Дали животните имаат шесто сетило, или способност за надчулна перцепција да го осетат присуството на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)?
Повеќето животни имаат способност да ја почувствуваат суптилната димензија. Како пример за овој феномен, можеме да го наведеме случајот каде што сите животни ја напуштиле плажата Патангала во Националниот парк Јала, Шри Ланка и се преселиле на повисоки надморски височини, непосредно пред да биде погоден брегот од цунами во 2004 година. Околу 60 посетители го загубија својот живот во овој резерват за диви животни со површина од 1295 квадратни километри, додека сите други животни, освен два водени биволи, го преживеаа убиственото разрорување на цунамито.
Извор:National Geographic
http://news.nationalgeographic.com/news/2005/01/0104_050104_tsunami_animals_2.html
Сите животни можат да ги почувствуваат негативните вибрации кои се емитуваат од духовите, но неможат да ги идентификуваат деталите како, за каков вид на дух се работи, неговата сила, неговите намери, и не знаат како да се одбранат од нив, итн. Кучињата, коњите, враните и мачките се подобро познати по нивните способности да го почувствуваат присуството на духовите. Меѓутоа, и покрај тоа животните неможат да се обучуваат како да чувствуваат духови, поради нивниот ограничен интелект.