Во нашиот напис “Лечење зависности преку духовно исцелување” изнесовме детали кои се однесуваат на третман програма за надминување на зависности во 3 чекори.
- Оваа духовна третман програма во три чекори, препорачана од Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), за третман на зависности, делува и како третман за лекување на зависности и како превентивна мерка да бидете сигурни дека зависноста нема да се вкорени во иднина. На кратко, оваа третман програма се грижи за тоа зависноста да не се формира, односно да не настане, како и истата да не се повтори или влоши.
- Родителите играат важна улога во обезбедувањето дека нивното дете нема да стане зависник. Во продолжение се наведени неколку работи кои родителите можат да ги направат за да ги заштитат своите деца од влијаниата на ентитетите од духовната димензија:
-
Кога планирате да имате бебе, горенаведениот третман во три чекори, можете да го вклучите во вашата секојдневна рутина.
- Пред односот, парот може искрено да се помоли за своја заштита и заштита на плодот од негативни енергии.
- Духовното ниво на родителите може да помогне само до одреден степен. Многу ќе зависи и од судбината на идното дете, и неговите или нејзините гревови, наспроти заслуги.
- Носењето на детето во што е можно повеќе сатвик околина, и запознавање на детото со духовната пракса уште од најрана возраст, ја зголемува способноста на детето да надмине било какво зависничко однесување и да живее посреќен и поисполнет живот.
-
- За оние поединци кои во моментов не се зависници, тие исто така, можат да го применат во пракса горенаведениот програм како превентивна мерка.