Контакт:
Ана Продановиќ
Email: [email protected]
Моб: +381 63 804 6541
> За повеќе детали преземете ја SSRF-овата брошура за медиуми
Соопштение за јавноста:
- Нов сајт за духовноста за љубопитните
- Дали решениата против глобалното затоплување ќе успеат без внатрешни промени кај луѓето?
- Дали Агнихотрата може да го спречи ефектот на нуклеарното зрачење?
- Духовното истражување ги открива вистинските причини за зависностите и третманот за отстранување на зависностите
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Нов сајт од духовноста за љубопитните
’’Фондацијата за истражување засновано на духовната наука’’ објави преку 100 написи на новиот сајт www.ssrf.org/mk, со што оваа интернет страница се вброи меѓу ретките сајтови со духовна содржина на домашното говорно подрачје.
Скопје, 9. декември 2013. – Оваа единствена ризница од знаење, чија содржина на другите јазици доживеа голем успех и досега привлече преку 10 молиони љубопини посетители ширум светот, и во Македонија стекнува верни читатели.
Истражувањата што започнаа уште во 1985. година во Индија покажуваат дека духовните фактори, кои најчесто им избегнуваат на конвенционалната наука, ги предизвикуваат до 80% од настаните и проблемите во светот. Тоа значи дека со запоставувањето на духовните причини потенцијално се запоставуваат до 80% од решениата кои можат да доведат до поквалитетен, а со тоа и посреќен човечки живот.
Практичната вредност на сајтот се рефлектира во деталните анализи на духовните причини на многуте појави како што се природните катастрофи, влијание на Месечината врз луѓето, влијанието од видот на исхраната врз организмот, итн. како и советите за тоа како човекот може да се заштити од неповолните духовни влијаниа.
За оние читатели кои се стремат кон секојдневна примена на духовните принципи, сајтот www.ssrf.org/mk предлага едноставни чекори кои ќе го обогатат нивниот живот.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Дали решениата против глобалното затоплување ќе успеат без внатрешни промени кај луѓето?
Борбата за намалување на глобалното загревање потполно ќе успее само со напорите да дојде до внатрешна промена во луѓето, советува Фондацијата за истражување засновано на духовната наука, Spiritual Science Research Foundation (SSRF).
МЕЛБУРН / ЊУ ЏЕРСИ (18. НОЕМВРИ 2011.) – Иако главната причина за климатските промени и природните катастрофи лежи во цикличките временски промени, духовното истражување кое го спроведе SSRF открива дека човештвото има значајно влијание на климатските обрасци. Влијанието на човекот врз природата ја причинува речиси 70% од силата на сегашните природни катастрофи.
Општо е познато влијанието на човекот врз природата на физичко ниво, како на пример преку сечењето на шумите, истекување на нафтата, или емисијата од гасови, па на тие форми на човековото влијание обично се укажува преку решениата против глобалното затоплување и за заштита на околината. Меѓутоа, човештвото има многу поголемо влијание на природата на психолошко и духовно ниво.
’’Денес однесувањето и мислите на просечниот човек го карактеризираат психолошките карактеристики како што се себичност, алчност, бес, агресивност и посесивност, така да луѓето се по ред ги искористуваат ресурсите на земјата’’ објаснува Ана Продановиќ од SSRF. Таа додава: ’’Кога ќе ги развиеме квалитетите како што се сеопфатност, штедливост, едноставност, несебичност, тогаш расте и нашата способност да ја чуваме планетата’’.
Истражувањето во SSRF понатаму покажува дека лошото однесување кое денеска е присутно кај луѓето е резултат на нивната намалена духовна свест. Како решение за тоа, и да дојде до трајни промени во човечкиот ум, SSRF советува редовна духовна пракса во согласност со универзалните духовни закони.
Фондацијата за истражување засновано на духовната наука SSRF, основана во Австралија и со центрите и трагачите ширум светот, ги објавува духовните истражувања спроведени преку високо развиено шесто сетило (ESP). Затоа SSRF е во можност да ги проучи влијаниата од духовната димензија кои конвенционалните методи за истражување ги занемаруваат.
Посетете ја www.ssrf.org за повеќе информации за причините за глобалното затоплување и нивните решениа.
Контакт за медиумите: Ана Продановиќ ([email protected])
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Дали Агнихотрата може да го спречи ефектот од нуклеарното зрачење?
Истражувањата што ги спроведе со помош на шестото сетило непрофитната фондација Spiritual Science Research Foundation (SSRF) потврдува дека ведскиот жртвен оган Агнихотра навистина го намалува ефектот на нуклеарната радијација. Агнихотрата дава повеќе заштита кога ја врши лице кое е на повисок степен на духовна свест.
МЕЛБУРН / ЊУ ЏЕРСИ (23. Март 2011. година) – Повеќето луѓе не се свесни дека можат духовно да се подготват за можноста од нуклеарен напад. Единственото истражување што неодамна го објави SSRF ја покажува ефикасноста на ведскиот ритуал Агнихотра во случај на појава на радиоактивно зрачење. Агнихотра е мал жртвен оган кој се пали за време на изгревањето и заоѓањето на сонцето со изговарање на одредена мантра.
’’Секоја нуклеарна детонација создава неправилни црни бранови од енергија на звукот, незабележливи за човечкиот вид и слух, кои патуваат преку околината,’’ вели Ана Продановиќ од SSRF. ’’Едноставниот ритуал со Агнихотра на овие црни бранови се спротивставува со позитивни црвеникави бранови што ги создава Агнихотрата. Тоа го неутрализира разорувањето создадено од термичкото зрачење.’’
Додека Агнихотарата има способност да не заштити од термичкото зрачење и радиоактивната прашина, таа не може да го заштити човекот во непосредна близина на експлозијата од сите форми на зрачење. Степенот на заштита која Агнихотрата ни ја дава во голема мерка зависи од духовните честички и свеста на лицето кое ја врши. Лицето на повисок степен на духовна свест може да добие повеќе заштита. Духовната свест се зголемува со редовна духовна пракса и водење несебичен начин на живот.
Покрај тоа, дали ќе се најдеме во близина на немилиот настан како што е експлозијата од нуклеарната бомба во голема мерка зависи и од нашата судбина. Истражувањето во SSRF покажува дека од извесна форма на судбината можеме да се заштититме со редовна духовна пракса, дури и ако не правиме Агнихотра.
SSRF, со седиште во Австралија и центрите и духовните трагачи по целиот свет, ги објавува духовните истражувања кои се спроведуваат по пат на развиено шесто сетило. Со тоа е во состојба да ги проучи појавите во духовната димензија кои вообичаените истражувачки методи често ги занемаруваат.
За повеќе информации за делотворноста на Агниотра во заштитата од радиоактивоста, посетете го написот за заштита од нуклеарно зрачење со Агниотра.
Контакт за медиумите: Ана Продановиќ ([email protected])
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Духовното истражување ги открива вистинските причини за зависностите и третманот за отстранување на зависностите
Мелбурн, 8. ноември – Медианет Интернационал
Spiritual Science Research Foundation (SSRF) тврди дека 96% од вистинските причини за сите зависности потекнуваат од духовната димензија и дека се предизвикани со опседнатоста од некои ентитети.
SSRF со седиште во Мелбурн, Австралија, неодамна објави многу значајно истражување за причините за зависностите. Организацијата спроведува духовни истражувања кои ја опфаќаат духовната димензија, со физичките и психолошките фактори, да ги одреди причините за проблемите во животот. Под духовна димензија, SSRF ги подразбира регионите како рајот, пеколот, чистилиштето, итн. кои не можат да се анализираат со вообичаената научна методологија. SSRF тврди дека духовното истражување може да се спроведе единствено со помош на развиено шесто сетило те. над сетиллна перцепција и дека духовното истражување е поцелосно од што е случај кај вообичаената научна методологија.
Најзначајни наоди од спроведеното духовно истражување за зависностите се:
- 96% од сите форми на зависностите се предизвикани првенствено од опседнатоста од дух или нашите преминати предци.
- Наспроти тоа, само 4% од причините за зависност се однесува на физичките и психолошките фактори. Физички фактор на пример е во случај кога лицето посебно го привлекува некоја супстанција, а психолошки фактори се анксиозност, депресија и слично.
- Супстанциите за кои се чини дека создаваат зависност како што се никотинот и хероинот влијаат на создавање на зависноста само во мерка од 0,75% односно 3%.
- Како што главна причина е опседнатоста од некој ентитет во духовната димензија, така третманот за зависноста е најефикасен кога се користат мерки за духовно исцелување. Тоа е воедно и причината што до сега е забележана толку ниска стапка на успешност кај третманите за зависностите.
- SSRF препорачува бесплатна програма за третирање на зависностите во три чекори кои, доколку се спроведува педантно, ќе обезбеди зголемена стапка на успешност во прекинување на зависноста.
’’Главната предност на програмата на духовниот третман за зависностите во три чекори е дека симптомите на апстиненција на кризата се минимални во однос на тоа што зависниците преживуваат кога поминуваат преку конвенционалните третмани’’, вели Шон Кларк, уредник на веб-сајтот на SSRF. Тој додава: ’’До сега имавме 100% успеси во повеќе десетици случаи од разни форми на зависност од алкохол и цигари до дрога.’’
SSRF тврди дека иако третманот сигурно помага кај сите форми на зависност, важен фактор кој претставува предуслов за успех на третманот е желбата на лицето да се одвикне од зависноста.
За подетални информации посетете го написот за духовни причини за зависностите.
Контакт за медиумите: Ана Продановиќ ([email protected])
За повеќе детали преземете ја SSRF-овата брошура за медиуми
Извор: Spiritual Science Research Foundation INC.