MKD_Adoption-LP

1. Вовед во посвојување дете

Кога паровите не се во можност да имаат деца, практиката на посвојување деца им го ветува искуството на потенцијалните родители, како и среќата да се има деца. Секоја година, насекаде низ целиот свет се посвојуваат стотици илјади деца. Во развиените земји, за посвојување дете се плаќа и до 50.000 илјади долари. Установено е мислење дека посвојувањето е пат кон подобра и постабилна иднина за посвоеното дете. Во овој напис, нудиме увид во духовната перспектива за:

  • практиката давање дете на посвојување, и
  • практиката посвојување дете

2. Духовните фактори за неплодноста и неможноста да се зачне

Разбирлива е желбата на семејствата кои немаат деца да ги посвојат, бидејќи желбата да се има деца е сосема природна. Проблемите со зачнувањето можат да бидат многу болни, особено кога не ја знаеме причината.

Во следната табела се опфатени причините поради кои не доаѓа до зачеток.

Причини за неможноста да се зачне
Тип Проценти
1. Генетски (биолошки фактори) 20
2. Психолошки фактори 30
3. Духовни фактори поради судбината 50
3A. Проблеми со суптилните тела на преминатите предци (35)
3B. Проблеми со негативни енергии (15)

Извор: Духовно истражување на SSRF.org од 2014 година

1. Генетските и биолошките фактори вклучуваат проблеми со овулацијата, хормонска нерамнотежа, проблеми со блокирани јајцеводи, и нарушувања на сперматогенезата кај мажите.

2. Психолошки состојби, како што се депресија и стрес, можат да го намалат либидито и може да дојде до промени на хормонско ниво (хемикалии кои ги произведува телото).

3. Духовни фактори:

a. Можен знак дека се работи за духовен проблем е кога докторот ќе дијагностицира кај пациентот “необјаснив проблем за неплодноста” или ако тој или таа неможе да ја пронајде причината за проблемот со зачнување.

b. Проблеми со зачнување предизвикани од суптилни тела на преминатите предци, можат да се надминат со пеење на името на Божеството Дата.

c. Семејствата без деца, исто така, можат да ја намалат тежината на својата судбина, обавувајќи интензивна духовна пракса според шесте основни принципи на духовна пракса.

d. Ако парот неможе да зачне дете и покрај нивните најдобри напори, тогаш од духовна перспектива е најдобро да се прифати Божјата волја, и да го насочат сиот свој труд на духовен раст во овој живот.

e. Сепак, од духовна перспектива може да разбереме дека наша судбина е да немаме деца, и едноставно тоа да го прифатиме. Исто така, во следниот дел од овој напис, детално е објаснето за оние кои имаат намера да посвојат, какви се последиците од таквата одлука.

SSRF на својата интернет страница посвети доста написи со објаснувања за суптилните тела на преминатите предци, судбината, демонска опседнатост и надминување на духовни проблеми.

3. Духовни последици на посвоеното дете и на посвоителите

Во денешно време, речиси секој од нас доживеал некаков облик на попречувања предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Семејствата кои не можат да имаат деца, воглавном имаат благи до сериозни попречувања предизвикани од предците. Се почесто тоа е главната причина за неплодноста и неможноста да се има деца. Кога едно семејство кое е има сериозни попречувања чија причина се суптилни тела на преминати предци ќе посвои дете, тоа дете по дифолот (автоматски) ги наследува попречувањата кои ги има тоа семејство од нивните предци. Од духовна перспектива, ова е всушност штетно за детето. Покрај тоа, кај овие деца постои и кармичка врска со суптилните тела на преминатите предци од своето биолошко семејство. Така, детето ненамерно наследува попречувања од суптилните тела на преминатите предци и од двете семејства. Исто така, со посвојувањето се ствара нова сметка на земање и давање со новото семејство, која потоа се додава на сите учесници кои се заглавени во циклусот на раѓање и умирање.

Спротивно на тоа, семејството кое посвојува дете може да биде негативно погодено, ако детето има попречувања од негативни енергии или е опседнато од дух или негативни енергии од повисоките нивоа. Ова може да го зголеми страдањето кај сите членови на семејството кое го посвоило тоа дете. Физичката болка може да се отстрани со медицински третман; меѓутоа, сериозното духовно попречување може да се надмине само со преземање на интензивна духовна пракса. Во спротивно, таквото попречување продолжува и во следниот живот. Кога ќе се земат во предвид таквите перспективи, важно е добро да се размисли пред да се донесе одлуката за посвојување дете.

3.1.1 Давање дете на посвојување и намерата зад таквата одлука

Постојат многу причини зошто родителите го даваат своето дете на посвојување. На пример, некои родители го даваат своето дете на посвојување за да детето се здобие со финансиски стабилна иднина. Всушност, навистина може да се случи детето да биде посвено од родители кои се финансиски моќни. Од друга страна пак, исто така може да се случи да родителите го дадат детето на семејство кое има духовни попречувања од негативни енергии. Алтернативно, ако родителите го задржат своето дете и го охрабрат да започне духовна пракса заедно со нив, тогаш шансите се дека Самиот Бог ќе ја ублажи нивната финансиска ситуација.

3.1.2 Намерата зад одлуката да се посвои дете

Паровите кои ќе се одлучат да посвојат дете, исто така, може да имаат различни намери зад таквата одлука да посвојат. Иако, може да изгледа дека посвојувањето е чин на нашата волја, факт е дека 65% од нашите одлуки се донесуваат само поради духовни фактори. Иако во некои случаи можеме да осетиме дека посвојувањето е благороден чин, всушност од духовна перспектива ова може нас уште подлабоко да не вовлече во световниот живот, и на тој начин да не оддалечи од основната цел на животот, а тоа е духовен раст.

4. Резиме околу практиката посвојување дете и дали треба да се одлучат за тоа

За семејствата кои имаат намера да посвојат дете:

Да се родиш на земјата како човечко суштество е благослов. Причината за ова е затоа што само на ниво на постоење на земјата, можеме да вложуваме максимални напори за духовен раст – што е и целта на животот. Затоа, чисто од духовна перспектива, ако парот неможе да има деца и покрај најдобрите намери, тогаш е најдобро тоа да го прифатат како нивна судбина и да го насочат нивниот труд кон духовен раст. Тогаш тоа ќе резултира да не се створи сметка на земање и давање со посвоеното дете.

Ако тоа не е можно и тие чувствуваат дека едноставно мораат да имаат дете, тогаш исто така, со преземање на редовна духовна пракса би можеле да си помогнат на себе и на детето кое имаат намера да го посвојат. Како резултат на тоа, ќе се минимизираат духовните попречувања кои би можеле да произлезат од посвојувањето, и од двете страни.

За семејствата кои сакаат своето дете да го дадат на посвојување:

Духовната благосостојба е на прво место, и е поважна и далеку над финансиската благосостојба. Ако поединецот е духовно центриран и фокусиран на духовен раст, тогаш Бог му дава се што е потребно за неговиот духовен раст во материјалниот свет. Да се добие дете е благослов, а најголемиот поклон кој поединецот може да му го подари на друго човечко суштество е да му помогне да започне духовна пракса. Меѓутоа, духовната пракса треба да биде во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, а не секташка духовна пракса.

На крај, големите одлуки во животот како што се давање дете на посвојување, или желбата да се посвои дете, обично имаат елементи на судбина поради сметката на земање и давање. Духовната пракса ни дава сила да донесуваме исправни одлуки и секогаш да го избираме подобриот пат – оној пат кој е најдобар за духовниот раст на семејството и надминување на тешката судбина.