1. Што беше проблемот?
По природа бев многу срамежлив, затворен, напнат и тешко можев да контактирам со луѓето.
Не можам точно да се сетам на моментот кога се започна, мислам дека започна кога бев во пубертетот. Повеќе пати имав чудно чувство додека присуствував на некои необични настани, дека всушност тоа не сум јас. Следниот пример ја опишува ситуацијата во која се однесував потполно различно во однос на моето природно однесување:
-
Понекогаш додека одев по улица чувствував дека сум многу висок, а понекогаш имав чувство дека не сум во своето тело.
-
Многу често, додека одев по улица ми доаѓаа лоши мисли, да удрам некого или да го турнам човекот што одеше пред мене (кој што не го ниту познавав), или имав некои мисли од сексуална природа.
-
Понекогаш ми паѓаа на памет многу лоши мисли за убиство.
-
Еден ден додека го чекав својот ред на аудиција за ревијата, случајно се свртев назад. Девојката што стоеше зад мене вресна и побегна од мене два метри. На својата пријателка и рече дека се уплашила кога ги видела моите очи (инаку Сиријак по природа е многу благ). Многу пати ми се случуваше кога ќе се погледнам во огледало да почувствувам огромна лутина.
Бев зависник од пушење. Пушев една до една и половина кутија цигари дневно. Покрај пушењето понекогаш одев на журки и таму пиев голема количина на алкохол. Многу пати немав желба ниту потреба да пијам, но сепак секогаш пиев.
Друго искуство кое често ми се јавуваше, беше одеднаш многу да сум исцрпен, како целата енергија да ми е испразнета. Чувствував голема тежина врз рамениците, како да носам туѓо страдање и тогаш бев многу несреќен.
Чувствував дека со мене не е нешто во ред. Прво мислев дека боледувам од некоја болест. После почнав да мислам дека сигурно сум малку луд. Не знаев како да го решам проблемот, но не сакав да посетам психијатар.
2. Пресвртница
Во февруари 1999. година ја запознав Јоја (со неа сум оженет веќе 6 години) и нејзината мајка Драгана. Една вечер во Милано излеговме во ресторан на вечера. Драгана седеше на мојата десна страна. За време на вечерата, Драгана имаше чувство дека ме опкружува некој непријатен електрицитет. Се обиде да го допре моето десно рамо и тогаш почувствува како да ја удри електрична струја. Чувствуваше како да се случува нешто чудно. Тогаш ја стави својата рака на околу 10 см од моето чело (потоа ми рече дека не знае зошто ја ставила раката). Во истиот момент ме обзеде необјаснива лутина. Станав од масата и отидов во тоалетот. Бев толку налутен што сакав да го скршам огледалото.
Два или три дена после инцидентот во ресторанот, отидов со Јоја кај неа. Драгана ми рече дека го прашала Неговата Светост Др. Атавле основачот на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), што е причината за мојата лутина и што ми се случува. Тој рекол дека суптилните тела на моите преминати предци се причината за мојата вознемиреност и дека треба да го пеам Името на Божеството Дата за да го надминам проблемот.
Во истиот момент интуитивно знаев дека тоа е одговорот кој што го барав. Имав силна потреба да почнам со пеење истата секунда и да се ослободам од необичните мисли и расположението што го доживував. Гледајќи назад, не можам да ја објаснам таа потреба да го пеам Името на Божеството Дата, затоа што целиот концепт ми беше отуѓен. Се сеќавам дека помислив како всушност нема што да изгубам ако тргнам со пеење.
Со оглед дека тогаш прв пат го чув Името, не можев да го повторам како треба и ја замолив Драгана да го напише на парче хартија. Веднаш отидов во тоалетот да бидам сам за да можам да пеам.
Кога го зедов парчето хартија во раце се чувствував малку чудно и имав проблем Името на Божеството правилно да го изговорам, па се помолив на Бога, „Те молам Боже, јас не знам да го изговарам ова Име. Те молам Ти пеј на место мене“.
Одговорот на мојата молитва стигна моментално и пеењето автоматски почна да се случува од внатре. Чувствував како делува внатре во мене и дека се одвива брзо, и како во спирала.
После неколку минути станав и почувствував вртоглавица. Не можев да стојам на нозе. Кога тргнав да излезам од тоалетот имав чувство дека со сета сила сум прикован за вратата. Повикав помош. Драгана дојде истиот момент и ми помогна да се одвојам од вратата додека ми зборуваше со тон полн со љубов.
Еден од ентитетите прозборе од мене и и рече на Драгана: „Види колку сум моќен“.
Имав чувство дека сум висок осум метри. Во тој момент, нешто ми рече дека во мене има осум духови и дека еден од нив е најмоќен.
Го реков тоа на Драгана, а таа ми помогна да легнам.
3. Одлука да ги надминам тешкотиите со помош на духовна пракса
Два дена подоцна, Јоја со мене ја помина ноќта. Таа ноќ имав чувство дека суптилното тело на предокот во мене има лоши намери кон Јоја. Изутрина јоја ја испратив до дома.
Додека се враќав назад имав силна желба да се борам со суптилното тело на предокот во мене. Донесов одлука дека нема да застанам се додека не си отиде. Во тој момент бев во метрото и почувствував дека лутината во мене расте. Некои луѓе се оддалечиа од мене. Лутината во мене беше толкава да чувствував дека можам да го откорнам држачот за кој што се држев. Од внатре сфатив дека предокот е бесен, затоа што одлучив да се борам против него.
Бев преплашен, но потоа слушнав нежен глас како ми зборува, „Не грижи се, јас сум со тебе“.
Дури и на патот од метрото до дома, некои луѓе ме избегнуваа. Кога стигнав дома, седнав на креветот и почнав да пеам. После неколку минути паднав и почнав да се превиткувам. После некое време пак седнав и почнав со пеење, се додека телото повторно не ми се струполи. Имав чувство дека моето тело се подига од креветот околу 20-30 см. Беше навистина чудно. Не го чувствував своето физичко тело, туку имав свест за суптилното тело. Ми се чинеше дека минувам преку хируршка интервенција за одвојување на суптилните тела на моите предци од мене. Немав никакви болки за време на овој процес. Едвај можев да спијам или јадам. Тоа траеше околу два дена. Тогаш одеднаш, почувствував дека главното суптилно тело на предците излезе од моето тело.
Јоја е исто трагач и врши духовна пракса по упатствата на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Таа има единствена способност за перципирње и претставување на суптилниот свет графички. Благодарјќи на тоа нацрта многу цртежи засновани на знаењето за суптилната димензија. Јаја нацрта слики за она што го видела дека ми се случува за време на тие два дена. Сликите го претставуваат она што ми се случило на суптилно ниво и што предизвикало огромни промени кај мене.
Слика 1
Слика 2
Слика 3
Слика 4
После два дена бев потполно исцрпен физички. Кога почнав да пушам, можев да испушам само половина цигара и морав да ја угасам.
Полека но сигурно, почнав да се чувствувам многу подобро. Навиката да пушам потполно исчезна затоа што немав никаква потреба за пушење. Заедно со тоа престанаа да са јавуваат и негативните мисли. Станав по отворен и по комуникативен.
Во текот на неколкуте следни месеци, некои од старите симптоми повторно се појавиа. Ми беше кажано дека ме вознемируваат еден куп суптилни тела на преминатите предци. Затоа продолжив со духовниот третман со пеење 3 мали (мала е бројаница од 108 зрна, те. 3 х 108 = 324 пати) на Името на Божеството Дата секој ден. Подоцна истата година, во декември 1999, во Гоа, Индија, прв пат се сретнав со Неговата Светост Др. Атавле. Ми рече да го зголемам пеењето на 9 мали (9 х 108 = 972), затоа што проблемот од опседнатоста од суптилните тела на предците е многу сериозен.
Во месеците што следуваа многу пати ја доживеав истата непријатност, но разликата беше во тоа што овој пат:
-
Ја знаев вистинската причина за проблемите така да не бев во паника ниту бев вознемирен,
-
Знаев дека лекот за тоа е пеењето на Името на Богот Дата и дека по духовната наука тоа е лекот за ваквиот проблем.
Симптомите секогаш се повлекуваа после пеењето на Името на Богот Дата. Заедно со оваа пеење ми беше кажано да го пеам Името на Пресвета Марија затоа што по раѓањето бев католик. Се сеќавам како ми беше објаснувана разликата помеѓу овие две пеења: Името на Богот Дата делуваше како препишана пеаница да ги отстрани специфичните духовни проблеми, а пеењето на Името на Пресвета Марија делуваше како општ духовен лек.
Ве молиме да го прочитате нашиот напис за пеењето.
Иако во почетокот мојот ум беше полн со сомнежи за духовната пракса, продолжив секојдневно со пеење. Постојано се сеќавам на првото искуство што го имав и тоа ми дава вера дека ова е вистинскиот пат и ме држи стабилно на него, иако симптомите поради кои го започнав веќе одамна исчезнаа.
4. Заклучок
- Редовен духовен проблем: Сиријак имал разни проблеми во животот, од кои многу произлегле од попречувањата кои ги создавале суптилните тела на преминатите предци. Ова е многу чест духовен проблем кој што го погаѓа целокупното човештво. Таа тема детално ја обработивме во поглавјето за: Проблеми со суптилните тела на преминатите предци.
-
Метода на духовна дијагноза: Иако порано не го видел Сиријак, Неговата Светост Др. Атавле ја поставил дијагнозата за неговиот проблем. Техниката за добивање на одговори во духовната димензија е опишана во делот за: Духовното истражување.
-
За прифаќањето: Заслугите на Сиријак се затоа што можел да ги прифати:
-
Дијагнозата, дека проблемите се предизвикани од суптилните тела на преминатите предци.
-
Отворен ум за третманот кој се состои од пеење на Името на Богот Дата.
-
Да ги прифати веднаш средствата за духовно исцелување, иако се непознати за неговата религија и култура. Тоа што веднаш го применил што му било препорачано исто така го забрзал неговиот напредок.
-
Моментален ефект од средствата за исцелување: Моменталниот ефект може да му се препиша на следното:
-
-
Исправноста на специфичниот духовен лек.
-
Намерата на Неговата Светост Др. Атавле за примената на духовното средство на Името на Богот Дата.
-
Моменталното и потполно прифаќање на духовните средства на Сиријак.
-
Моментална примена (ја започнал примената веднаш штом дознал што треба да работи.)
-
-
За непријатностите што ги имал кога започнал со примената на духовниот лек: Попречувањата што ги доживеал Сиријак кога започнал со пеењето покажуваат дека суптилните тела на предците биле изложени на Божествената енергија која зрачи од пеењето, а која многу им смета. Тоа е и потврда на исправноста на дијагнозата препишана како духовен лек.
-
Моментално престанување со пушењето: Тоа што после пеењето не можел повеќе да пуши и што подоцна потполно престанал, покажува дека навиката за пушење била последица од манифестирање на желбите на суптилните тела на предците. Телото на Сиријак било искористено од суптилното тело на преминатиот предок да ужива во пушењето.