Човекот има две тела – физичко тело (штуладеха) и суптилно тело (лингадеха). Покрај тоа, има и витална енергија (праншакти) која што ги поврзува овие две тела. Ве молиме да обрнете внимание на следниот дијаграм.
Забелешка: За подобро разбирање на овој напис, препорачуваме да го прочитате написот – ’Каде заминуваме после смртта?’
Кога лицето умре, виталната енергија се ослободува во Универзумот. Физичкото тело останува на Земјата, додека суптилното тело патува во суптилните региони, што зависи од неговите заслуги и гревови и од духовното ниво. Суптилното тело станува тешко од неговите гревови и големото его и затоа останува во ниските суптилни региони на постоењето како што е Чистилиштето. Ако гревовите се интензивни, тогаш суптилното тело заминува во Пеколот.
Од друга страна, суптилното тело станува полесно, од добрите дела (заслуги) и интензитетот на духовна пракса. Што повисоко е духовното ниво, суптилното тело е полесно и брзо напредува преку суптилните региони после смртта.
После смртта, оние кои што не вршеле интензивна духовна пракса, остануваат во Чистилиштето. Суптилното тело на трагачот веднаш поминува преку регионот на Чистилиштето, затоа што е лесно како резултат на духовната пракса и заминува во вишите региони на постоењето како што е Рајот (Сваргалока).
Воглавном, суптилното тело без сила која што се стекнува со духовна пракса, останува во суптилниот регион на Чистилиштето, и мора да помине преку разни непријатности. Тоа не добива замав да оди понатаму после смртта (гати), затоа што му недостига духовна енергија и чистота (кога преовладува Сатва) и од таа причина останува во тешката атмосфера на суптилниот регион на Чистилиштето.
На овие суптилни тела им е потребна духовна помош за да го продолжат патот. Тие тогаш можат да се осврнат единствено на своите потомци, за да тие нешто сторат за нив. Со оглед дека потомците се наследници на своите предци, сега се и духовно обврзани да им ја дадат потребната помош на суптилните тела на своите предци. Но потомците во многу случаи не знаат за обичаите и обредите, кои што е потребно на исправен начин и според Духовната наука да се направат за своите предци, за да им помогнат во животот после смртта. Затоа преминатите предци не се ослободуваат од регионот на Чистилиштето и ги попречуваат на разни начини своите потомци (како што е спомнато во претходниот напис), со цел да им привлечат внимание на себе за да ја добијат потребната помош. Кога потомокот во регионот на Земјата ги почувствува овие попречувања и види дека нема шанси дека попречувањата ќе поминат, почнуваат да бараат алтернативни решенија за попречувањата да престанат.