Во духовноста интелектуалното знаење има само 2% важност, додека 98% значење лежи во доживувањето на тоа знаење. Овие искуства ги викаме духовни искуства и тие ни помагаат да изградиме вера во нашето интелектуално разбирање на духовната наука. Духовните искуства можат да се манифестираат на многу начини.
Некои од непосредните докази се кога некој чувствува нешто со помош на петте сетила и ако не постои рационален извор на тоа доживување.
На пример, лицето медитира во тивка соба и ги затворило вратата и прозорците за да нема попречувања. Одеднаш почне да чувствува мирис на сандаловина. Тоа ја заинтересира и почнува да гледа околу себе за да го открие изворот на мирисот тражејќи по куќата, или дури отворајќи ги прозорците. Мирисот ја следи каде и да оди. Тоа е начин кој Бог го користи за да не охрабри. За повеќе информации погледнете го написот за духовните искуства.
Од друга страна, некој може да доживее како Божјата интервенција работи така што духовниот принцип, или концепт ќе го примени во својот живот. Така тој развива вера во тој принцип и потполно го усвојува.