На 12 Мај, 2005 година, патував до Духовно истражувачкиот центар на SSRF, кој се наоѓа во Дамсе, Гоа во Индија, кога наеднаш без никаков свесен напор почнав да се молам на Божјиот Принцип на Божествена Енергија (Божицата Дурга). Кога го изразив моето изненадување и љубопитност за духовната причина зад мојата молитва, локалниот трагач кој беше со нас објасни дека Божествената Енергија од духовниот центар Дамсе достигнува точно до таа точка (т.е. околу 11 км. од Дамсе).
Можев да го почувствувам протокот на енергија од моите стапала па преку целото тело. Пред моите очи видов жолто светло како влегува внатре во моето тело преку енергетскиот центар во пределот на веѓите (Ајна-чакра). Кога бевме на оддалеченост од 3-4 км. од Духовно истражувачкиот центар, осетив некои суптилни фреквенции под носот и сосема различен вид на суптилен мирис. Никогаш порано немав доживеано таков суптилен мирис. Умот ми беше исполнет со Блаженство.
– Г-ѓа Шилпа Дешмук, Насик, Индија.
Духовната наука зад ова искуство
Суптилен (без очигледен надворешен мирис на потекло) се доживува на духовно ниво од 45% до 50%. Иако едно лице може да биде на духовно ниво пониско од 45%, доколку активно обавува духовна пракса со посветеност и концентрација, понекогаш духовното ниво привремено се зголемува.
Ова духовно искуство се достигнува во состојба на ‘отелетворена душа која обавува духовна пракса’, т.е. ѓиватма состојба. Во оваа состојба се буди духовната емоција кон Бога. Како резултат на тоа, умот се фокусира на манифестираните фреквенции на божествена свесност кои се емитуваат од душата. Овие фреквенции се поврзани со Апсолутниот елемент Земја (Прутви-татва). Суптилното доживување (искуство) на Апсолутниот елемент Земја е мирис.
Духовно истражувачкиот центар кој г-ѓа Шилпа го посетуваше е под заштита на Принципот Божествена Енергија, а тоа е Божицата Дурга, Која исто така е и Божество на тој простор. Лицата кои вршат духовна пракса и обавуваат служење во тој центар имаат неизмерна духовна емоција, и како резултат на тоа центарот привлекол голема количина на Божествена Енергија од тој Принцип. Ова центарот го направи духовно активен. Исто како што топлината од една греалка поставена во аголот може да се почувствува во радиус од неколку метри, на ист начин, Божествената Енергија може да се осети во животната средина, во овој случај дури и на оддалеченост од 11 км. од центарот. Поради оваа причина, г-ѓа Шилпа доживеа суптилен мирис.
Духовните искуства служат како поттикнување на нашиот духовен пат. Тоа е начинот на кој Бог ни кажува дека сме на вистинскиот пат.