Содржина
1. Вовед
Уште од рана возраст се обидував да бидам добар човек и да ги исполнувам сите должности како што растев. Меѓутоа, во тинејџерските години прашањата како ‘Зошто сме тука?’, ‘Која е целта на животот?’, ‘Мора да постои причина за сето она што се случува?’, ‘Дали Бог постои?’, итн. почнаа да се појавуваат во мојот ум и тоа беше почетокот на мојата духовна потрага. Прво, читав многу духовни книги. После тоа, пребарувањето се случуваше преку различни видови на уметност, како пишување поезија, пеење, компонирање музика, свирење на инструменти, итн. Во текот на овој процес, се појави и некоја внатрешна интроспекција и се случија разни духовни искуства. Но тоа се случуваше доста ретко и некако површно. По дипломирањето, сите мои прашања останаа неодговорени, почнав да се сомневам дека постои нешто повеќе во животот од фактот дека тој се живее на вообичаениот начин, односно како другите околу мене. Паднав во депресија. Иако имав пристојна работа и голем стан, од внатре се чувствував празно и без целно.
2. Почетокот на духовната пракса во 2001
Настанот кој го промени мојот живот се случи во 2001 година. Ја изгубив работата, но чувствував некое олеснување, бидејќи после долго време имав време за себе. Потоа дојде мислата да отидам во друг град и да го пронајдам издавачот на моите песни. Таму се случи да запознам еден од трагачите на SSRF (сега моја сопруга). Кога и ги покажав моите песни, таа даде некои коментари и преку нив сфатив дека таа го разбра моето внатрешно трагање. Кога седнавме да разговараме имав многу силно духовно искуство: Се чувствував како да се спуштил облак од Божествена златна енергија врз нас двајцата и за 2 часа добив одговори на сите прашања кои ги имав веќе долго време. Од тој момент, сфатив дека ова е духовниот пат за мене и почнав да го пеам Божјото Име. Мојата навика да пушам марихуана по само 6 месеци целосно престана, без посебен напор. Последниот пат кога ја пушев, имав суптилна визија на темен сив облак околу мене кој ја стегаше мојата глава и се обидуваше да влезе внатре. После тоа, бев сигурен дека марихуаната е многу штетна.
3. Предизвици – премин преку судбината: 2001 – 2008
После тоа работите се одвиваа (случуваа) многу брзо. На секои неколку дена ќе имав некое позитивно духовно искуство проследено со негативно. Тоа беше како да се бореа позитивната и негативната енергија околу мене. Од духовната пракса бев многу инспириран и се обидував сето тоа да го споделам со моите пријатели. Тие внимателно ќе ме слушаа, но после тоа ништо посебно не се случуваше. После некое време, моето семејство сфати дека вршам духовна пракса, и се обидов да им објаснам за што станува збор. Меѓутоа, наместо да ја разберат важноста на духовна пракса за мене, работите се испревртија – Ја користеа сета нивна моќ, енергија, пари, па дури и правни средства да ме присилат да се откажам и да не обавувам духовна пракса. Иако порано секогаш ги слушав, овој пат бев цврсто убеден дека духовната пракса е најдоброто нешто што ми се случило и дека треба да продолжам да ја обавувам по секоја цена. Ова беа доста тешки времиња со многу предизвици. Се преселив во друг град, и најдов нова многу подобра работа. Ги изгубив сите мои пријатели и моето семејство се сврте против мене. Многу пати размислував за тоа: Дали духовната пракса вреди толку многу страдање? Дали сум во право што донесов таква одлука? Само со Божја помош и помошта на трагачите можев да продолжам да пеам, да присуствувам на Сатсанзите (Престој во друштво на Апсолутната Вистината) и да обавувам служење на Апсолутната Вистина (сатсева).
4. Духовната пракса станува моја целодневна активност – 2008
После неколку години, се чувствував ментално и физички исцрпен од борбата опишана погоре. На работа ќе поминев и по 10 часа, ќе се вратев дома и ќе применував мерки за духовно исцелување и пеење по неколку часа, а потоа ќе ми останеше само еден час или два за служење на Апсолутната вистина (служење на Бога). Кога ќе почувствував дека неможам да издржам повеќе, дека дадов се од себе и дека ја потрошив сета сила, повторно се ќе се променеше. После неколку години, правниот спор со моето семејство беше донесен во моја корист. Бев финансиски обезбеден доволно што можев за некое време да ја напуштам работата и да го посветам целото мое време на духовна пракса. Па во еден момент сите надворешни тешкотии престанаа, и сфатив дека сето тоа што ми се случуваше беше прикриен Божји благослов. Бог направи да ја поминам мојата тешка судбина во само неколку години за да можам остатокот од својот живот да го посветам на Духовноста, и само Тој ми даде енергија да го поднесам сето тоа.
5. Отстранување на егото – 2012
Конечно имаше доволно време за духовна пракса, па почнав да поминувам се повеќе и повеќе време во сатвик активности и по сериозно да практукувам различни аспекти на духовноста како отстранување на недостатоци на карактерот и отстранување на егото. Поради тоа што вложив дополнителни напори моите очекувања излегоа на површината. На пример, често помислував дека сега треба брзо да напредувам, дека другите треба да ги фалат моите напори, дека треба да добијам некое по одговорно служење на Бога, итн. Сепак, тоа не се случуваше. Многу други трагачи духовно напредуваа побрзо и нивните напори беа забележани и споделени како пример, па почнав да се споредувам со нив. Тогаш се чувствував лошо, бев депресивен и имав мисли како ‘Јас не сум добар трагач’, ‘Јас не го разбирам она што Бог и Гуруто го прават’,’ Зошто другите напредуваат, а јас не?’. Така самиот станав мој најлош непријател, а кога преовладуваа такивте мисли, сите мои најдлабоки сомнежи и најлоши мисли ќе им ги кажев на трагачите. Излезе како вулкан, со оглед на тоа дека долго време го чував во себе. Внатрешната сила беше толку силна што мораше се да извадам од себе, па дури и по цена да не обавувам веќе духовна пракса! Бидејќи го споделив сето тоа, сликата која ја имав створено за себе се сруши. Кога го споделував сето ова имав страв дека нема да можам да продолжам со мојата духовна пракса. Сепак, тоа не се случи. Трагачите не ме осудуваа, но искрено ме подржуваа да продолжам. Дури сега сфаќам дека тоа беше моментот во кој Бог ми го покажа моето его многу јасно и очигледно, па така неможев веќе да се преправам дека сум бил во ред. Ова сознание го скриши моето его, за мое добро.
6. Трансформација: 2013 – 2014
Пред горенаведениот настан, мислев дека сум духовен. Сепак, сфатив дека јас незнам што е всушност Духовност. Потоа, се осеќав како ‘никој’. Сите мои очекувања дека во овој живот ќе постигнам духовен напредок исчезнаа, и во тој момент почна мојата внатрешна трансформација. Почнав да уживам во секој ден од мојата духовна пракса и служење на Бога и бев благодарен за самата можност да бидам на овој духовен пат. Почнав да одам во истражувачкиот центар на SSRF во Индија секоја година и таму поминував минимум 3-5 месеци. Ова беше можно само поради Божјата Милост. Сфатив дека неможам да очекувам и/или принудувам Бога да пораснам духовно. Се што можам да направам е да вложам искрени напори во мојата духовна пракса, останам благодарен и духовниот раст ќе се случи според Божјиот план и време. Незнам уште колку судбина треба да поминам во овој живот, Mно знам дек Бог ме спаси од најголемата беда и живот без цел и ми го покажа патот кон вечното Блаженство!
Секој е различен, па затоа не треба да се споредуваме. Секој има свој пат до Бога. Бог чека на нас да го направиме првиот чекор, да веруваме и да правиме напори да дојдеме до Него. Потоа, тој ќе ни помогне и ќе не пренесе преку сите пречки. Токму ова се случи со мене. Поради незнаење, многу луѓе мислат дека е залудно инвестирањето на време во Духовноста, па ја трошат нивната енергија и следат цели кои се поврзани со светот – Маја – Големата Илузија. Реалноста е токму спротивното. Секоја мисла и момент посветен на Бога и духовна пракса останува мемориран во Божјата свест и никогаш не се брише или губи и се додава на нашата ‘духовна сметка’. Од друга страна пак, сите световни работи, цели и достигнувања се минливи и привремени. Кога ќе се сетам и размислам околу тоа, ако некој претходно ми кажеше, што ќе се случи со мене во иднината, веројатно би го исмеал. Преку ова сфатив дека Бог има голем план за сите нас, многу поголем отколку што ние можеме да замислиме, само ако ги предадеме нашите животи во Неговите раце.
Се случија многу внатрешни промени:
- Гневот стивна, помирен сум и подобро ги прифаќам ситуациите
- Стравувањата дека не сум добар и дека нема да стигнам до Бога, исто така исчезнаа
- Животните навики се подобрија. Повеќе сум дисциплиниран и вреден од порано.
- Мојата себичност се намали и многу повеќе мислам за другите
- Се зголеми интроспекцијата и инровертноста
- Поголем дел од времето сум среќен и задоволен
- Доживувавм Блаженство
Благодарност кон Бога
– Г-дин А.К., Србија, Европа