1. Вовед во причината за негативни вибрации и опседнати простории
Духовното истражување засновано на духовната наука, откри дека повеќето куќи во светот имаат некаква форма на негативни вибрации. Овие негативни вибрации може да се должат на голем број причини како што се:
- Луѓето кои живеат во просториите
- Дали тие вршат духовна пракса?
- Дали духовната пракса е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса?
- Каков е психолошкиот профил на луѓето кои живеат во просториите?
- За која цел се користат просториите?
- Просториите: Видот на изградба, чистотата на куќата, предметите во куќата и нивната поставеност, итн.
- Парцелата на која е изградена куќата
- Околината
Уште поважно е да се напомене дека овие негативни вибрации ги привлекуваат духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) или преминатите предци. Следниов графикон ги покажува факторите и нивниот процент во просек кој придонесуваат за привлекување духови и преминати предци во просториите кои имаат негативни вибрации.
На пример, ако луѓето кои што живеат во просториите имаат многу лични дефекти и недостаци како лутина, лакомост, зависности, итн. тие ќе привлечат духови или суптилни тела на преминати предци. Исто така доколку просторите се користат за препуштање во зависности како што се слушање на тамасик музика, итн. повторно може да се привлечат духови. Покрај тоа околу 60% од нашите преминати предци остануваат приврзани за земјата, откако тие ќе умрат. Околу половина од овие предци лебдат околу нивното омилено место (домот во кој живееле) или објект, а другата половина околу луѓето кои највеќе ги сакале. Преминатите предци кои останале приврзани за земјата, најверојатно ќе им предизвикуваат проблеми на своите потомци или на луѓето кои сега живеат во домот во кој тие живееле.
Ве молиме прочитајте го написот – Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?
Меѓутоа, повеќето луѓе не се свесни за вознемирувачките вибрации во нивните домови, бидејќи и тие самите се под влијание на црната енергија на духовите. Заради тоа, тие не чувствуваат присуство на духови, преминати предци, ниту пак негативни вибрации. Поради присуството на обвивката од црна енергија (обвивка од црна енергија во просек од 4cm) околу повеќето луѓе и неразвиено шесто сетило, ги прави нечувствителни на суптилното нарушување, кое се должи поради присуството на духовите.
Ова може да биде разберено од аналогијата за тоа како на медецинскиот персонал, не го чувствуваат, ниту им смета мирисот на лекови или средствата за дезинфекција во болницата. Исто така, оние кои веќе околу себе имаат обвивка од црна енергија (т.е. Раѓа-Тама), подобро се чувствуваат во просториите каде има повеќе Раѓа-Тама активности. На пример, алкохоличар кој е опседнат, ќе се чувствува посреќен, само кога во куќата има доста алкохолни пијалаци.
2. Мерки за отстранување на опседнатоста и негативните вибрации од просториите
Следната табела ја прикажува компаративната важност на мерките кои може да се преземат за духовно прочистување на една средина.
Мерки | % на значење |
---|---|
Духовна пракса на луѓето кои живеат во просториите |
30 |
Луѓето кои живеат во просториите се благи по природа |
30 |
Методи за прочистување на просториите |
14 |
Посета од страна на Светци |
10 |
Држење отворени врати и прозорци |
2 |
Отстранување на дефектите во просториите кои придонесуваат за суптилни вибрации во просториите |
2 |
Не треба да се експериментира со енергии, како што се користење на одбор масичка за духовни сеанси итн. |
2 |
Разно (садење сатвик билки како што е Светитот босилок тулси) |
10 |
Забелешка: Следните духовно исцелувачки мерки се ефективни алатки за намалување на негативноста во просториите:
Овие исцелувачки мерки поседуваат зголемен потенцијал кога ќе се спроведат со посветеност и духовна емоција (Бав), заедно со нечија редовна духовна пракса. Науката ’Вастушастра’ и ’Фенг шуи’ имаат ограничена улога во отрстрнување на опседнатоста. Соодветвните методи кои се применуваат заради духовно прочистување на просториите се повеќе корисни од структурните промени советувани од ’Вастушастра’ и ’Фенг шуи’. И покрај тоа, само духовите од пониските нивоа со помала духовна моќ, заминуваат по применувањето на методите за духовно прочистување на просториите. Следната табела ги прикажува резултатите од истражувањето засновано на духовната наука за ефектите од напорите на истерувачите на демони за духовно да се очисти куќа, наводно запоседната од духови.
Природа на опседнатоста1 | %2 | Корист |
---|---|---|
Вистинска |
30 |
03 |
Измислена |
30 |
304 |
Разно |
40 |
104 |
Фусноти:
- Природата на опседнатоста ја кетегоризираме во три вида:
- Вистинска: Ова е случај кога опседнатоста е всушност од страна на духовите или нашите преминати предци.
- Измислена: Ова е случај кога луѓето измислуваат или халуцинираат дека куќата е опседната.
- Разно: Ова е случај кога куќата може да изгледа дека е опседната поради негативните вибрации предизвикани од структурата на куќата, околните земјени парцели, мислите на станарите, итн.
- Оваа колона ни дава просечна веројатност дека опседнатоста може да биде вистинска, измислена или се работи само за негативни вибрации.
- Мала е веројатноста дека еден истерувач на духови / волшебник / тантрик / мантрик / духовен исцелител / свештеник / визионер, со просечни способности дека ќе биде во можност да го отстрани духот.
- Ова значи дека 30% од луѓето кои замислуваа дека просторот е опседнат ќе се уверат на психолошко ниво дека духот е отстранет, откако просечниот егзорцист или духовен прогонувач ги очистува просториите. Исто така, 10% од луѓето ќе осетат некое подобрување ако причината за опседнатоста е поради секундарни негативни вибрации, а не дух.
Само духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса е соодветен начин да се отстрани дух од просториите.