружува цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија нацртан од трагачи, покажа повеќе позитивност во снимиките направени со помош на ПИП и Монет филтрите, споредено со комерцијлната слика. Меѓутоа, отчитувањето на снимките од истата слика направена со Црно/Белиот филтер, покажа намалување во негативноста, а не повеќе позитивност споредено со комерцијалната слика како во првите два филтри. Која е причината за ова.

Одделение за знаења за духовната димензија: Функционирањето на секој објекот кој емитува Божествена свест (Чаитанија), се менува од момент во момент. Ако атмосферата е погодна за позитивна мисија, Чаитанијата која се емитува од објектот може да функционира приближно на максимално ниво на сатвикта. Ова е затоа што не постои отпор од вознемирувачки вибрации во атмосферата.

Кога ПИП снимки на комерцијалната слика од Божеството Шива и онаа направена од трагачите беа направени со помош на ПИП и Монет филтрите, нападите од негативните енергии на цртежите засновани на знаењето за суптилната димензија, беа минимални. Ова е причината зошто цртежи засновани на знаењето за суптилната димензија направени со помош на овие филтри покажаа емисија на позитивна енергија од овие цртежи на засновани на знаењето за суптилната димензија на Божеството Шива.

Меѓутоа, кога беа направени снимки со помош на Црно/Белиот филтер, бидејќи во текот на нивното генерирање имаше напади од негативни енергии на сликите, во околината во голема мера постоеа отпорни вибрации. Ова е причината зошто заклучокот се однесува на процентот на негативност. Бидејќи цртежот засновано на знаењето за суптилната дименизја на Божеството Шива нацртан од трагачи е повеќе сатвик во споредба со комерцијалната слика, беше забележана помала негативност во енергетското поле кое го опкружува овој цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија. Обемот и обликот на функцинирањето на секоја компонента се менува во зависност од околностите во секој поединичен момент. Филтрите генерираат снимка врз основна на ова. Меѓутоа, зошто заклучоците од различните филтри за иста компонента се разликуваат, може да го објасни само духовната наука.

7. Клучни учења

7.1 Важноста на сатвик цртежи на Божества засновани на знаењето за суптилната димензија

Ова истражување покажа дека сатвик цртежи на Божества засновани на знаењето за суптилната димензија нацртани од трагачи под водство на Светци, емитуваат повеќе позитивност, отколку комерцијалните слики. Оттука, таквите цртежи засновани на знаењето за суптилната димензија се покорисни за Богослужење (за поклоникот), отколку сликите кој се од комерцијална природа. Затоа, можеме да се обидеме да користиме такви сатвик цртежи засновани на знаењето за суптилната димензија или нашите религиски симболи за Богослужење, секогаш кога е можно.