1. Што е шесто сетило?
Шесто сетило, или способност за над сетилна перцепција те. восприемање на духовната димензија, е способност да ја согледаме суптилната димензија или невидливиот свет на ангелите, духовите, рајот и слично. Исто така ја вклучува нашата способност да ги разбереме суптилните односи на причините и последиците на многу случувања, кои се надвор од разбирањето на интелектот. Над сетилното перципирање (ESP), видовитоста, претчувството, интуицијата се синоними за шестото сетило или способноста за суптилното набљудување. Преку овој сајт наизменично ги користиме изразите за шестото сетило, над сетилната перцепција (ESP) и суптилното согледување или забележување.
2. Како го перципираме и разбираме духовниот свет?
Видливиот свет го согледуваме со помош на петте сетила (мирисот, вкусот, видот, допирот и звукот), преку умот (своите чувства) и интелектот (способност за донесување одлуки). Невидливиот или суптилниот свет го забележуваме со помош на суптилните сетила, суптилниот ум и суптилниот интелект – познати како шесто сетило. Кога шестото сетило е развиено или активно, ни помага да го доживееме суптилниот свет или суптилната димензија. Таквото искуство го викаме ’духовно искуство’.
На првата слика видиме жена која помирисала букет рози. Тоа спаѓа во искуство, затоа што постои одреден извор на мирис те. букет рози. На другата слика видиме жена која го пие своето утринско кафе, размислувајќи за почетокот на својот работен ден. Одненадеж, без видлива причина, почувствува силен мирис на сандаловина. Во почетокот го занемарува, затоа што не може да види од каде доаѓа и продолжува да го пие кафето. Меѓутоа, мирисот ја следи на работата и го чувствува целото утро. Ги прашува другите луѓе дали и тие го чувствуваат тој мирис, но никој не го чувствува. Тоа искуство претставува духовно искуство. Во овој случај, жената почувствувала мирис кој доаѓа од суптилната димензија преку своето суптилно сетило за мирис. Способноста за забележување или доживување на суптилната димензија преку петте суптилни органи и суптилниот интелект позната е како шесто сетило.
3. Перципирање со шестото сетило преку петте суптилни органи
Светот се состои од пет Апсолутни Космички Елементи (Панчамахабута). Тие космички елементи се невидливи, но од нив е се креирано. Кага ни е активно шестото сетило, почнуваме прогресивно да ги перципираме те. восприемаме тие апсолутни елементи, од нај грубите кон нај фините. Така можеме да ги согледаме елементите на Апсолутната Земја, Вода, Оган, Воздух и Етер преку суптилните сетила за мирис, вкус, вид, допир и звук.
Следнава табела дава примери на позитивни и негативни духовни искуства кои можеме да ги перципираме преку шестото сетило, те. со посредство на суптилните органи.
Кога лицето нешто почувствува преку суптилните сетини органи, како на пример мирис, изворот може да биде од позитивните енергии како што е Божество или негативните енергии како што е дух.
4. Како да го развиеме нашето шесто сетило?
Суптилниот свет е секаде околу нас, но не можеме да го забележиме. Иако не го забележуваме, тој влијае на нашиот живот. За да се вклучиме во тој свет потребна ни е ’’духовна антена’’ те. разбудено шесто сетило. Шестото сетило ни се развива кога вршиме духовна пракса. Преку редовна духовна пракса според шесте основни принципи на Духовноста, се зголемува нашето духовно ниво и се повеќе можеме да го забележуваме и доживуваме суптилниот свет.
Тоа е слично со телевизорот што емитува црно-бела заматена слика кога не е приклучен на антената. Иако ТВ каналот праќа сигнали, телевизорот не може да ги фати додека не се приклучи на антената. На ист начин, суптилниот свет и Божјата присутност се постојано околу нас, но не можеме да ги забележиме додека не почнеме духовно да работиме на себе, што го поттикнува нашето шесто сетило.
Понекогаш гледаме луѓе кои имаат способност за согледување на суптилниот свет од рана возраст, иако не вршеле духовна пракса. Тоа е затоа што стекнале потребно духовно ниво по пат на духовна пракса во претходните животи. Друга можна причина е тие, да се опседнати со дух (мантрик) од детството. Во тој случај во прашање е шестото сетило на тој дух.
5. Шестото сетило и духовното ниво
Како нашето духовно ниво се зголемува, можеме прогресивно да го согледуваме се повеќе суптилниот свет по пат на својата суптилна способност те. шестото сетило. Следната табела покажува како шестото сетило се развива со зголемување на духовното ниво.
Од претходната табела гледаме дека максимумот кој можеме да го почувствуваме со суптилните органи се постигнува на духовно ниво од 70%. Значи, со понатамошно зголемување на духовното ниво нема понатамошно зголемување на способноста преку суптилните сетилни органи. Меѓутоа, суптилниот ум и интелект продолжуваат да се вклучуваат во Универзалниот Ум и Интелект се додека не се постигне духовно ниво од 100%. Табелата што следува го покажува минималното духовно ниво потребно за доживување на секое од петте поединечни суптилни органи, кога нечие шесто сетило се набљудува чисто како функција на духовното ниво. На пример, некој може да почувствува суптилен мирирс на духовно ниво од 40%.
Овој графикон служи како објаснување за директниот однос помеѓу духовното ниво и шестото сетило, па е важно да се забележи следното:
- Кога некој се стекне со духовно искуство на суптилен мирис, тоа не мора да значи дека стигнал до духовното ниво од 40%. Често тоа е случај на моментално или привремено подигнување на духовното ниво или способноста, поради интензивната духовна пракса на пример пеење на Божјото Име, престој во друштво на Светеци и слично.
- Некои други фактори можат да придонесат за искуство. На пример, ако духовите (демони, ѓаволи, негативни енергиии, итн.) сакаат лицето да почувствува урина околу куќата за да го уплашат, може да ја искористат својата духовна енергија тоа да се случи. Во тој случај духовното ниво нема да се подигне.
- Не мора да значи дека сите лица на духовно ниво од 40% ќе почувствуваат суптилен мирис. Духовното ниво на некоја личност е функција од збир на многу карактеристики, шестото сетило е само една од нив. Ве молиме погледнете го написот: духовно ниво.
- Исто така не значи дека лицето ќе ги почувствува 100% сите можни вибрации на суптилните мириси, или дека може да ги чувствува цело време и секој момент.
- Исто така не значи дека лицето на духовно ниво над 40% или повеќе, нужно да почувствува суптилен мирис. Човек може да стане Светец (да достигне духовно ниво од 70%) без некогаш да имал перципирање по пат на петте суптилни сетила. Една од причините што такво искуство не се случило би можело да биде лицето да ги проживеало во минатиот живот и дека сега не му се потребни. Меѓутоа сите Светци имаат шесто сетило кое им припаѓа на суптилниот ум и интелект.
Од графиконот исто така се гледа дека суптилните чувства за допир и звук можат да се перципираат на повиските духовни нивоа. Причината за тоа е дека тие се посуптилни помеѓу петте сетила.
6. Шесто сетило (ESP) и полот
Жените, воопшто, имаат посилно шесто сетило од мажите. Способноста за над сетилна перцепција (ESP) многу поприродно им доаѓа на жените и тие се повеќе подложни на интуицијата од мажите. Една од главните причини за тоа е таа што мажите повеќе се интелектуално ориентирани и тежнеат повеќе кон рационалната страна.
7. Духовни искуства кои го вклучуваат суптилниот ум и суптилниот интелект
Понекогаш доживееме чудно чувство на ’враќање дома’ кога здогледаме некоја потполмо непозната куќа, претчувствуваме катастрофа што доаѓа или чувствуваме бескрајна љубов кон некоја личност, која инаку не ни се допаѓа. Тие искуства доаѓаат преку суптилниот ум. Во тој случај не можеме да ја сфатиме причината за тие чувства. Понекогаш слушаме за луѓе кои добиваат информации од суптилната димензија и кои комуницираат со битија од суптилната димензија. Следните пасуси ќе го објаснат подетално тој феномен.
7.1 Како луѓето ги перципираат тие информации?
Луѓето кои примаат знаење од суптилните димензии, обично го примаат на три начини:
- Дозволуваат на суптилниот ентитет да ја користи нивната рака за пишување пораки (познато како автоматско пишување)
- Со помош на визии, кога пред очите можат јасно да видат зборови или одломки
- По пат на мисли
Од овие методи, добивањето одговори во мислите е најсуптилен од овие три начини.
7.2 Извор на знаење
Луѓето кои добиваат знаење од суптилната димензија го добиваат:
- Автоматски, благодарејќи на својата способност да нурнат во Универзалниот ум и интелект, или
- Како одговори на прашањата што посебно ги поставиле на суптилните ентитети. Тие тоа можат да го сторат со помош на шестото сетило со посредство на својот суптилен ум и интелект.
Во двата случаи лицето ја разбира суптилната димензија, но само духовно развиеното лице може да разликува дали знаењето е примено на првиот или вториот начин. Во повеќето случаи лицето комуницира со суптилните тела кои се од различни суптилни подрачја како Чистилиштето и Пеколот, а многу ретко со Божество или Бога, по пат на Универзалниот ум и интелект.
Видот и степенот односно нивото на добиените информации зависи од духовното ниво на лицето кое ги добива.
Информации од пониските извори:
Информациите добиени од суптилните тела кои припаѓаат на ниските подрачја, како што се Чистилиштето или Пеколот, воглавно се од световна природа и имаат значење само за ограничениот дел на светот и за краток временски период. Пример за тоа би можел да биде добивање информации дали некој ќе стапи во брак, или ќе најде работа, или која политичка партија ќе дојде на власт во некоја земја.
Информациите што ги добивал Нострадамус се пример за оваа категорија. Нострадамус, кој сам бил на духовно ниво од 50%, примал информации од суптилно тело кое било на духовно ниво од 40%. Многу медиуми спаѓаат во оваа категорија за примање на знаење. Суптилното тело на духовно ниво од 40% може да добие знаење кое е надвор од неговиот дофат од суптилните тела од повисоките нивоа. Исто така, од истото ниво или малку повисоко ниво, ако го имаат потребното знаење можат да го пренесат понатаму. Тоа е како ѕидарот да тражи совет за архитектурата или градежништвото од друго лице. |
Знаење од повисоките извори:
Знаењето што е примено од суптилните тела од вишите региони како Махалока (четвртиот од седумте позитивни региони во универзумот) и повисоките региони е од духовна природа. Знаењето што така се добива има прогресивно се поуниверзална употреба и трајна вредност во смисла на временски распон од неколку векови. Добивањето на Божественото знаење од Универзалниот ум и интелект (тоа значи од умниот и интелектуалниот аспект на Бога) е најквалитетен. Тоа е можно само за Светците, како што е прикажано на сликата погоре. Така на пример знаењето содржано во Светите Веди кое го добиле Светците од древна Индија (Барата) е од духовна природа.
За да може исправно да го одреди изворот на знаењето или неговата точност, лицето мора да биде на многу високо духовно ниво те. Светец на ниво од 90% или повисоко.
За сите суптилни региони и подрачја, повеќе ќе кажеме во написот – ’Живот после смртта’.
7.3 Како лицето знае дали применото знаење е од надворешниот извор или од нејзините потсвесни мисли?
Постојат неколку показатели кои укажуваат дека знаењето е примено од надворешниот извор, за разлика од сопствената имагинација:
- Кога содржината на знаењето е потполно туѓ за подрачјето на знаењето за оној кој го прима знаењето. На пример, трагачот по Бога, кој едвај се провлекол преку средното училиште, сега прима сложени дијаграми за машините.
- Количината на натрупаното знаење е втор показател. Трагателката во SSRF добива Божествено знаење од суптилната димензија од 28. Октомври 2003 година. Секој ден таа добива знаење во количина поголема од 15-20 страници со големина од А4 формат. Тоа духовно знаење сега заправо се анализира и категоризира, за придобивки на човештвото.
7.4 Фактори кои одлучуваат кое лице добива знаење преку суптилниот интелект
Постои комбинација на фактори кои учествуваат во одлучувањето за тоа кое лице добива знаење од суптилниот интелект. Духовното ниво е еден од клучните фактори во одлучувањето кое лице добива знаење од суптилниот интелект. Освен духовното ниво, факторите кои одлучуваат за стекнување на повисоките духовни искуства, како примањето знаење, се:
- Мотивацијата и интензивната желба на лицето
- Неопходност од Божјата мисија
- Одлуката и Благословот од Гуруто (духовен учител и водач, над 70% духовно ниво)
- Судбината на лицето
Треба да се нагласи дека ако лицето е со повисоко духовно ниво заинтересирано за добивање знаење по својата природа е инфериорно, на пример ако го интересираат секојдневните настани на Земјата, иако е способно да прима знаење од суптилните тела од повисоките региони, тоа ќе прими такво знаење од суптилните тела од пониско ниво. Наспроти тоа, ако лицето на сразмерно пониско ниво, на пример 50%, има длабока мотивација да ги научи повисоките принципи на духовната пракса, ќе добие знаење од повисоките суптилни тела или од суптилните тела од повисоките подрачја, посебно кога има Благослов од Гуруто.
7.5 Шесто сетило, претчувства, време и простор
Понекогаш луѓето имаат претчувства дека некои работи ќе се случат или некое внатрешно чуство на настани кои веќе се случиле во минатото. Тоа е можно на два начина:
- Преку суптилните тела: Претчувството (информацијата) во нивниот потсвесен ум ги ставиле суптилните тела. Во повеќето случаи, суптилните тела или ентитети се духови од Чистилиштето или Пеколот. Тие суптилни тела понекогаш имаат способност да видат преку времето. Ако тие самите ја немаат таа способност, информациите ги добиваат од духовите од повисоко ниво (мантриците) коишто ја имаат таа способност.
- Со пристап до Универзалниот им и интелект: Постојат седум слоеви на Универзалниот ум и интелект. Зависно од степенот на развиеноста на неговото шесто сетило, лицето може да се вклучи во пониските или повисоките слоеви на Универзалниот ум и интелект.
Во скоро сите случаи претчувството (предупредување за иднината), видовитоста (информации примени од далечно место) и претскажувањата (информации примени од далечно време), информациите се примени од суптилните тела, а не благодарејќи на нечија способност за пристап до Унивезалниот ум и интелект. Која штета можат да предизвикаат суптилните тела е објаснето во следното поглавје.
7.6 Точност на знаењето кое се добива од суптилниот свет
Лицето обично го добива знаењето од суптилните тела со духовно ниво кое е исто и кај тоа лице, па точноста и степенот на знаење исто така се исти. За разбирање на тој концепт, замислете скала од 0 до 100%, каде што незнаењето е 0%. Најниското знаење сфатено со интелектот е 1%, а она достапното до Универзалниот Интелект е 100%.
- Лицето на духовно ниво од 40% воглавно добива знаење од суптилно тело со духовно ниво што одговара на духовното ниво од 40%, меѓутоа неговата точност е 40%, а степенот на знаењето е исто така 40%.
- До духовното ниво од 70% знаењето најверојатно се добива од духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.) и според тоа, делумно е поврзано со црна енергија. Оние кои не се свесни за механизмот на примање на знаењето можат да бидат неупатени во овој аспект и поради тоа, можат слепо да веруваат во буквално на сето знаење што го добиле. Ако знаењето е примено од суптилните тела, постои голема можност да биде делумно или потполно неисправно. Суптилните тела обично даваат дел од исправното знаење како појдовна точка за остварување доверба. Кога еднаш воспостават доверба, продолжуваат да даваат неточни и погрешни информации со различен степен на точност.Втор важен фактор кој треба да се земе во предвид е дека знаењето примено од суптилните тела секогаш е обвиено со црна енергија. Тоа влијае штетно на примачот на различни начини, како нарушување на здравјето, психолошки слабости, замрачување на интелектот итн. Но тој процес е многу постепен, така да се избегне вниманието на тоа лице или неговото семејство и пријателите. Ако таквиот процес на примање на знаењето потрае некое време, лицето полека станува буквално кукла во рацете на суптилното тело, кое тогаш го користи на различни начини за своите понатамошни интереси.
- Меѓутоа, над духовното ниво од 70%, кога знаењето го даваат позитивните суптилни тела како Светците и Мудреците од повисоките подрачја над Рајот или е примено со посредство на Универзалниот ум и интелект, нема црна енергија која би го следела тоа знаење.
- После постигнувањето духовно ниво од 70% примачот почнува да го прима Апсолутното знаење од Универзалниот ум и интелект.
Постојат различни нивоа од разбирање на негативниот аспект на суптилните димензии како негативните енергии, опседнатоста или попречувањето од духовите. Често е она што луѓето можат да го доживеат само врвот од санта лед. Единствено на духовно ниво од преку 90% можно е да се сфати целиот спектар на суптилната димензија.
За тоа нешто повеќе ќе кажеме во написот за способноста за сфаќање на пара-нормалните активности со помош на шестото сетило.
8. Злоупотреба на шестото сетило (ESP)
Шестото сетило треба да го користиме единствено за духовен раст кој води кон Спознавање на Бога, што е конечна цел на духовниот раст. Од чисто духовна перспектива, се смета за злоупотреба кога тоа се користи за било што друго, како што се световните работи. Со други зборови, ако медиумот ги користи своите способности за да дознае дали некое лице ќе стапи во брак или ќе добие работа, тоа од духовна перспектива се смета за злоупотреба.
Кога лицето кое е медиум го злоупотребува шестото сетило (ESP), со време се случуваат две нешта:
- Ја губи таа способност. Тоа обично се случува во период од 30 години.
- Станува мета на помоќните негативни енергии (Мантриците). Мантриците во почетокот даваат некои вистинити информации, доволно да се добие довербата на тоа лице. Меѓутоа, подоцна го залажуваат, како и луѓето кои тој медиум ги води. Во тој случај неговата способност трае подолго и може да се чини дека со време се зголемува. Но таа способност за предвидување не е поврзана со доблестите на тоа лице туку е резултат на Мантрикот кој го води тој медиум. Во тој случај, тој редок дар шестото сетило кое лицето имало можност да го искористи за Спознавање на Бога, залудно е потрошен на неважни работи.