1. Вовед
Алберт Ајнштајн (14. март 1879. – 18. април 1955.) е надалеку познат како еден од најголемите физичари на сите времиња. Списанието Тајм го прогласи за личност на 20-ти век. Земајќи ги во предвид неговите високи достигнувања во световниот живот како научник, спроведовме духовно истражување на неговиот живот, за да ја разбереме духовната позадина и колку постигнал и напредувал во духовниот живот. Почувствувавме дека ова учење може да им биде од корист на сите научници.
2. Духовно истражување на минатиот живот на Алберт Ајнштајн
Преку духовното истражување, откривме дека пред овој живот на Земјата, Алберт Ајнштајн бил на духовно ниво од 50%, и дека, благодарејќи на големите заслуги од претходниот живот, неколку месеци престојувал во суптилниот регион на Рајот (Сваргалока). Рајот е почетен позитивен суптилен регион, каде што тој се потсмевал на божествената игра на некои небесни суштества. За казна, неговиот престој во регионот на Рајот бил прекинат и морал повторно да се роди на Земјата. И покрај тоа, стекнал слава на Земјата, а поради својата глупост во Рајот, морал да се откаже од возвишените задоволства и отсуство на незадоволствата во било која смисла, кои што би ги имал во Рајот. Споредувајќи ги искуствата во Рајот со циклусите на среќа и несреќа кои што животот на Земјата ги овозможува, тоа само по себе е казна.
3. Пристап до знаењето на Алберт Ајнштајн на Земјата
Имал голема желба да му помогне на човештвото преку науката. Благодарејќи на високото духовно ниво, имал способност да пристапи до петиот регион на знаењето во Универзумот, преку суптилниот аспект на умот. Како луѓето можат да пристапат до знаењето со помош на суптилниот ум и интелект, објаснивме во написот за шестото сетило.
Универзалниот Ум и Интелект го содржат знаењето за целиот Универзум. Поради тоа, за секое прашање постои одговор. Универзалниот Ум и Интелект функционираат преку медиумот на сите седум региони на знаењето во форма на суптилни фреквенции. Значи, седумте региони на знаењето се состојат од разни суптилни фреквенции. Во зависност од духовното ниво, лицето може да прими знаење од соодветните виши суптилни фреквенции. Седмиот регион на знаењето е највисок и најсуптилен.
Поради љубопитноста и духовното ниво, бил во состојба да ги согледува духовните мисли од вишите суптилни региони на знаењето. Всушност, повеќето од неговите најголеми откритија, како што е формулата E = mc2, се откриени благодарејќи на пристапот до регионите на знаењето. Сепак, пристапот до духовното знаење се задржал само на ментално ниво, затоа што и покрај високото духовно ниво, Алберт Ајнштајн немал добра основа за духовно размислување и разбирање.
Проблемот бил во тоа што, Алберт Ајнштајн не бил во можност да го преведе духовното знаење и го преобрази во применета форма, за духовен развој на човештвото. Затоа мислите што ги добивал не биле спуштени до ниво на делување, те. не биле вклучени во неговите теории.
Некои од помоќните негативни енергии, се обиделе да го попречат Ајнштајн, додека ги примал мислите од петтиот регион на знаењето. Пробале да го украдат тоа знаење и да го свртат со помош на нивната црна енергија, за да го дадат на научниците атеисти. Намерата им била да ги поттикнат научниците атеисти, духовните мисли да ги протолкуваат на научен начин и со тоа да ја негираат духовната наука. Но тие научници не биле брилијантни како Ајнштајн и не само што биле далеку од тоа да откријат нови принципи засновани на тоа знаење, туку воопшто не можеле ниту да ги разберат.
4. Занемарување на духовната цел
Врз основа на Божествените дарови како што се брилијантниот интелект, стабилноста и упорноста, направил револуција во научниот свет и ги поставил темелите за следните генерации на научници. Но, подоцна, станал премногу преокупиран со науката и не се занимавал со вистинската смисла на животот – Богоспознание.
Целиот денешен образовен систем се сведува на помош околу световните настојувања и успеси во световниот живот. Сепак, тоа не е целта на нашиот живот. Целта на животот е подмирување на сметките на земање и давање и духовниот раст, додека конечно не се соединиме со Бога. Тоа е нешто што модерната наука го игнорира во својата програма. Според тоа, доколку нашите световни активности во позадина ја немаат духовната перспектива, те. ако немаат намера за подигање на духовното ниво на човештвото, кармички долговите се зголемуваат и така не задржуваат во циклусот на раѓање и умирање.
5. Единствено Светците имаат способност да бидат добри научници
За да науката биде Апсолутна, мора да ги земе во предвид сите димензии, те. физичката, психолошката, но исто така и духовната. Бидејќи модерната наука не ја зема во предвид духовната димензија, таа е постојано релативна и предмет на чести промени. Токму затоа, тоа е причината за разни меѓусебно спротивставени теории, кои што се занимаваат со иста тематика. На пример, во почетокот се тврдеше дека светлината се состои од честички, потоа дека е во форма на бранови, за да на крајот се тврди дека има двојни карактеристики и дека е составена од честички и од бранови.
Само духовната наука, која што ја вклучува духовната димензија во целост, е Апсолутна и непроменлива. Поради тоа, теориите на духовната наука остануваат целосно непроменети, но начинот на нејзината примена се менуваат според времето.
Иако научниците се брилијантни луѓе, кои што пронаоѓаат научна основа зад материјалните световни настани во животот, вистинскиот повод или основната причина зад научната основа, може да се спознае само преку духовната наука. До моментот на сфаќањето на вистинската причина, научникот иако брилијантен и познат, се уште зазема подредена положба од духовна гледна точка. Само Светците можат да бидат добри научници, затоа што тие можат да ги разберат научните како и духовните причини зад настаните. Парадоксот е во тоа што Светците, иако имаат најдобра можност да бидат научници, своето гледиште на истражувањето и стекнување на знаење, целосно го насочуваат кон помагање на човештвото да го спознае Бога, а не кон световните пронајдоци.
6. Проблеми на научниците на модерните науки
Бидејќи научниците функционираат во состојба на релативноста, а не на апсолутноста, секогаш се незадоволни и напнати. Со секое ново откритие и изум, научниците се соочуваат со чувството на непотполност прашајќи се: „Што е следното?“. Ова често води кон се поголеми очекувања од животот. Во текот на подоцнежните години од животот, кога нивното тело повеќе не функционира во согласност со нивните желби, односно кога ќе остарат и изнемоштат, квалитетот на животот нагло им се намалува. Истиот процес му се случил и на Ајнштан. Иако однадвор се чинело дека е среќен, очите му делувале тажно. Причината за тоа е што самата страст по науката не може да овозможи целосно задоволство. Оттука секое ново откритие се покажува нецелосно и на крај води во депресија.
Од друга страна, Светците секогаш активностите ги започнуваат без очекувања и не се врзани за световните задоволства. Секогаш имаат чувство дека „Јас живеам да му служам на Бога и Бог се прави преку мене“. Нивното его е сосема мало и поради што живеат живот исполнет со Блаженство и се ослободени од циклусот на раѓање и умирање.
7. Духовен исход од животот на Алберт Ајнштајн
Иако некој може да се роди со Божествени квалитети како што е љубопитноста, доколку не е насочена кон спознанието на Бога, не овозможува лицето да живее како трагач. Ајнштајн имал интензивна љубопитност, која што го водела кон активирање на неговиот суптилен ум. Меѓутоа, поради недостатокот на духовна пракса со цел на спознание на Бога, ова активирање не траело засекогаш. Затоа не можел да добие придобивки од Божественото, односно вистинското духовно знаење. Според тоа, неговиот живот, иако исполнет со световна популарност, од духовен агол бил неадекватен. Затоа Алберт Ајнштајн, кога умрел, заминал во Чистилиштето (Бувалока), регион понизок од суптилниот регион на Рајот, од каде што дошол.
Ве млиме видете го написот: ’Живот после смртта – Што се случува откако ќе умреме?’
Доколку брилијантниот интелект не е надополнет со духовна пракса, која што е во согласност со шестте основни принципи на духовноста, тогаш животот на лицето, гледано од духовна перспектива е потрошен бадијала, и покрај постигната слава и помошта на човештвото гледано од световна перспектива. Ајнштајн е добар пример за ова правило. Таквата загуба може да се избегне, надополнувајќи го световниот труд со духовна пракса која што е во согласност со шестте основни принципи на духовноста.