Истражување на случајот – Надминување на зависноста од марихуана по пат на духовна пракса


SSRF ги објавува овие анализи на случаите, со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои што се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа, забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии, заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.

Накратко: Антони (40 години) е инженер по информатика од Европа. Во овој напис опишува како неговата зависност од марихуана, која што траела седум години, престанала кога почнал да врши духовна пракса.

Антони не е неговото вистинско име. Користен е псевдоним поради приватноста.

1. Зависност од пушење марихуана

Quitting smoking pot (marijuana) - how to quit

Почнав да пушам марихуана кога имав 29 години од љубопитност.

После тоа, малку по малку, пушењето ’тревка’ (марихуана) ми стана редовна неделна навика која ми донесуваше краткотрајно олеснување на ниво на умот. Кога пушев марихуана, интензитетот на мислите беше намален. На одреден начин, тоа беше мојот бунт против самиот живот. Бев чувствителен и имав проблем со контрола на емоциите. Пушењето марихуана ми даваше илузија, дека сум помалку емотивен, и дека повеќе сум во позиција на набљудувач на животот. Тоа ја подобри мојата комуникативност и креативност. Постепено го зголемував пушењето на тревката на 4 пати неделно. Тие денови, пушев во просек од 2 до 7 џоинта дневно.

После некое време, ’позитивните аспекти’ од марихуаната исчезнаа, но продолжив да ја пушам затоа што тоа беше популарно во друштвото во кое што бев во тоа време. Воопшто земено после пушењето на тревката, ми беше потребна сета моја енергија и концентрација за да ги намалам негативните нуспојави како што се заморот, летаргијата, намалениот ентузијазам, инерцијата итн. Се обидов неколку пати да престанам со пушењето на марихуаната, но после кратки периоди и внатрешна борба, пак продолжував. Како што навиката се развиваше, чувствував како нешто да ме наведува тоа да го правам.

2. Престанок на пушењето марихуана после почетокот на духовната пракса

Оваа ситуација траеше до мојата 36. година кога дојдов во контакт со Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) 2000. година. Почнав редовно да практикувам духовна пракса со пеење. Во почетокот го пеев Името на Бога според својата религија на раѓање те. ’Исусе Господе’ затоа што бев Христијанин. Заедно со тоа ја пеев заштитната пеаница ’Шри Гурудев Дата’ околу 3-4 часа дневно за да ги решам проблемите со предците. Правев 9 кругови со бројаница (9 Х 108 = 972 пати) со заштитната пеаница ’Шри Гурудев Дата’, а преостанато време го пеев Името ’Исусе Господе’.

Квалитетот на моето пеење беше квалитетно уште на почетокот. Обично патував во друг град за да учествувам на неделните духовни состаноци. Со почетокот на разните аспекти на духовната пракса што ја препорачуваше SSRF како што е пеењето, учествувањето на духовните состаноци (Сатсанзи), служењето на Вистината (Сатсева), итн. мојот негативен и емотивен став кон животот почна да се менува во позитивен правец. Интензитетот на негативните мисли почна да се намалува, а периодите на апстиненција помеѓу пушењето на марихуана станаа по долги. Забележав дека поривот за пушење на марихуана почна да се намалува. После еден месец, се намали на 50%. После 6 месеци, се намали на 80%, а после една година потполно исчезна. Во суштина сфатив дека овој порив исчезна многу брзо. После една година од почетокот на духовната пракса, пробав пак да пушам марихуана последен пат, и веднаш добив главоболка, заедно со визија дека некоја чудна сива енергија ја притиска мојата глава и се обидува да влезе во неа.

Од кога се случи последниот инцидент, никогаш повеќе ниту не помислив да пушам марихуана, како центарот за пушење на марихуана целосно да се избриша од мојот потсвесен ум. Поминаа повеќе од пет години од како ја надминав таа лоша навика.

Сакам да нагласам дека во процесот не се присилував на било кој начин да престанам да пушам марихуана. Тоа се случи природно, без труд. Желбата да пушам марихуана со време стана се по слаба и конечно исчезна како се зголемуваше мојата духовна пракса.