1. Вовед
Секоја година ширум светот умираат повеќе од 50 милиони луѓе. Најраспространети и најприфатени форми на погребни обреди се кремирање и погребување. Зороастријанците од Мумбаи во Индија, се мала заедница кои своите мртви ги оставаат на отворено во Кулите на тишината да бидат конзумирани од мршојадци. Во минатото некои цивилизации своите мртви ги мумифицирале. Преку методологии на истражувања засновани на духовната наука, го истраживме ефектот од кремирањето наспроти погребот, како и Зороастријанската традиција на оставањето на своите мртви во Кулата на Тишината.
Популарен концепт кажува дека, по смртта душата оди кон светилната, или има свои сакани кои го чекаат на другата страна, да и посакаат добредојде, итн. Меѓутоа, за да навистина разберете што се случува со суптилното тело, кое само што го напуштило своето физичко тело (Штула-деха) по смртта, ви препорачуваме да ги прочитате следниве 3 написи, пред да продолжите со читањето на овој напис.
Откако ги прочитавте овие написи, ќе разберете како суптилните тела на преминатите предци можат да бидат под влијание во животот после смртта и како можеме да им помогнеме. Друго попупларно верување е дека нашите преминати предци се во позиција да ни помогнат на Земјата. Сепак, ова е далеку од вистината. На поголемиот дел од нашите преминати предци, очајнички им е потребна помош. Единствените луѓет кои можат да направат нешто за нив, се нивните потомци на земјата. Единствениот начин да го привлечат вниманието на нивните потомци е да ги вознемируваат. Ова вознемирување може да биде во различни форми, се додека не се достигне точка, во која потомокот како единствен излез ќе прифати да обавува некоја духовна пракса, која ќе го ослободи од вознемирувањата на суптилните тела на преминатите предци.
За да го разберете текстот во продолжение, ве молиме прочитајте:
- Што се проблеми со суптилните тела на преминатите предци?
- Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?
Начинот на кој ги погребуваме своите мртви, може да ја зголеми или намали непријатноста, преку која предокот мора да помине во суптилната димензија.
Зошто е релевантно прашањето дали кремирање или погребување? Понекогаш луѓето ги одмеруваат добрите и лошите страни на различните форми на погребни обреди, врз основа на нивното влијание врз животната средина. Ова е еден начин на размислување. Меѓутоа, најголемата штета е направена во духовната средина, кога е спроведен духовно штетен погребен обичај, кој доведува до понатамошни, дополнителни неприијатности за суптилното тело на преминатиот предок.
2. Што се случува со физичкото тело после смртта и зошто е релевантно прашањето дали кремирање или погребување?
Кога едно лице ќе умре, само физичкото тело се гаси, но суптилното тело кое што се состои од умот, интелектот и суптилното его, ги содржи сите желби и импресии продолжува да постои. Умот, интелектот и супитлното его го формираат карактерот на личноста. Овие особини на личноста остануваат непроменети и физичкото умирање не го менува лицето на било кој начин.
Концептот на приврзаност кон своето физичко тело:
Кога едно лице ќе умре, тоа не е запознаено со сите искуства за животот после смртта, што може подобро да ги разбере, доколку го прочита написот – Регионот на смртта. Па затоа тоа тежи кон телото кое го познава и светот од каде доаѓа, иако е мртво. Ова е уште посилно изразено кога телото е сосема сочувано, кога телото е балсамирано или замрзнато за покасно погребување. Суптилното тело осеќа приврзаност кон своето физичко тело, и уште толку му е потешко да се оддели и да продожи со своето понатамошно патување, бидејќи неможе да го остави својот претходен ‘дом’ – своето физичко тело.
Вибрациите околу мртвото тело кои привлекуваат негативни фреквенции:
Во времето на смртта, екскреторни гасови се ослободуваат од мртвото тело. Овие екскреторни гасови се редовни физички гасови кои се ослободуваат од тело кое се распаѓа. Бидејќи се работи за гасови кои се ослободуваат од тело кое се распаѓа, нивните фреквенции и вибрации по природа се негативни, и како резултат на тоа во непосредната околина се зголемува тама компонентата. Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) се привлечени кон овие негативни фреквенции и влегуваат во околината околу мртвото тело.
Следната серија на цртежи засновани на суптилното знаење, подолу се нацртани од духовни трагачи, кои имаат високо развиено шесто сетило, кое им овозможува да ‘видат’ што се случува со суптилното тело на мртво лице, како и што се случува во невидената околина околу физичкото тело на преминатото лице.
Духвите го напаѓаат мртвото тело со тоа што ја преземаат контролата над петте витални и под-витални енергии, кои се во процесот да бидат ослобедени од телото во Универзумот во времето на смртта. Тие емитуваат црна енергија во форма на чад кон мртвото тело, кој го опфаќа и создава обвивка од црна енергија околу него. Овој чад е невидлив, но може да биде согледан преку шестото сетило (ESP). Поради нападите од страна на духовите, врз мртвото тело се пренесуваат црни фреквенции и лешот се исполнува со овие црни фреквенции.
Откако духот ќе воспостави контрола над физичкото тело и петте витални и под-витални енергии, го насочува своето внимание да го фати суптилното тело на преминатото лице.
Суптилното тело на едно просечно лице генерално, е целосно исполнето со световни желби и лебди околу регионот на земјата. Тоа има суптилна врска со неговото физичко тело, поради психолошката приврзаност кон него, како и поради виталната енергија која се ослободува од мртвото тело во атмосферата за период од неколку дена. Духовите ја користат оваа суптилна врска да допрат до суптилното тело. Тие суптилното тело го фаќаат во стапица така што пренесуваат вртлози од црна енергија кон него. И на тој начин го повлекуваат суптилното тело на преминатиот предок кон своето поле на напад.
Потоа тие суптилното тело го фаќаат во мрежа од црни фреквенции. Ова го попречува слободното движење на суптилното тело и на тој начин создава препрека во неговото понатамошно патување после смртта. По некое време, многу духови се приклучуваат во нападот на суптилното тело, создавајќи дополнителни вртлози од црни фреквенции и ја преземаат целосната контрола над него. На овој начин, духовите систематски се здобиваат со контрола над мртвото тело и супитлното тело на преминатиот предок.
Од духовна перспектива, главната цел на погребниот обред треба да биде за да се постигне следново:
- Да се минимизра влијанието од духовите
- Да се помогне на суптилното тело во ослободувањето од физичкото тело
- Да му се даде поттик и заштита на суптилното тело во неговото понатамошно патување после смртта.
Инфомрацијата дадена подолу заедно со цртежите засновани на суптилното знаење ги пренесе Г-ѓа Анѓели Гадгил, трагач во SSRF со високо развиено шесто сетило. Информациите и цртежите засновани на суптилното знаење се добиени од Универзалниот Ум и Интелект и покажуваат што точно се случува со суптилното тело кога едно лице се погребува или кремира. Исто така, информации се добиени и за традицијата Кулата на Тишината
3. Кремирање на тело наспроти погребување
Кремирање е практика на отстранување на леш со горење.
На самиот почеток, важно е да се напомене дека кремацијата треба да се направи што е можно порано и по можност пред зајдисонце. Ако лицето починало во текот на ноќта, тогаш со кремцијата може да се почека до утрото. Со забрзување на погребниот процес, го минимизираме влијанието на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) врз мртвото тело.
Ова е редоследот на настаните кои се забележани:
- Во текот на кремирање (со ефект на Апсолутниот Принцип Оган (Теѓ-татва), проследено со рецитирање на одредени мантри, петте витални, под-витални енергии и екскреторни гасови се ослободуваат и се дезинтегрираат во атмосферата.
- Благодарение на Апсолутниот Принцип Оган и мантрите, околу телото кое гори се создава суптилна заштитна обвивка кој го штити од влијаниа на духовите.
- Поради целосната дезинтеграција на петте витални и под витални енергии, било каква суптилна врска, која суптилното тело ја имало со физичкото тело е прекината.
- Апсолутниот Принцип Оган и мантрите исто така, го чистат суптилното тело од било какви Раѓа-Тама вибрации и создааваат заштитна обвивка околу него.
- Како резултат на тоа, бидејќи суптилно тело сега е исчистено од Раѓа-Тама фрекевнциите, станува полесно и повеќе сатвик. Ова го поттикнува, односно му го олеснува понатамошното патување надвор до регионот на Земјата.
Една брза анализа на кремирањето покажува дека тоа ги исполнува сите критериуми за ефикасноста на погребниот обред.
|
|
|
|
|
Ако едно тело е нецелосно изгорено, сеуште се соочува со ризикот да биде под влијание на суптилните мантрици.
Исто така, прочитајте го написот : “Расфрлање на пепелта од урната – духовна перспектива“
4. Погребување наспроти кремирање
Произведувачите на погребните ковчези ги прават ковчезите со невидливи брави и гумени дихтунзи. Овие ковчези се прават на таков начин за да не се дозволи продирање на вода, земја и воздух внатре. Меѓутоа тие исто така, успеваат да ги задржат сите екскреторни гасови кои се ослободуваат во ковчегот. Суптилниот притисок во ковчегот расте, бидејќи вознемирувачките фреквенции кои се емиутваат од лешот, се материјализираат внатре во ковчегот и се трансформираат во црна обвивка околу телото. Овој процес на материјализација создава, вознемирувачки, фреквенции на триење и топли фреквенции. Овие фреквенции генерираат еден суптилен вознемирувачки звук кој ги привелкува духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).
Духовите влегуваат во ковчегот и се здобиваат со контрола над петте витални и под-витални енергии, и почнуваат да го исполнуваат лешот со обвивка од црна енергија. Поради тоа што телото се погребува во земјата, тоа привлекува вознемирувачки фреквенции од регионот на Пеколот (Патал) кои создаваат обвивка од црни фреквенции околу лешот. Духовите ја користат контролата која ја имаат над физичкото тело, петте витални и под витални енергии, да добијат пристап до суптилното тело. Со текот на времето, со поплавувањето црна енергија од духовите исто така, се зголемува и тежината на суптилното тело. Суптилното тело се влече кон ковчегот и бидува заробено во него, и станува плен на духовите.
Бидејќи суптилните тела на погребаните се заробени во регионот на Земјата, нивната веројатност да станат духови е поголема, отколку кај оние чии тела се кремирани. Дури иако лицето водело релативно добар живот додека било живо, со самиот чин на погребување, неговата веројатност да стане дух, иако против својата волја, многу пати се зголемува. Под влијание на други духови, тоа е принудено да прави дела поради кои се зголемуваат гревовите кој лицето го влечат подлабоко кон нижите региони на Универзумот.
Суптилна анализа на методот на погребување покажува дека, овој метод не исполнува ниту еден од критерумите за ефикасност на погребниот обичај.
|
|
|
|
|
5. Оставање на мртвото тело да биде конзумирано од мршојадци
Персијанската (Зороастријанска) заедница ги депонира своите мртви со тоа што ги ставаат на место познато како ‘Кула на тишината’. Кулата е отворена кон небото, бидејќи нема кров. Телото се изложува на сончевите зраци за да се распадне и да биде конзумирано од мршојадци.
Бидејќи суптилното тело е сеуште врзано за физичкото тело во моментот на смртта, тоа поминува преку агонија, додека телото е растргнато од мршојадци и додека тоа се распаѓа.
За да едно тело не се користи како средство да се влијае на суптилнот тело, тоа мора да биде целосно уништено и тоа што е можно поскоро. Огнот е единствениот елемент кој може тоа да го направи веднаш. Обично потребни се неколку денови за да петте витални и под-витални енергии целосно го напушатат телото. Во текот на овој период, тие можат да бидат искористени како средства да се допре до суптилното тело на преминатиот предок. Сончевите зраци и мршојадците едноставно немаат таква способност да го уништат телото за неколку дена.
Меѓутоа, нешто далеку поштетно се случува на духовно ниво. Во овој метод, бидејќи мршојадци го напаѓаат лешот, многу суптилни-мантрици и духови се привлечени од мирисот на крвта, коските и месото на лешот. Тие ја користат крвта и коските за да обавуваат негативни обреди со цел да се здобијат со контрола над суптилното тело. Со давањето на лешот на мршојадците, целото тело многу брзо потпаѓа под целосна контрола на духовите и суптилните мантрици. Тие многу лесно можат да станат робови на овие суптилни волшебници и незимерно да патат после смртта. На овој начин, овие суптилни тела, не добиваат поттик и лесно потпаѓаат под контрола на духовите, а со тоа и на Пеколот. Покрај тоа, многу духовите ги исполнуваат своите желби и глад за месо, јадејќи човечка крв и месо користејќи ги мршојадците како медиум.
Суптилните волшебници го материјализираат суптилниот вознемирувачки мирис кој се емитува преку крвта и месото и со помош на рецитирање негативни мантри, повторно му даваат суптилна форма на тоа суптилно тело. Потоа му даваат форма на дух, и го присилуваат да прави многу негативни дела, и на тој начин сериозно им прават проблеми на другите.
Суптилна анализа на методот оставање на лешот да биде конзумиран од мршојадци покажува дека, овој метод не исполнува ниту еден од критерумите за ефикасност на погребниот обичај и дека е дури и поштетен од погребувањето.
|
|
|
|
|
6. Како погребувањето или кремирањето влијае на животната средина
Само погребниот обичај во кој го оставаме телото да биде конзумирано од мршојадци, може да биде подобар за заштита на животната средина, од погребувањето во ковчег, кремирањето во крематориум, или горењето на клада. Меѓутоа, кога го избираме начинот на кој сакаме нашите погребни права да бидат извршени, неможеме да го разгледуваме само влијанието на животната средина. Постојат и други духовни аспекти кои треба да ги разгледаме, како што се влијаниата од духовите. Со исклучување на духовната димензија, при донесувањето на нашата одлука за тоа кој погребен обичај да се избере и со одлуката да го сочуваме телото недопрено, драмитчно ги зголемува шансите дека нашите преминати предци ќе бидат под влијание на духовите.
7. Заклучок
Од сите видови на погребни обичаи, кремирањето е најкорисно. Луѓето кои живееле релативно добар живот, со самиот чин на погребување го зголемуваат нивниот ризик да станат духови во животот после смртта. Понекогаш сме врзани за погребниот обичај кој се применува во кулутурата во која живееме. Меѓутоа, духовните реперкусии на погребувањето наспроти кремирањето, треба да бидат согледани во однос на нечија психолошка приврзаност за одреден вид на погребен обичај.