Осип на кожата излечен со примена на Гомутра

SSRF ги објавува овие анализи на случаите со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своето убедување

01-MKD-skin-rash-treatmentОва е класичен случај кој покажува како хроничен кожен осип се повлече само со примена на духовни мерки. Фиона Линг, по професија е медицинска сестра од Мелбурн, Австралија, го подели со нас своето духовно искуство кое може да го прочитате во текстот што следи.

Во 2005 година, повремено ќе добиев осип на кожата по целото тело. Осипот изгледаше како траги од брич, проследен со интенизивен јадеж. Заедно со ова моето лице ќе почнеше изобилно да се препотува, а моите усни ќе отечеа до големина на тениски топчиња. Се осеќав вознемирено, бидејќи ниедна мерка не делуваше ублажувачки. Еден ден, мојата состојба толку многу се влоши, па отидов во болницата ‘Алфред Хоспитал’ во Мелбурн. Таму на одделението за интензивна нега ме набљудуваа и ме лечеа со анти-алергиски лекови и стероиди. Некаде околу 8 часа беа потребни за да симптомите се ублажат, после што се осеќав целосно исцрпена. Се јавив на мојот пријател (кој ко-инцидентно беше трагач на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука ) да дојде и да ме земе од болница. Кога тој виде во каква состојба сум, и откако му раскажав што се случи, ми сугерираше дека причината за проблемот би можела да биде од духовна природа. Тој предложи да следниот пат кога пак тоа истото ќе ми се повтори, да се искапам со кофа вода во која се додадени неколку капки гомутра (кравја урина),  и ми позајми едно шише со гомутра, да го применам слединот пат кога тоа ќе ми се повтори.

02-MKD-skin-rash-treatment-torso

После неколку дена, состојбата пак ми се влоши, и за да брзо реагирам ставив едно лажиче со гомутра во кофа вода и се искапав. Бев изненадена, бидејќи штом водата ќе ја допреше мојата кожа, интензивниот јадеж и осипот ќе се ублажеа за 15 минути после капењето. Не постоеа зборови за моето олеснување и благодарноста во тој миг за инстантното решение за овој проблем. Од време на време, осипот продолжуваше да се појавува, и секој пат оваа мерка делуваше. Но подоцна сфатив, дека проблемот се јавуваше поради негативните енергии, односно беше од духовна природа, и дека гомутрата е моќен лек за таквите видови на проблеми. Во текот на следните неколку месеци, почнав искрено да го пеам Божјото Име, и пеаницата Шри Гурудев Дата,  за проблемите предизвикани поради преминати предци. Осипот не се повтори, и комплетно се повлече без никакви медицински лекови.