Духовно истражување за староста на универзумот и неговите циклуси

1. Вовед

Во некои од нашите написи, се осврнавме на староста на Универзумот и неговите четири ЕриСатјајуга, Третајуга, Двапарјуга и Калијуга. Добивме прашања од нашите читатели за тоа како го дефинираме Универзумот и како го одмеруваме гледиштето на модерната наука со гледиштето на духовната наука за староста на Универзумот. Овој напис е одговор на овие прашања, каде што ја објаснуваме староста на Универзумот според Божественото знаење добиено преку духовно истражување засновано на духовната наука.

Забелешка од уредувачкиот тим: Фондацијата за истражување засновано на духовната наука SSRF, објавува написи кои се повеќе практични, за да можат луѓето да учат од нив и да ги подобрат нивните животи. Разбирањето на созданието е претежно теоретско, и има многу малку практични вредности во нашето духовно патување. Оттука, ве молиме сметајте го овој напис едноставно како додаток на написите во кои го спомнавме Универзумот. Овде споделивме само неколку релевантни точки во однос на темата, да се отстрани секоја двосмисленост поврзана со другите написи коишто се однесуваат на Универзумот.

2. Дефиниција на Универзумот

На самиот почеток дозволете ни да дефинираме што SSRF подразбира под поимот Универзум. SSRF го дефинира Универзумот како целокупниот видлив и невидлив свет. Ова значи дека ја вклучува Земјата заедно со сончевиот систем, сите соѕвездија и галаксиите кои ги гледаме во небото. Но ова, исто така е само мал дел од Универзумот. Заедо со ова, исто така ги вклучува и седумте негативни и седумте позитивни нивоа на постоење кои се објаснети во нашиот напис – Што се случува после смртта?

3. Колку е стар Универзумот

Да се разбере овој дел мораме да го познавеме основниот духовен закон на создавање. Се во Универзумот, вклучувајќи и го самиот Универзум, е прво создадено, потоа одржано за одреден период на време и конечно уништено. Создавањето, одржувањето и разградувањето на Универзумот и неговите елементи, се континуирани процеси кои се одвиваат од памтивек.

Преку духовно истражување, откривме дека Универзумот поминал преку многу такви циклуси во кој бил создаван, одржуван и потоа уништуван. Делумното разградување на Универзумот е познато како Парјај и детално е објаснето во деловите подолу.

Откако Универзумот е создаден и пред да биде уништен, (т.е. во текот на времето во кој е одржуван) тој поминува низ многу циклуси. Најмалиот од овие циклуси (исто така познат како Парјај), има 4 Ери. Тие се Сатјајуга, Третајуга, Двапрјуга и Калијуга.

Преку духовното истражување, откривме дека секоја од овие ери во еден циклус траела одреден број години.

Ери во еден циклус (парјај)

Ера Години
Сатјајуга 1,728,000
Третајуга 1,296,000
Двапарјуга 864,000
Калијуга 432,000
Вкупно 4,320,000 *

*т.е. 4.32 милиони години

Во сегашниот циклус (парјај), ние сме приближно 5112 години во ерата на Калијуга (преведена како Ера на раздорот). Бидејќи сегашниот циклус (парјај) започнал, ние поминавме приближно над 3.8 милиони години и уште треба да поминеме преку 420.000 години. На крајот од овој циклус на Калијуга, ќе дојде до мини-уништување пред повторно да почне Сатјајуга. Мини-уништувањето воглавном се однесува на масовно уништување како војна, природни катастрофи, загуба на животи, итн. Нивото на уништување е делумно во споредба со разградувањето на Универзумот кое е познато како Парјај.

Една од клучните разлики во овие Ери е нивото на сатвикот во општеството и просечното духовно ниво на човештвото. Следната табела го прикажува просечното духовно ниво на човештвото во секоја Ера во еден циклус.

Духовно ниво на човештвото во секоја од Ерите

Ера Модус* на духовно ниво
Сатјајуга 70%
Третајуга 55%
Двапарјуга 35%
Калијуга 20%

*о статистиката “Модус” е вредноста која најчесто се појавува во некоја група податоци

4. Главни циклуси на Универзумот

Во продолжение се дадени другите главни циклуси во времето кога Универзумот поминува преку:

2-MKD-Other-cyles-of-time-of-the-Universe

4.1 Уништување или разградување на Универзумот

Следниве се видовите на разградување, т.е. уништување, коишто се случуваат периодично во Универзумот.

4.1.1 Пралај (секои 4.32 милијарди години)

  • Пралај се преведува како разградување на Универзумот.
  • Што е уништено? Кога Пралај се одвива, тогаш регионот Земја (Булока – заедно со галаксиите, итн.) Чистилиштето (Бувалока), 7-те региони на пеколот (Патал) и Рајот (Сваргалока) биваат уништени.
  • Што останува? Сепак, повисоките позитивни суптилни региони Махалока, Ѓаналока, Тапалока и Сатјалока остануваат какви што се. Аспектите на Бога одговорни за Создавање (Брама), Одржување (Вишну), Разградување/Уништувње (Махеш) остануваат исти.
  • Кога се случува? Ова се случува еднаш во секои 4.32 милијарди години или 1000 циклуси (парјај) или 1 ден (1 калпа) од Принципот на Создавање (Брама).
  • По пралај, 4.32 милиони години се потребни за Созданието да се материјализира и да започне Сатјајуга. За Созданието да се материјализира, одредено време треба да помине. По разградувањето, процесот на создавање започнува веднаш, но целата креација станува видлива за човечкото око после 4.32 милиони години.

4.1.2 Махапралај (секои 432 милијарди години)

  • Во секои 100 денови од Принципот на Создавањето (432 милијарди години) настапува махапралај (грубо преведено како големо разградување).
  • Во махапралај доаѓа до разградување на целиот Универзум т.е. 7-те позитивни и негативни региони на Универзумот. Исто така, доаѓа до разградување на Аспектите на Бога одговорни за Создавање, Одржување и Разградување/Уништување.
  • Само врховниот Божји Принцип останува во не-манифестирана (ниргун) форма.

5. Разликите помеѓу погледите на модерната и духовната наука

Модерната наука останува на ставот дека Универзумот е стар над 13 милијарди години (wikipedia.com).Главната причина за разликите во погледите помеѓу модерната наука и знаењето добиено преку духовно истражување, е недостатокот на шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција, т.е. духовно восприемање, (во споредба со Светците), да се разбере принципот на Создавање, Одржување и Уништување на Универзумот.

3-MKD-Pande-Baba-and-Creation-of-Universe

6. Разни точки за создавањето на Универзумот и човештвото

Следниве се некои релевантни точки за создавањето на универзумот добиени преку духовно истражување засновано на духовната наука.

П: Колку долго и требаше на Земјата да ја достигне сегашната состојба кога е населена со човечки суштества.

О: Кога еднаш Универзумот ќе постане видлив за голото око, се манифестира во целост веднаш. Пред да започне Сатјајуга, и Земјата постане погодна за живеење, немало гестациски период (односно немало луѓе)

П: Кога луѓето ја населиле Земјата?

4-MKD-Neanderthal-Man

О: Луѓето ја населиле земјата на самиот почеток на Сатјајуга. Тие не еволуирале од примати или други видови како што е прифатен популарниот концепт од модерната наука. На пример, ние не еволуиравме од Homo Neanderthhalesis уште познат како Неандерталец. Неандерталецот потекнува од различен вид.

Главната разлика помеѓу човечките суштества во Сатјајуга и Калијуга е разликата во просечното духовно ниво кое е 70% према 20%. Како што сатвикот во Сатјајуга бил поголем, стапката на уништување/стареење е побавен. На пример, луѓето во Сатјајуга имале многу долги животи (400 години во просек), биле многу високи, итн. Меѓутоа, животниот век на луѓето во Калијуга е намален на (70-80 години), исто така е намалена и просечната висина на луѓето. Секогаш кога е висок износот на основните суптилни компоненти Раѓа и Тама како во Калијуга, стапката на стареење и уништување се зголемува.

Во следнава табела се дадени повеќе аспекти за четирите епохи:

Аспкет Сатјајуга Третајуга Двапарјуга Калијуга
Процент на луѓето кои еволуирале над 70% 60% 40% 20% 0.00001%
Односот на заслугите и гревовите во (%)
Гревови 0% 25% 50% 75%
Заслуги 100% 75% 50% 25%

Видовите како што се диносаурусите постоеле во многу различни циклуси (парјаји) претходно. Во овој циклус и тие можеби постоеле во некоја од ерите како што е Третајуга, а потоа изумреле. Исто е како со повисоките човечки суштества. Суптилните тела се реинкарнираат како човечки суштества повторно и повторно во текот на Ерите, се додека не се ослободени од циклусот на раѓање и умирање со вршење духовна пракса. Слично на тоа и животните исто така се намалиле во Калијуга, додека некои видови исчезнале. Но, тие ќе се појават во следниот циклус.