1. Вовед во споредувањето на студиите на алтернативните терапии во однос на ниво на нивното делување
Во овој напис ќе ги споредиме разните алтернативни терапии на ниво на ограничување. Во претходните написи од оваа серија ги споредувавме во однос на разни параметри за нивните можности. Разбирањето за нивните ограничувања ќе ни даде подобро согледување во тоа кога и која алтернативна терапија да ја одбереме. Нашето истражување не го ограничуваме само на способноста на алтернативните терапии дали лечат или не. Ќе ги истражиме специфичните точки на ограничувањето поради придобивките за нашите читатели.
2. Алопатија
Ограничувањето на алопатскиот третман е во тоа што се намалува отпорноста на нашето тело, па после терапијата се јавува исцрпеност. Причината зошто тоа се случува е објаснета во наредниот напис од оваа серија кој ги опишува ризиците поврзани со секоја од алтернативните терапии.
3. Јунани медицина
Видовме дека ефектот од оваа терапија делува на менталната состојба на пациентот. Со оглед дека повеќето луѓе се под влијание на своите емоции, процентот на излекување со Јунани терапија е мал.
4. Акупресура
Ефикасноста од терапијата со акупресура, покрај другите фактори, во голема мерка зависи од вештината на терапевтот, точно да ја одреди акупресурната точка. Акупресурните точки не се физички (анатомски) знаци. За нивното пронаоѓање потребна е вештина, искуство и до одредена мерка интуитивни способности на терапевтот. Поради тоа постојат ограничувања во исцелувањето на болестите, затоа што е тешко да се пронајдат специфичните акупресурни точки.
5. Мудри
Во претходниот напис од оваа серија во кој што ги споредивме ефектите од терапиите, видовме дека Мудра терапијата ја зголемува силата во клетките во телото така што тие ја исфрлат суптилната црна енергија од заболениот дел од телото. Таа суптилна, црна енергија исфрлена од зафатениот дел од телото е наполнета со фреквенции од тоа лице. Духовите од околината на атмосферата можат да ја искористат оваа црна енергија како медиум за да влијаат врз тоа лице, или да го опседнат. Поради тоа можноста за влијание од духовите е зголемена.
6. Хомеопатија
Во претходниот напис од оваа серија, кај споредувањето на разните алтернативни терапии на ниво на нивната функција, видовме дека хомеопатијата делува така што ја собира Ќетна во клетките во телото (Ќетна е оној аспект на Божествената Свесност кој што управува со функционирањето на телото и умот). Дури и ако Ќетна е соберена во клетките, постои нестабилност во дејството на оваа алтернативна терапија, зависно од перипетиите во мислите на пациентот. Меѓутоа, затоа што оваа алтернативна терапија делува на суптилното тело, влијанието на мислите не е толку големо како на пример во случајот на Јунани медицината. Ограничувањето се сведува на можноста од намалување на Ќетна ако доаѓа до често манифестирање на емоциите.
7. Ајурведа
Видовме дека оваа алтернативна терапија делува на највисоко ниво така што ја собира Божествената Свесност (Ќетна) во клеточните простори. Меѓутоа, бидејќи Ајурведата функционира на духовно ниво, нејзиното функционирање зависи од духовната емоција (Бав) на пациентот. Оние кои што не ја разбираат целината на деталната Ајурведа и поради тоа им недостасува духовна емоција за неа, имаат помали придобивки. Една од причините зошто многу луѓе не доживуваат потполно заздравување од оваа одлична алтернативна терапија, е нивното ограничување во доживувањето на духовна емоција кон оваа терапија. Второто ограничување се однесува на тоа дека собирањето на Божествената Свесност ќе биде помала ако пациентот е под влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Истражувањето на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) покажа дека 90% од светската популација е под влијание на духовите во некој период од животот. Тоа е една од причините зошто повеќето луѓе не остваруваат брзо, или потполно излекување со Ајурведата. Покрај тоа, со оглед дека повеќето луѓе се раѓа-тама (раѓа – акција и страст; тама – инерција и незнаење), тие доаѓаат до побрзи резултати кога ја користат алопатијата, но тој ефект и пократко трае.