Questionmark

Најчесто поставувани прашања за духовно исцелувачките методи

> За оние кои сакаат исцеление од други

П: Како да изберете исцелител?

Најдобро е да се исцелуваме преку редовна духовна пракса и преку духовно исцелувачки мерки кои сами ги применуваме. Меѓутоа, ако некој сепак побара помош од исцелител, треба да го има на ум следново при изборот на духовен исцелител.

  • Исцелителот треба да биде над 50% духовно ниво.
  • Најдобро е да се избере исцелител кој не исцелува заради слава или пари, туку има вистинска желба да им помогне на луѓето да ги надминат своите проблеми.

  • Исцелителот треба да врши духовна пракса под раководство на Светец или Гуру. (Ве молиме имајте во предвид, постојат строги упатства за тоа кој може да се смета за Светец или Гуру.)

  • Доколку некој избере исцелувач кој не ги исполнува ове критериуми, веројатноста негативните енергии да исцелуваат преку него, или неа е голема.

Заедно со горенаведените критериуми, ќе биде уште подобро доколку се избере исцелител кој ги поседува следниве атрибути:

Меѓутоа, за да знаеме дали духовниот исцелител ги исполнува овие критериуми, можно е само преку активирано шесто сетило. Така, ова е надвор од капацитетот на просечниот човек. Вршење на духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовноста, обезбедува развој или активирање на шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција.

П: Дали е во ред ако платиме?

Во ред е да се плати за духовно исцелување. Меѓутоа, висината на износот наплатен од исцелителите, треба да биде скромен и во согласност со основните животни потреби на исцелителот, или за продолжување во применувањето на духовно исцелувачки мерки за неговиот духовен раст.

Исцелителот не треба да биде заинтересиран за пари или слава.

П: Дали можам на некој начин да си наштетам, доколку исцелувањето е спроведено погрешно

На кратко одговорот е, да. Следниве се некои од начините како може да си наштетиме.

Исцелителите кои се во потрага по слава и богатство и на пониски духовни нивоа најверојатно ќе бидат нападнати од духовите. Духовите од повисоките нивоа ги користат дефектите и врзаноста на духовните исцелители за да влијаат врз нив и да ги опседнат. Опседнувањето е внатрешно и невидливо, така да исцелителот нема никакво сомнение дека тој е контролиран од страна на духовите. Оттука, духот останува незабележан. Откако тие ќе го опседнат исцелителот, тие првично ги ублажуваат симптомите на лицето третирано од страна на исцелителот преку нивната духовна сила, за да ја добијат нивната доверба и истовремено да внесат црна енергија во тоа лице.

Доколку исцелителот нема развиено шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција тој не би можел да ја спознае разликата помеѓу позитивните и негативните енергии во суптилниот свет. Оттука, исцелителот може да мисли дека тој канализира енергија од духовниот водич, тој всушност исцелува со црна енергија од духовите, претставувајќи се како духовни водичи. Па дури иако првичните симптоми можат да бидат отстранети за да се добие вербата на пациентот, долгорочните ефекти се прилично штетни.

П: Што да направиме за духовно исцелување на нашите најблиски ако тие самите не сакаат да користат духовни мерки?

Многу е тешко да се убедат некои, ако тие се непопустливи во својата намера да не користат духовно исцелувачки мерки. Сепак, постојат неколку можности кои треба да ги имаме на ум, кога некој од нашите најблиски не сака да примени духовни мерки.

  • Прочитајте го написот за Принципите на духовното исцелување, така да можете да им ја објасните науката зад духовно исцелувачките мерки. Објаснете им на интелектуално ниво зошто треба да ги користат духовно исцелувачките мерки.
  • Треба да се молиме да се оттргне црната покривка (обвивка од црна енергија) околу интелектот на нашето сакано лице, за да го послуша нашиот совет. Духовите честопати го покриваат интелектот на лицето кое го опседнале со црна енергија, и со тоа ја заматуваат неговата способност за одлучување.
  • Како правило, ви препорачуваме тоа да им го спомнете највеќе трипати, во три различни прилики. По ова, се зависи од самите нив.
  • Запомтете дека крајниот исход е во согласност со судбината на тоа лице, и тоа му дава чувство дали да послуша. Ако судбината на некое лице е тешка, тогаш во повеќето случаи тоа нема да ја добие мислата да послуша, што го води низ години на болка. Секој од нас има свое духовно патување, и ако можеме да им помогнеме на другите во нивниот духовен раст, тоа и ќе го направиме. Меѓутоа ако тие не слушаат и покрај повторените молби, најдобро е да заземеме задржан филозофски став за состојбата (и било колку да е тешко за нас), затоа што непослушноста најчесто е предизвикана од судбината на нашите најблиски, и потребата да ја доживеат болката.

> За употребата на духовно исцелувачките мерки на себе

П: Како го интерпретираме ефектот од духовно исцелувачките мерки?

Освен ако некој има развиено шесто сетило, многу е тешко да се протолкува посебниот ефект од духовно исцелувачките мерки. Тоа е затоа што без развиено шесто сетило, тешко е да се согледа вистинската причина зад она што ние го доживуваме во текот на духовно исцелување. На пример, две лица кои се исцелени со помош на Светиот пепел (Вибути) може да добијат целосно различни искуства.

  • Лицето кое е под влијание на дух, може да доживее вознемиреност. Ова е затоа што духот во лицето ја доживува вознемиреноста како што Божествената свесност (Чаитанија) произлегува од Светиот пепел, почнува да се бори со негативноста на духот.
  • Лицето кое не е под влијание на негативните енергии, може да добие чувство на леснотија поради позитивните вибрации кои се емитуваа од Божествената свест на Светиот пепел.

Друг аспект е дека духовите од повисоките нивоа, можат да го издржат влијанието на Божествената свесност на подолг временски период, и може да изгледа дека преземената мерка не делува. Тие исто така може да покажат илузорни ефекти за да му се даде на лицето лажно чувство за тоа дали духовната мерка влијае или не.

П: Како да знаеме дали духовните мерки делуваат?

Можеме да претпоставиме дека духовно исцелувачката мерка делува, кога ќе видиме силна ко-релација помеѓу почетокот на духовно исцелувачкиот третман и намалување на симптомите. На пример, ние сме имале лице кое боледувало од грчеви. Од моментот кога лицето почнало да пее, грчевите веднаш се намалиле. Од моментот кога тоа лице престанало да пее, грчевите се јавуваат повторно. Ова беше проблем со кој лицето се соочуваше повеќе години и ниеден медицински третман не помогна. Сега проблемите ги снемува моментално, и ниедна друга причина не може да се препише за намалувањето на грчевите

Во некои случаи, ефектот од духовното исцелување може да биде посуптилен и субјективен, каде што некој може да  согледа квалитетно подобрување во неговиот живот и намалување на негативното мислење.

Повеќето луѓе се заинтересирани само за отстранување на симптомите. Тие не се свесни за духот, или за суптилните тела на преминатите предци кои им прават проблеми, кои всушност се вистинската причина за нивните симптоми. Да се искорени духот е далеку потешко отколку намалувањето на симптомите, како што се егзема или грчеви кои се духовно предизвикани. Духовна пракса е единствениот одржлив начин за да се надмине проблемот од самиот корен, бидејќи вистинскиот суштински проблем е всушност влијанието на духот.

П: Колку долго во текот на денот е потребно да применуваме духовно исцелувачки мерки?

Одговор: Периодот на примена зависи од видот на духовно исцелувачката мерка. Најдобриот тип на духовно исцелувачка мерка е духовна пракса. Други мерки може да се користат за да се надополни вашата духовна пракса, за да се забрза олеснувањето.

Препорачливо е духовно исцелувачките мерки да се применуваат секојдневно, во зависност од тежината на симптомите.

  • Во благи маки, некој може да применува духовно исцелувачки мерки (односно духовна пракса или други видови) од 1 – 2 часа дневно во една сесија или во поголем број на сесии.
  • Доколку симптомите се умерени, некој ќе треба да применува 3-4 часа дневно или повеќе.
  • Доколку симптомите се сериозни, ве молиме применувајте ги духовно исцелувачките мерки колку што е можно подолго секој ден.

Ве молиме прочитајте го написот “Како ќе знам дали воопшто ми е потребно духовно исцелување”  каде се наведени примери за благи, средни и тешки проблеми.

П: Колку долго треба да применувам духовно исцелувачки мерки?

Откако симптомите ќе исчезнат, мора да се продолжи со примена на духовно исцелувачките мерки од 2-4 месеци. Исто како и во случај на инфективен бронхитис, исчезнувањето на кашлица не значи дека болеста е искоренета од белите дробови. Бактериите кои го предизвикуваат бронихитисот и кои доведуваат до кашлица се уште може да бидат присутни. Оттука, антибиотикот пропишан за искоренување на болеста треба да се продолжи до утврдениот број на денови. Слично на тоа, дури и откако симптомите исчезнале, влијанието на духот останува, оттука мерките треба да се продолжат за целосно исцелување.
Еден од факторите кои влијаат на временскиот период дали едно лице треба да продолжи со примена на духовно исцелувачките мерки и по излекувањето, е периодот кој беше потребен за излекување. Колку е подолг периодот потребен за излекување, толку подолго еден ќе треба да продолжи со примена на духовно исцелувачките мерки по излекувањето.

П: Колку време е потребно за духовно исцелување?

Времето потребно да се излечи проблем поради духовни причини може да потрае од неколку секунди, до неколку месеци или години. На пример, едно лице може да добие олеснување од чешањето осип на кожата веднаш со примена на Светата вода (Тирта) и гомутра (Кравја урина), предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Меѓутоа, ако зависноста за пушењето на цигарите делумно се должи поради склоноста на самото лице (т.е. на психолошко ниво) и делумно поради опседнатоста (т.е. на духовно ниво) духовната пракса би можела да потрае и година дена откако ќе се надмине оваа навика.

Времето потребно за духовно исцелување зависи од повеќе фактори:

  • Тежината на судбината на пациентот
  • Интензитетот на духовна пракса
  • Духовната сила на исцелителот
  • Силата на духот кој го напаѓа или опседнува лицето
  • Износот на персоналните дефекти во лицето го зголемува времето потребно за исцелување. Ова се случува бидејќи духовите ги користат овие дефекти на лутина, страв, и емоционалност да изградат црни енергетски центри во умот на лицето за лесен влез.

П: Дали верата е важна?​

Да, верата ги надополнува придобивките од духовно исцелувачките мерки. Прочитајте го написот под назив “Дали пеењето без вера е корисно?

Било какви прашања можете да поставите на нашава страница. Одговор ќе добиете во рок од два дена.