Придобивки од духовната пракса
Развој на личноста
Основна природа на луѓето – според импресиите во нашиот подсвесен ум
На дијаграмот погоре е претставен умот. Свесниот ум претставува само 10% од умот, додека подсвесниот ум, претставува 90% од умот.
Ледениот брег во кој удрил бродот Титаник површно не изгледал страшно, но вистинската закана била масата која лежи под водата. Точно така е и со состојбата на човечкиот ум. Вистинските причини за нашите емоции и чувства се содржани во подсвесниот ум во форма на импресии и центри.
- Центарот за желби
- Центарот за карктерните особини (темперамент)
- Центарот за сметката на земање и давање (Ве молиме прочитајте го написот Законот на земање и давање)
Непознати за нашиот свесен ум, овие импресии и центри во подсвесниот ум, се и главната причина за нашите акции и реакции, како и основа на нашата личност (карактер). Факт е дека нашата личност е роб на импресиите во нашиот подсвесен ум. Дали постои решение за овој проблем? Решението е поедноставно, отколку што можеме да го замислиме, а тоа е редовна духовна пракса.
Повеќе детали за тоа како умот функционира и како се формираат импресии, ве молиме прочитајте го написот за Структурата и функциите на умот.