Различни начини на кои луѓето се обидуваат да ги надминат своите проблеми во животот

Ако застанеме и погледнеме назад во нашиот живот, ќе сфатиме дека речиси сите денови сме ги потрошиле вршејќи работи или постигнувајќи нешто, што ќе ни даде среќа, задоволство или некое уживање. Од друга страна, исто така би можеле да бидат потрошени во обидување да се надмине одреден проблем или тешкотија.

Колку и да би сакале да го работиме само она што ќе ни донесе задоволство, впрочем на нас често ни се чини дека проблемите со кои се соочуваме, во голема мера ги надминуваат убавите моменти од нашите животи.

Овие проблеми се јавуват кај секој од нас во различни форми.

  • За некој од нас се финансиски.
  • За други тоа е губење на некој близок.
  • За некои тоа е брачна дисхармонија.
  • За некои тоа е неможност да имаат дете.

Во текот на денот, ние сме бомбардирани со прашања и проблеми. Понекогаш можеме да бидеме под влијание во повеќе од една димензија на нашиот живот. На пример, би можеле да се соочиме со финансиски губиток и брачна дисхармонија и двете во исто време. Кога многу проблеми во животот ќе се спуштат врз нас во исто време, тоа е моментот кога навистина ни станува многу тешко. Понекогаш проблемите може да не доведат до крајно очајување, а некои од нас би можеле да помислат дури и на самоубиство.

Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) преку овој напис, ги објаснува вистинските причини за проблемите и начини и средствата за надминување.

Како ние обично се справуваме со проблемите и тешкотиите во нашиот живот?

Постојат обично три начини на кои ние се обидуваме да ги решиме проблемите во нашиот живот.

Тие се:

  • Површен начин
  • Преку стручни совети врз основа на модерната наука
  • Преку религија

Површен начин

Овде ние всушност и не се обидуваме да го решиме проблемот, но наместо тоа, го одвлекуваме вниманието на нашиот ум, со фокусирање на нешто друго да се ублажи болката.

Еден пример за ова е кога жената по една караница со нејзиниот сопруг оди на шопинг, додека нејзиниот сопруг оди во локалната кафеана да ја утопи тагата. Кога повторно ќе се сретнат, сфаќаат дека проблемот се уште постои, бидеќи го одложиле неговото решавање ставајќи го “под тепих”.

Различни начини на кои луѓето се обидуваат да ги надминат своите проблеми во животот

Доста голем број од нас го користат овој начин, особено кога причината за проблемот е премногу болен да би се обратиле  кон него.

Преку модерната наука

Повеќето од нас се обидуваме да ги надминеме нашите проблеми со идентификување на причината и нејзино отстранување со помош на модерната наука. Ова ги вклучува и стручните совети кои доаѓаат од многу стручњаци  како што се правни експерти, финансиски консултанти, психолози и сл.

Различни начини на кои луѓето се обидуваат да ги надминат своите проблеми во животот

На пример, ако едно лице јадело затруена храна и има болки во стомакот, тоа ќе земе антибиотик за да го реши проблемот со желудникот. На овој начин, всушност го применува принципот на три чекори во надминување на проблемот.

  • Чекор 1 – Утврдување на проблемот: Болки во стомакот
  • Чекор 2 – Идентификување на причината: Јадење на затруена храна
  • Чекор 3 – Применување мерки за отстранување: Земање антибиотик да се надмине проблемот.

Овој процес од три чекори е општо применлив во сите случаеви кога ја користиме модерната наука да се надминат проблемите во животот.

Религија

Некои луѓе се свртуваат кон религијата:

  • Како начин да се олесни нивната болка
  • Како последно средство кога се друго не успева. Во многу случаи луѓето доживеале необјасниво исцелување по одењето на аџилак, прибегнување кон молитви, заветот на Бога и посета на Светци.

Современето истражување исто така покажа дека, кај луѓето кои се повеќе религиозни, постои поголема веројатност да бидат изолирани од проблемите кои ги имаат во животот и на тој начин постои помала веројатност да бидат доведени до екстремни ситуации во кои ќе бидат целосно изгубени. Имаше една студија спроведена од страна на Националниот центар за зависности и злоупотреба на супстанци (CASA) на универзитетот Колумбија во САД. Истражувањето покажа дека кај возрасните кои никогаш не присуствувале на верски служби, постои осум пати поголема веројатност да користат дрога марихуана од оние кои присуствуваат на верски служби секоја недела. (Реф: casacolumbia.org, 2001)

Што тогаш е точната врска меѓу религијата, Духовноста и тешкотиите кои треба да ги решиме или надминеме? Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), темелно го истражи овој однос и преку оваа секција ќе обезбедуваме информации, на редовна основа.