Не сакаме да слушаме совет за тоа која духовна пракса да обавуваме

mkd-listening

Во нашиот секојдневен живот свесни сме за потребата да се консултираме со некого, кога осеќаме дека не сме спремни, или способни да решиме одреден проблем или ситуација.

На пример:

  • Кога сме болни, бараме добар лекар или специјалист во областа на медицината, да ни помогне да се излечиме, и ние ги следиме неговите/нејзините совети.
  • Кога нашиот автомобил е дефект, бараме помош од автомеханичар, и ги следиме неговите совети за тоа како да се грижиме за автомобилот.
  • Кога се наоѓаме во средината на еден комплексен судски случај, бараме совет од адвокат и ги слушаме неговите совети.

Ова се само неколку примери за тоа, каде ние бараме совет од другите. Ние прифаќаме дека не сме експерти во одредени области и сме подготвени да му платиме големи суми на пари на некој експерт во тоа одредено поле да ни помогне.

Сепак, кога станува збор за Духовноста и нашиот духовен раст, која е главната причина зошто сме родени (покрај тоа што мораме да ја поминеме судбината), ние многу често мислиме дека знаеме што е духовно најдобро за нас. Недостатокот на желба активно да слушаме, или да прифатиме совет за тоа која духовна пракса да обавуваме е голема препрека во духовна пракса, и може штетно да влијае на нашиот духовен напредок.

Па, зошто се противиме да прифатиме совети поврзани за нашата духовна пракса:

Некои од причините вклучуваат:

  • Сметаме дека Духовноста е длабоко лична и дека други не се способни да не водат.
  • Не знаеме за сигурно кого би требало да слушаме
  • Едноставно мислиме дека само ние знаеме што е најдобро за нас.

Со цел да ги надминеме овие препреки во развојот на нашите вештини за слушање, можеме да ги имаме на ум следниве напомени:

  • Како и во секоја друга област каде ни е неопходен експерт, во нашето духовно патување исто така имаме потреба од водство – во спротивно можеме да го потрошиме целиот свој живот одејќи по погрешен духовен пат. Како последица на тоа можеме да дојде до духовна стагнација, или дури до духовно назадување.
  • Духовноста е длабоко лична и секој од нас мора да го пронајде својот пат и начин да го спознае Бога. Меѓутоа, за тоа ни е потребно добро да ги разбираме духовните принципи и основи за донесување одлуки и избори во духовна пракса. За да можеме тоа да го направиме, неопходно е да ги слушаме другите кои веќе го поминале тој дел од духовниот пат, и тоа на начин кој е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.
  • Ако нашата желба за духовен напредок е силна, искрена и непристрасна, таа самата од себе ги привлекува соодветните лица во нашиот живот кои ќе бидат во можност да ни помогнат духовно да напредуваме, без разлика на тоа каде и да се наоѓаме во светот. Ова е според една стара поговорка кој вели дека ‘не треба да бараме учител; учителот ќе се појави кога ученикот е подготвен’.