Духовна пракса со очекувања и без очекувања

1. Дефиниции

  • Духовна пракса со очекувања (сакамсадна): Духовна пракса која се врши со очекувања на световни добивки. На пример: Изговарање на молитви, давање придонеси, пост или вршење на ритуали со цел за остварување на одредени световни придобивки како што се:
    • Богатство
    • Вработување
    • Пронаоѓање на изгубени работи
    • Зачнување на дете
    • Оздравување
    • Сигурност за саканата личност
  • Духовна пракса без очекувања (нишкамсадна): Духовна пракса која се врши само со една цел – духовен раст. Значи, според овој начин на духовна пракса, трагачите ќе вршат духовна пракса правејќи ја секоја активност во својот живот со цел духовно да растат. Ако се соочат со тешки ситуации, заправо тие ситуации ќе ги искористат за духовен раст намалуваќи го егото или препуштајќи го исходот од ситуацијата на Божјата волја.

Погледнете го написот: Во што е разликата помеѓу молитвите со очекувања и без очекувања?

 

2. Поредување на сакам и нишкам начините на духовна пракса

  • Додека вршиме духовна пракса, се креира одредена количина на духовна енергија. Кога добиената духовна енергија е насочена кон световна добивка како што е според сакам начинот на духовна пракса, желбите можат да се исполнат, но нема да дојде до духовен раст. Тоа е како кога пробаме да наполниме напукнат сад; садот никогаш нема да се наполни. Кога вршиме нишкам духовна пракса, тогаш сета енергија добиена од духовната пракса се користи за духовен раст. Кога Божјиот трагач врши нишкам духовна пракса, не добива само духовен раст туку и неговите материјални и световни барања се исполнети.
  • Трагачот доживува световна среќа вршејќи сакам духовна пракса, додека блаженство доживува со вршење нишкам духовна пракса.

 

  • Додека вршиме сакам духовна пракса, активираме избавувачка форма по Божјиот принцип. Конечниот резултат на нашите молитви или желби највеќе зависи од интензитетот на нашата духовна пракса (садна) и од нашата судбина. Вршејќи нишкам духовна пракса го активираме Гуру принципот или Учителскиот Божествен принцип кој се грижи за нашиот духовен раст. Меѓутоа, со тоа исто така активираме избавувачка форма на Бога. Ако трагачот кој практикува нишкам духовна пракса, му смета или му создава проблеми некое друго лице, тогаш уништувачката форма на Бога ќе биде активирана за да го заштити трагачот и го оневозможи другото лице.
  • Сакам духовната пракса не може да ни обезбеди постојаност. На пример, да претпоставиме дека лицето врши духовна пракса за да си овозможи богатство. Еднаш кога ќе го добие богатството нема на тоа да застане. После тоа веројатно ќе се моли за добро здравје, добра сопруга, дете, итн. Така ќе биде заробен во маѓепсаниот круг, обидувајќи се да ги задоволи разните желби. Барањата не можат да завршат, затоа што секогаш има нешто ново што треба да се исполни. Значи, никој не може да доживее потполно задоволство со овој начин на духовна пракса. Меѓутоа, со нишкам начинот на духовна пракса, кога се оствари единствената цел, а тоа е духовен раст, трагачот почнува да го сфаќа своето вистинско Јас и Бога. На ова ниво на духовен напредок тој добива долготрајно искуство на константно Блаженство.
  • Сакам духовната пракса е насочена кон Божјата креација, односно на создадените објекти, додека нишкам духовната пракса е насочена кон Креаторот. Сакам духовната пракса е насочена на добивање на работи во големата илузија – Маја, додека поентата на нишкам духовната пракса е спознание и доживување на Апсолутната Вистина – а тоа е Бога.