Содржина
1. Вовед
Како дете верував дека Бог постои, но Тој немаше некоја посебна форма. Моето семејство е од Кинеско потекло, така да ние следиме некои будистички верувања и традиции, но не толку стриктно. Кога бев околу 10 години, повремено се обидував да разговарам со Бога, обично навечер пред спиење за да му се заблагодарам што се грижи за моето семејство, и да Го замолам да продолжи да се грижи за нас. Секогаш кога ќе западнев во некоја неволја или бев близу да се сретнам со некоја сериозна несреќа, ќе се сетев на Бога во тие времиња.
2. Брачни проблеми помеѓу моите родители
Во текот на моето детство моите родители почнаа да имаат брачни проблеми, често сето тоа ќе се одиграше дома пред нас. Имам две други сестри, но од сите три од нас, мајка ми ќе ми се довереше на мене за работите што татко ми ги правеше и што ќе и речеше. Беше вознемирувачко за мене да слушам што таа ќе ми кажеше и почнав да развивам гнев кон мојот татко и често бев депресивна, бидејќи ништо не можев да направам за да ја поправам ситуацијата.
Годините поминати во основно училиште беа исполнети со посети на школскиот советник, кои ми помогнаа да се справам со ситуацијата дома. Емотивно се поврзав со моите наставници на училиште, бидејќи ќе најдев утеха во тоа што можеа да ме разберат мене и мојата ситуација на начин на којшто моите врсници не можеа. И покрај тоа што имав некоја поддршка на училиште, проблемите кои ги чувствував внатре не беа решени.
3. Тинејџерските години
Кога бев околу 15-16 години, осетив дека нешто почна да се менува внатре во мене. Депресијата што ја чувствував за мојата фамилијарна ситуација се во гнев кон и двата мои родители. Бев лута на татко ми за двојниот живот кој што то го живееше, и бев лута на мајка ми затоа што не прави ништо во врска со ситуацијата, која се чувствуваше како за развод. Бидејќи мајка ми беше секогаш во расправии со татко ми, таа често ќе го истуреше нејзиниот гнев и стрес врз мене и моите сестри.
Во тој период почнав да се облекувам целата во црно, и користев црн лак за нокти. Донесов одлука за првпат да ја скратам мојата долга коса многу кратко и ја фарбав во различни бои од зелена до плава до виолетова. Во тоа време, исто така, слушав многу хеви метал музика како, Слипнот и Гадсмек со непристојни стихови, и често пцуев. Уживав да гледам хорор филмови, и колку повеќе по морничави тие ќе беа, толку повеќе сакав да ги гледам. Почнав да добивам мисли и желби да направам пирсинг на мојата веѓа, усна, итн. и да го истетовирам моето тело.
Исто така, имаше времиња кога осеќав интензивен гнев без некоја посебна причина и ќе се чувствував како да сакам да врескам или да удирам во ѕидот. Во текот на овие години, исто така, лесно постанав многу емоционална. Моите пријатели и семејство во тоа време беа збунети, бидејќи тоа изгледаше како да постоеше нова страна од мојата личност која наеднаш се пробудила.
Се борев со сфаќањето и откривањето која сум како личност и осеќав внатрешени немир околу своите различни интереси. Ова ме правеше константно да се чувствувам немирна внатре. Подоцна сфатив дека само Духовноста може да ни помогне да сфатиме кои навистина сме.
4. Заинтересираност за духовноста
Почнав повеќе да се интересирам за Духовноста по започнувањето на Универзитет во 2008 година. Почнав да земам многу часови по Антропологија и бев највеќе љубопитна да научам за различните системи на верување и религии на различни култури низ светот, како и нивното знаење за духовната димензија.
Во тоа време почнав да работам во продавница за опрема за кампување и отворена рекреација, каде се спријателив со две лица (кои подоцна станаа SSRF трагачи). Се чувствував интензивно поврзана и со двата од нив, како што често ќе зборувавме за разните теми поврзани со Духовноста. После работа или за време на викендите често ќе отидев кај нив во нивната куќа да зборуваме за Духовноста и тие ќе ми ги покажеа разните книги кои ги имаа за духовноста и духовно исцелување.
5. Започнување духовна пракса со SSRF
Во 2009 година, двајцата мои пријатели од работа планираа патување, да ја посетат Гоа, Индија и ме замолиа да се грижам за нивната куќа додека тие беа заминати. Кога отпатуваа за Индија, тие неочекувано останаа да престојуваат во Истражувачкиот центар на SSRF, и ја започнаа нивната духовна пракса таму.
Во текот на овие неколку месеци додека тие беа заминати, почнавме да имаме некои искуства во мојот семеен дом со некаков негативен ентитет (дух). Мојата тетка, помладата сестра и јас можевме да го согледаме присуството на овој негативен ентитет и тој често ќе направеше различни нешта во куќата обидувајќи се да не исплаши.
Незнаејќи што да правам, преку и-мејл и пишав на двајцата мои пријатели кои беа во Истражувачкиот центар на SSRF да им објаснам што се случува, бидејќи тие беа единствените пријатели кои ги имав и кои можеа да разберат и евентуално да ни понудат некое решение. Тие ми го проследија линкот до веб сајтот на SSRF и не посоветуваат да почнеме да ја пееме пеаницата “Шри Гурудев Дата”. Додека ја читав веб-страницата за прв пат, се сеќавам дека се чувствував како сето она што читав беше Вистината и никогаш немаше сомнеж за тоа што беше напишано во било кој од овие написи.
На првиот ден кога почнав да ја пеам пеаницата Дата, таа истата ноќ имав впечатливо искуство на парализа во сонот и болен притисок кој туркаше кон моето тело. Имав искуство на парализа во сон неколку пати во текот на моето детство, но ова посебно искуство беше најекстремно. Автоматски пеаницата Дата започна во мојот ум и по некое време парализата и притисокот престанаа. Почнав да ја пеам пеаницата Дата на дневна основна и доживеав дека, секогаш кога ќе ја пеев пеаницата, негативниот ентитет не можеше да дојде блиску до мене, и ќе останеше подалеку. Ова ја зајакна мојата вера дека оваа пеаница всушност ме штитеше и јас го охрабрував моето семејство да ја пее истата пеаница.
Се што SSRF трагачите ќе ме насочеа да направам за пеењето или за духовни исцелувачки средства, ќе се обидев да вложам искрени напори да почнам да применувам во пракса и почнав да забележувам позитивни промени во состојбата на мојот ум и битие. Почнав да се чувствувам смирена во ситуации каде нормално ќе имав многу налетувачки (брзи, тркачки) мисли или негативни мисли.
Наскоро моите пријатели трагачи се вратија од Индија и тие споделија со мене се што научиле во Центарот за Духовно Истражување на SSRF и за духовна пракса. Често ќе одев кај нив на сатсанг. Бев многу љубопитна да одам во нивниот дом за сатсанзи, затоа што секој пат ќе доживеев многу позитивност и бев нестрплива да научам што се друго би можела да се обидам да применам во пракса.
Почнав да присуствувам на SSRF сатсанзите за Северна Америка кои се одржуваа преку телефон секоја недела и имав неколку духовни искуства. Кога ќе имав некое прашање во мојот ум, автоматски ќе беше одговорено од трагачот кој го водеше сатсангот или некој друг присутен ќе го праша истото прашање. Се трудев да бидам слободна секој петок навечер, за да присуствувам на сатсангот и ги одбивав поканите од моите пријатели да излезам со нив, бидејќи осетив дека од Чаитанија која ја добивав преку сатсангот ќе ми помогне во моите напори во духовна пракса за целата таа недела.
Наскоро запознавме четврт трагач кој живееше во истиот град како нас, кој ја започнал неговата духовна пракса со SSRF и заедно организиравме и спроведовме серија јавни SSRF работилници во библиотеки како наша сатсева.
6. Учење како да се справам и да надминам Духовно нарушување
По некое време во духовна пракса, мојот духовно напреден водач ми објасни дека имам сериозно нарушување поради негативните енергии. Таа, тоа ми го кажа наутро пред да заминам на училиште, и се сеќавам како што седев во класот сфатив дека, да се биде сериозно нарушен значи дека јас сум опседната од негативна енергија. Ми требаше некое време да го прифатам ова, но штом ќе го прифатев овој факт, тогаш можев да научам всушност што значеше ова, и што е потребно да направам за да го надминам нарушувањето.
Моите тинејџерски години добија повеќе смисла, бидејќи сфатив дека сите тенденции и причини зошто се чувствував како две различни личности, беше поради негативниот ентитет кој што ме опседнал.
Како што почнав да ја зголемувам мојата духовна пракса и мерките за духовно исцелување, негативниот ентитет почна да се манифестира во физички движења или со промена на изрази на лицето. Често тоа се случуваше кога бев на сатсанг или во некоја средина која имаше повеќе сатва. За среќа, Бог се погрижи за ова, и ќе се случеше само кога бев во друштво на трагачи, и моето семејство и пријатели никогаш не беа сведоци на ова, бидејќи најверојатно би се уплашиле.
Нарушувањето, исто така, дојде во форма на многу негативни мисли и мисли да си наштетам на себе. На пример додека возев, често ќе добивав нагон да го свртам воланот да го удрам автомобилот или тоа ќе го визуелизирав дека се случува пред моите очи додека возев. Во текот на овие времиња, само ќе продолжев да го молам Бога да ми помогне, и да ми покаже како да ги игнорирам овие мисли и нагони. Иако овие мисли и нагони беа многу силни, Бог никогаш не дозволи да ми се случи нешто лошо.
SSRF во Јануари 2010 година, од SSRF Истражувачкиот Центар преку интернет ја емитуваше својата духовна работилница за да можат трагачите низ целиот свет да ја гледаат. Се сеќавам секогаш кога ќе се обидев да гледам било која сесија од работилницата, нарушувањето беше толку големо што не можев да разберам ништо од тоа што се случуваше. Во текот на таа недела моите стомачни мускули константно се грчеа во текот на целиот ден. Сеуште требаше да возам и да присуствувам на училиште и имав голем страв за тоа што другите ќе мислат ако ме видат како ги правам овие неконтролирани движења. Само со Божјата милост, додека седев во класот или бев во друштво на моето семејство, неконтролираните движења на моето тело ќе се намалеа до некои мали движења. Сепак, секогаш кога ќе бев сама, тие пак ќе постанеа интензивни. Откако искусив дека движењата ќе се намалеа кога беше потребно, сфатив дека Бог мора да прави нешто што е надвор од моето разбирање, и така го прифатив.
Преку овие искуства, сфатив дека сериозното нарушување всушност беше скриен благослов, бидејќи преку нарушувањето, Бога ме учеше како да развијам борбен дух, како да развијам сериозност и независност во духовно исцелување, прифаќање на ситуациите и најважно да развијам вера во Бога дека Тој секогаш се грижи за мене.
7. Доѓање во SSRF Истражувачкиот Центар
Во јули 2011 година, дојдов во SSRF Истражувачкиот Центар за прв пат, на духовна работилница. По оваа работилница донесов одлука да прекинам со моето школување и целото време да го посветам на духовна пракса. Го комплетирав моето школување до ниво на кое можев да добијам диплома, и да аплицирам за работа во таа област, но првично планирав да продолжам до повисок степен. Сфатив дека толку многу време се губи на одење на училиште, во домашни задачи и одредувања, а во реалноста мојот световен статус и овој степен на образование неа беа важни во споредба со важноста на духовната пракса. Времето кое го имаме сега за духовна пракса пред тешките времиња е многу кратко.
Само со Божјата Милост, имав можност да дојдам во Истражувачкиот Центар на SSRF неколку пати и да вршам духовна пракса помеѓу годините 2011-2014.
Во SSRF Истражувачкиот Центар се чувствував мирно и како дома. Научив толку многу од трагачите кои живееа таму и добив толку многу помош и упатување за мојата духовна пракса и за мојот духовен напредок. Направив напор да ги имплементирам 8-те аспекти на духовна пракса и се концентрирав да ги практикувам процесот на отстранување на недостатоците на карактерот. Со тоа што бев константно во друштво на Светци, тоа ја зајакна моето убедување повеќе дека не постои ништо друго поважно од тоа да се живее духовноста и вршењето духовна пракса.
Во текот на моите први, неколку посети на Истражувачкиот Центар на SSRF, негативната енергија која имаше опседнато, често ќе се манифестираше насилно. Учествував во различни суптилни суптилни експерименти во кој негативната енергија ќе се манифестираше и извртуваше на нечовечки начини. Овие експерименти ми дозволија да научам повеќе за негативните енергии и како да се раздвојам себе од ентитетот кој ме имаше опседнато. Единственото нешто што ќе ги смиреше овие манифестации беше правењето напори да пробудам духовна емоција, пеење на Божјото Име и правење интензивни молитви кон Бога. Овие искуства всушност ја зајакнаа мојата вера дека само Бога може да ме спаси од нарушувањето и негативните енергии и тоа е една од причините зошто тие се спроведуваат. Другата причина е дека, нарушувањето од негативна енергија се намалува во трагачот откако овие суптилни експерименти во кој негативни ентитети се принудени да се манифестираат, и на тој начин тие ја губат нивната црна енергија, што му помага на трагачот.
8. Достигнување духовно ниво од 61%
Во Март 2013 година, додека престојував во Истражувачкиот Центар на SSRF, беше објавено дека сум достигнала духовно ниво од 61%. духовно ниво Почувствував огромна благодарност кон Бога, бидејќи само со Неговата Милост и Неговата Грижа духовниот напредок можеше да се случи и покрај духовната вознемиреност што ја чувствував. Со тоа што се обидував да ја прифатам и земам секоја ситуација и искуство како духовна пракса, Бог ми покажа како, кога ние ќе направиме еден чекор кон Бога, Тој прави десет чекори кон нас. Се чувствував благодарна дека преку сите трагачи со кои бев во контакт во SSRF, Бог ме водеше и ми помагаше да ги практикувам 8-те аспекти на духовна пракса и да разберам како да направам напори да ги надминам моите дефекти и его преку процесот на отстранување на недостатоците на карактерот.
9. Моментална состојба
Не знам каде ќе бев, ако не стапев во контакт со SSRF и започнев духовна пракса со нив. Само преку духовна пракса можев да ја сфатам вистинската цел на животот и да бидам во можност да се ослободам од тешкотиите со кои се соочував. Повеќе не сум збунета за тоа која сум, бидејќи духовната пракса ме натера да сфатам дека сите ние сме навистина Душата внатре.
Мојата духовна вознемиреност се намали во голема мера и сум во можност да посветам (одделам) повеќе за духовна праска и Сатсева. Му должам на Бога и SSRF затоа што ми помогнаа да го надминам ова духовно нарушување кое би можело да ме следи преку безброј животи. Смиреноста и мирот кој се чувствува внатре преку вршењето духовна пракса гледам е нешто за кое толку многу луѓе копнеат во денешното општеството.
Ако би можела да споделам една работа со читателите на SSRF, тоа би било мојата искрена молба да ја започнат нивната духовна пракса уште денес, бидејќи не постои ништо друго во овој свет што може да ви донесе мир и реализација на тоа кои сте навистина. Не е важно колку подеми и падови постојат на духовниот пат, продолжете да верувате, бидејќи крајната цел да го спознаете Бога е вредна секој момент од напорите кој еден ќе ги вложи да биде на овој пат.
– Г-ѓа Кристи Ланг, Ванкувер, Канада