Содржина
1. Вовед
Уште од античко време, истражувањето на болестите и соодветните лекови ги преокупирало луѓето. Денес, модерната медицина т.е. Алопатијата, е истакната, широко прифатена и посакувана метода за лекување на болестите. Модерната медицина има напредок во одредени физички и психички причини за разни болести. Меѓутоа, вистина е и дека на модерната медицинска наука се уште не и се разбирливи причините за многу болести.
2. Ограничувања на модерната медицинска наука
Многу е важно е да ги сфатиме причините за болестите, за да дојде до целосно оздравување. Подеднакво е важно да разбереме, зошто еден од двајца луѓе се разболи, во ситуација кога и двајцата имале еднакви шанси да се разболат. Модерната медицинска наука многу зборува за првиот, но нема многу што да каже за вториот феномен. Многу пати, користењето на Алопатијата подразбира лекување на симптомите или знаците на болеста. Затоа кај многу болести, дури и после исчезнување на симптомите, се советува понатамошно лекување во животот, за да не се појават симптомите повторно, што значи дека болеста не е излечена во основа. Како што во тие случаи нема трајно излекување, лицето мора да трпи физички и психички проблеми кои што ја следат таа болест, како и несаканите ефекти од третманот со Алопатијата.
3. Важноста на духовно исцелувачките мерки за подобро здравје
Ајурведата, традиционалниот индиски здравствен систем, признава дека причините за болестите можат да бидат на три нивоа, т.е. физички, психолошки и духовни. Во SSRF, преку духовни истражувања, заклучивме дека преовладувачки проблем и основа на болестите се од духовна природа. Всушност до 80% од причините зошто едно лице заболува од одредена болест се од духовна природа. Овие духовни причини ја вклучуваат и судбината или кармата на едно лице, влијанието од преминати предци или негативни енергии (духови, демони, ѓаволи и др.). Овие духовни причини се специфични за едно лице. А токму тоа е причината зошто едно лице заболува од две, иако и двете лица имале еднакви шанси да заболат.
Духовна пракса и духовно исцелувачки мерки се важни алатки за надминување на болестите, каде основата на причината, во повеќето случаи, е од духовна природа. Како што е тешко да се разбере и прифати духовната причина одговорна за болеста на лицето, пациентот треба да продолжи со вообичаените пропишани медицински третмани и заедно со тоа да примени духовни мерки. Кога едно лице врши духовна пракса, тогаш духовното ниво на тоа лице се зголемува и се појавуваат значајни промени во неговата духовна конституција. Исто така има ефект врз телото и умот. Придобивките од ова е зголемување на заштита од болеста и други вознемирувања кои произлегуваат од неа. На пример, иако едно лице може да заболи, физичките и психолошките вознемирувања претрпени поради болеста, се помали за разлика од лице кое не практикува духовна пракса. Духовната пракса и духовно исцелувачките мерки не само што ни помагаат во надминувањето на болестите, но, исто така помагаат духовно да го прочистиме нашиот ум и не прави несебични.
4. Важноста на духовно исцелувачките мерки за времето кое доаѓа
Светот во моментот е во фаза на криза. Многу Светци ја предвидуваат можноста за Трета Светска Војна и невидените природни катастрофи во следните неколку години. Како резултат на оваа војна ќе има недостиг на многу основни намирници. Фабриките ќе се затворат и медицински лекови ќе бидат недостапни. За тоа време, за да се излечиме од болестите ќе треба да се потпреме на духовно исцелувачките мерки и достапните алтернативни терапии Од оваа гледна точка, учење и практикување на духовно исцелувачки мерки, само по себе е важно.
Погледнете го написот – Духовно исцелувачки пеења за различни болести и заболувања.