Како ќе знам дали воопшто ми е потребно духовно исцелување?

SSRF советува продолжување на конвенционалните медицински третмани, заедно со духовно исцелувачките средства за третман на физички и психички болести.

На читателите им се советува да преземат било кои средства за духовно исцелување по сопствен избор и по своја проценка.

Духовните истражувања спроведени од страна на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), во текот на овие 25 години, покажа дека 80% од проблемите во животот ја имаат својата причина во духовната димензија. Така овие проблеми можат целосно да се надминат само со надополнување на световни напори со средствата за духовно исцелување. Ова го објаснува огромното значење на духовното исцелување во решавање на проблемите во животот.

Дозволете ни ова подобро да го објасниме со една аналогија. Да се задржи добро здравје треба да јадеме балансирана исхрана. Сепак, кога сме болни, ни треба дополнителна исхрана, покрај нормалната исхрана која ќе ни помогне да се вратиме на вистинскиот пат. На пример, кога имаме настинка земаме витамин Ц. Тоа е количина која се додава на редовната исхрана, во која да речеме користиме редовно лимон.

Значи, исто така, за да имаме живот без проблеми, треба да се грижиме за физичкиот, психичкиот и духовниот аспект. Повеќето луѓе се грижат само за физичкиот и психичкиот аспект. Во однос на духовниот аспект, постои недостаток на соодветно разбирање и насоки. Оттука повеќето луѓе не ја разбираат важноста за потрагата по духовниот аспект од нивниот живот, кој е практикување на редовна духовна пракса.

MKD_Healing-required

Еден од важните проблеми во животот кој има свој корен во духовната димензија е судбината, која во просек ги одлучува околу 65% од настаните во нашиот живот. Ова значи дека 65% од проблемите во нашите животи се предодредени. Судбината или предодреден проблем може да се надмине само преку духовна пракса. Така за разлика од практикување редовна духовна пракса за да се постигне духовен раст, луѓето треба да практикукаат редовна духовна пракса како превентива, како и употреба на духовно исцелувачки средства за да се ублажат проблемите поради судбината.

Така духовната пракса е суштинска за нашиот живот и е клучна состојка во духовната храна за избалансиран живот како што е споменато во аналогијата. Дури и ако луѓето сакаат да практикуваат духовна пракса, повеќето не знаат за која духовна пракса да се одлучат, или имаат малку разбирање за шесте основни принципи на духовна пракса.

Кога луѓето имаат ниски духовни резерви, тие секогаш се нападнати од негативните елементи од духовната димензија. Ова кулминира во лице кое се соочува со поголем број на проблеми во животот. Ова е време кога човек треба да ја надополнува својата духовна пракса со други духовно исцелувачки мерки. Како што е примерот со дополнителната храна во претходната аналогија.

Тешко е да се одлучи со помош на интелектот, дали едно лице треба да ја надополни својата духовна пракса со други духовно исцелувачки мерки. Само Светците и луѓето со висока способност за над-сетилна перцепција (ESP) или шесто сетило, те. способност за духовно восприемање, навистина можат да кажат кои духовно исцелувачки мерки се потребни, бидејќи само тие можат да дијагностицираат дали основата на проблемот е од духовна природа.

Сепак, може да се донесе одлука врз основа на интелектот, ако се запази следното.

  • Проблеми кои не исчезнуваат и покрај најдобрите световни напори.
  • Хронични или повторливи проблеми без некоја очигледна причина.
  • Проблеми кои влијаат на повеќе луѓе во едно семејство истовремено.
  • Проблеми кои се влошуваат околу млада и полна месечина
  • Проблеми кои се ублажуваат барем делумно, кога лицето кое е под влијание е изложено на духовно позитивна атмосфера, како што е да се биде во друштво на Светци.

Заклучок, препорачливо е:

  • Секојдневно практикување духовна пракса, како најдобра мерка.
  • Понатаму да се надополнува со духовно исцелувачки мерки, како што е во случајот за необјаснети проблеми во животот, или типот на проблемите кои не заминуваат и покрај најдобрите световни напори.