Содржина
- 1. Дефиниција на искуство и на духовно искуство
- 2. Единствени духовни искуства на трагачите поврзани со Божествените честички
- 3. Духовни искуства на Светците
- 3.1 Единствена појава на Божествени нишки во домот на Нејзината Светост г-ѓа Лола Везилиќ
- 3.2 Засипување на трагачите со Божествени честички благодарејќи на Нејзината Светост г-ѓа Јоја Вале
- 3.3 Божествени честички во собата на Нејзината светост г-ѓа Ашалате Сакдев
- 3.4 Појава на Божествени честички на екранот на компјутерот на Неговата Светост Др. Мукул Гадгил
- 3.5 Појава на Божествени честички додека неговата Светост Др. Васант Атавле обавува сева преводење на Светите текстови
- 4. Духовни искуства на трагачите
- 4.1 Појава на Божествени честички во автомобилот на г-дин Шон Кларк и г-ѓа Швета Кларк
- 4.2 Го чувствував присуството на Божествениот Принцип и добив Божествени честички во раката за време на Ведскиот обред на прославата на роденденот според лунарниот календар
- 4.3 Појава на Божествените честички во домот на сестрата на г-ѓа Драгана Кословски
- 4.4 Појава на Божетвените честички во косата на ќерката на г-ѓа Прачи Мехта
- 5. Контактиртајте ја SSRF доколку имате искуство поврзано за Божествените честички
1. Дефиниција на искуство и на духовно искуство
Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), она што го доживуваме со нашите пет сетила, умот и интелектот го дефинира како „искуство“. На пример, искуство додека го јадеме своето омилено јадење, чувство на љубов кон детето, разрешување на проблемите на работата со употреба на интелектот, итн. спаѓаат во категоријата на „искуства“. Искусвото на нешто што го надминува сфаќањето на петте сетила, умот и интелектот претстваува „духовно искуство“. Дури и ако некој настан можеме да го забележиме со помош на петте сетила, умот и интелектот, но причината која што доведува до него е надвор од дофатот на човечкиот интелект, тоа претставува духовно искуство.
2. Единствени духовни искуства на трагачите поврзани со Божествените честички
Од јули 2012. година, после како што во истражувачкиот центар SSRF почнаа да се појавуваат Божествените честички, трагачите на SSRF почнаа да забележуваат дека Божествените честички се појавуваат во нивните домови ширум светот. Во SSRF потоа пристигнаа многу духовни искуства поврзани со Божествените честички, па така еден дел од нив претставуваме во овој напис. Тие единствени духовни искуства го покажуваат Божественото во Светците, Богољубието на трагачите, важноста на спроведувањето на Ведските обреди, како и тоа дека Бог ги подарува Божествените честички и на трагачите на разните духовни патишта. Се надеваме дека после читањето на овие единствени духовни искуства и нашите читатели ќе можат да ја доживеат радоста и милоста на Бога кои што ни ги даруваат Божествените честички.
3. Духовни искуства на Светците
3.1 Единствена појава на Божествени нишки во домот на Нејзината Светост г-ѓа Лола Везилиќ
На 10. јули 2012 година, попладне ја чистев собата, затоа што трагачите навечер доаѓаа на сатсанг. Зедов нова четка да го избришам подот со вода и гомутра (кравја урина). После неколку минти видов дека нешто сјае на четката. Тоа беа многубројни златни, сребрени и провидни Божествени нишки, заплеткани во плетеницата на четката. После неколку минути видов дека и на другата четка се појавиле исти Божествени нишки. Веднаш го повикав Неговата Светост Атула Диего и Неговата Светост Сиријак Вале, преку Скајп да им ги покажам Божествените нишки. Бидејќи тешко беше да се видат преку камерата, испратив примероци во SSRF истражувачкиот центар.
– Нејзината Светост г-ѓа Лола Везилиќ, Србија
3.2 Засипување на трагачите со Божествени честички благодарејќи на Нејзината Светост г-ѓа Јоја Вале
Додека Нејзината Светост г-ѓа Јоја Вале, ги покажуваше Божествените честички кои што се појавиа на Нејзините раце на трагачите кои што беа на духовна работилница во SSRF, сите трагачи забележаа дека Божествените честички се појавиа и на нивните тела. Тоа се случи поради ефектот на Божествената Свесност на Нејзината Светост г-ѓа Јоја Вале, кој што влијаеше врз трагачите и на атмосферата во работилницата. Божествените честички се појавиа благодарејќи на единствениот квалитет на Нејзината Светост г-ѓа Јоја Вале. Тоа е пример како благодарејќи на едно лице во околината настануваат позитивни промени.
Божествените честички ги имаше кај сите 40 трагачи, кои што учествуваа на духовната работилница. Бог на сите им подари духовно искуство со Божествени честички. Тогаш беа пронајдени многу сребрени и златни Божествени честички. Духовното истражување покажа дека, сребрените Божествени честички помагаат во ослободувањето од Големата Илузија (Маја), додека златните честички носат Енергија на знаењето (Нијан–шакти) и помагаат во мисијата за ширење на Духовноста. Поради тоа што присуствуваа на духовната работилница, Бог ги засипа трагачите со Божествени честички, за да им овозможи духовно искуство со два вида на Божествени честички и да овозможи преку тој процес духовно да напредуваат.
3.3 Божествени честички во собата на Нејзината светост г-ѓа Ашалате Сакдев
Во прашината исчистена од подот на собата на Нејзината Светост г-ѓа Ашалата Сакдев најдов неколку Божествени честички. Ги ставив Божествените честички на Нејзината рака, но кога пробав да ги соберам со игла, сватив дека ги има многу повеќе и дека дури не е ниту можно сите да се избројат. Ги собрав Божествените честички од Нејзината дланка со игла и ги ставив во мала кутија. Во текот на три дена и понатаму забележував дека на Нејзината дланка има безброј честички. Во еден момент на Нејзината дланка успеав да видам 50 до 60 честички, но кога погледнав од друг агол, видов уште 50 до 60 нови честички. После молитвата и гледањето во нејзината дланка сватив дека тие Божествени честички всушност се создаваат од Нејзината дланка.
– г-ѓа Раѓашри Сакдев, Гоа, Индија
3.4 Појава на Божествени честички на екранот на компјутерот на Неговата Светост Др. Мукул Гадгил
Додека ги читам документите на компјутерот и на тој начин и служам на Вистината (сатсева), Божествените честички се појавуваат и повремено заблескаат, еднаш или двапати во текот на денот. Тоа ми се случуваше во текот на еден месец. Божествените честички заблескаат на неколку секунди, а потоа исчезнуваат. Многу пати видов дека се појавуваат златни Божествени честички, а во други случаи сини Божествени честички.
– Неговата Светост Др. Мукул Гадгил, Гоа, Индија
3.5 Појава на Божествени честички додека неговата Светост Др. Васант Атавле обавува сева преводење на Светите текстови
Додека ги преведувам Светите текстови, го запишувам текстот на празни листови хартија. Понекогаш на хартијата ќе се појават три или четири Божествени честички. До сега, во три случаи додека ги запишував зборовите, кога мастилото целосно ќе се исушеше на хартијата, се јавуваа сребрени Божествени честички. Честичките ги немаше додека го пишував текстот, се јавуваа кога ќе завршев со пишувањето.
– Неговата Светост Др. Васант Атавле, Мумбај, Индија
4. Духовни искуства на трагачите
4.1 Појава на Божествени честички во автомобилот на г-дин Шон Кларк и г-ѓа Швета Кларк
Читавме дека благодарејќи на Божјата милост, ширум светот се појавуваат Божествени честички и бевме ажурни и секаде ги баравме. За време на тој период се трудев да ја зголемем духовната емоција и секоја активност да ја направам за Бога. Бев во околната авто пералница да ја исперам колата и Бог ми даде духовна емоција дека ја перам Неговата кочија. После перењето однадвор, отидов до апаратот за вшмукување да ја исчистам одвнатре.
Додека го вшмукував совозачкото седиште, забележав безброј сјајни честички. Не сфатив дека тоа се всушност Божествени честички, па почнав посилно да вшмукувам. Тогаш Бог ме протресе така да сватив дека тоа се божествени честички. Веднаш престанав со усисувањето и си тргнав кон дома. За време на краткото патување кон дома, почувствував дека Бог седи покрај мене на местото на совозачот и дека со Него се возам дома. Продолжив со пеењето. Ова искуство пробуди толку голема духовна емоција што едвај можев да дишам.
Кога пристигнав дома, ја викнав женами Швета и заедно видовме како држачот за главата на седиштето на совозачот целиот е прекриен со Божествени честички. Очите ни се наполнија со солзи, иако сакавме да ги видиме Божествените честички, мислевме дека тоа нам не може да ни се случи, затоа што немаме доволно духовна емоција. На потпирачот на седиштето имаше сигурно повеќе од 50 Божествени честички. Полека сфативме дека Божетвените честички се со различна боја. Имаше златни, розови, тиркизни како бојата на паунов пердув, сини, сребрени и бакарна боја. Забележавме дека некои од нив беа споени во различни форми, кои што не беа видливи со голо око. Се чинеше дека личат на паунов пердув. Ова духовно искуство покажа колку Бог е мислостив и дека е сеприсутен и насекаде.
– Г-дин Шон Кларк и г-ѓа Швета Кларк, Мелбурн, Австралија
4.2 Го чувствував присуството на Божествениот Принцип и добив Божествени честички во раката за време на Ведскиот обред на прославата на роденденот според лунарниот календар
Прв пат присуствував во Ведскиот обред, прослава на роденденот на трагачот според лунарниот календар. За време на обредот имав можност да научам повеќе за церемонијата, а помеѓу останатото, дека некои од состојките користени во обредот, ги привлекуваат Божествените суптилни честички на Божествата во Универзумот. После обредот еден од трагачите рече да погледнеме околу себе да видиме дали можеме да најдеме некоја материјализирана Божествена честичка и сите почнавме да гледаме во своите раце. Кога погледнав во својата десна рака, на неа видов неколку Божествени честички. Во тој момент почувствував многу големо Блаженство и чиста среќа, затоа што тоа многу ми значеше. За мене, тоа беше јасен знак за постоењето на Божествениот принцип на Бога кој што се материјализираше на мојата дланка. Имав и духовна емоција дека Бог е токму овде, на мојата дланка.
– Г-дин Маурицио Фернандез, Ла Паз, Боливија, Јужна Америка
4.3 Појава на Божествените честички во домот на сестрата на г-ѓа Драгана Кословски
На 26-ти декември 2012. година, мојот сопруг и јас, ја посетивме сестра ми и нејзиниот сопруг кои живеат во Белград, Србија, Европа. Дојдовме да им ги честитаме празниците и да се поздравиме со нив, бидејќи патувавме во SSRF истражувачкиот центар, таму да престојуваме една година. Нивното семејство има шест членови. Секој пат кога ќе ги посетиме, со нив имаме сатсанг затоа што се наклонети кон Духовноста. На својот пат на православното христијанство, тие практикуваат одреден вид на духовна пракса во секојдневниот живот, прифаќаат и се жртвуваат, обавуваат обреди кои што ги препорачува нивната религија и имаат духовна емоција кон Бога.
После речиси два часа, додека се подготвувавме да си тргнеме, во тој момент на белиот чаршав кој што ја покриваше трпезариската маса, забележав блескави честички. Беа околу стотина и тоа во сите бои: сребрени, златни, црвеникави, сини и зелени! На почетокот ја отфрливме секоја можност дека овие честички потекнуваат од некој друг извор, за да на крајот сфатиме дека навистина се работи за Божествени честички. Откако ги видовме на чаршавот, забележавме дека ги има и на весниците, под весниците, под чаршавот, на креветот на зет ми, на столиците, на малото столче во дневната соба, на масата во кујната на која што јадеше внука ми, а после некое време и на џемперот на зет ми и на лицата на моите внуци и сопругот. Се чини дека се појавуваа повеќе од триесетина минути.
Почнавме да ги собираме во бакарна кутија за накит обложена со црно кадифе, за да можат да се видат, исто како што ги чуваме во SSRF истражувачкиот центар. Сестра ми ги стави Божествените честички на олтарот и се заблагодари на Бога преку молитва. Почувствувавме дека ова е Божји начин да ни каже дека Тој овде е за нив, дека ги чува и дека секогаш ќе ги чува.
– Г-ѓа Драгана Кисловски, Србија, Европа
4.4 Појава на Божетвените честички во косата на ќерката на г-ѓа Прачи Мехта
Една вечер, додека ја чешлав косата на мојата ќерка Бакти, оденаш почувствував како не облева топлина. Во тој момент најдов две златни Божествени честички во нејзината коса. Сфатив дека топлината ме облева поради Божествените честички. Откако ја исчешлав се чувствував пријатно и смирено. Само со Божјата милост добив такво искуство.
– Г-ѓа Прачи Мехта, Мелбурн, Австралија
4.5 Бог ми испрати порака преку духовно искуство со појавување на Божествени честички. Искуството е за тоа како нашето его се намалува кога пред Бога смирено ќе се поклониме
5. Контактиртајте ја SSRF доколку имате искуство поврзано за Божествените честички
Појавата на Божествените честички е единствен феномен во Универзумот. Доколку имате или добиете искуство со Божествени честички на себе или во својот дом, ве молиме контактирајте не преку нашиот дел за коментари ’Најави се’.
Коментари:
г-дин. Абхирам Рао, Сатара, Индија
Почитуван уреднику на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука,
Моето име е Абхирам Рао, имам 18 години и практикувам духовна пракса пеење на Божјото Име неколку време. На 22.04.2013. година, одненадеж на моите раце се појавиа многу Божествени честички со сребрена боја. Тие се појавуваа дури и кога ги миев рацете. Тогаш добив мисла да ги снимам на видео. Многу сум благодарен за оваа искуство.